Ознака: Христо

Одбележана 112 годишнината од херојската смрт на Христо Узунов

Post Views: 6 Одбележана 112 годишнината од херојската смрт на Христо Узунов. Денеска пред споменикот на војводата во Градскиот парк, свежо цвеќе положија делегации на Општина Охрид, институции, политичките партии и невладини организации. Пред спомен-обележјето на Христо Узунов се одржа историски час и културно-уметничка програма. Христо Узунов е човек кој се бореше за нашата слобода, една маркантна личност која и ден денес со гордост ја спомнуваме. Среќна сум што за неговото име и дело знаат и помладите генерации па и тие со гордост го спомнуваат, вели советничката Оливија Пирузева...

Continue reading

Јубилеен патрон на ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 2 Јубилеен патрон на ОУ „Христо Узунов“. Синоќа во Центарот за култура во Охрид во еден прекрасен амбиент и незаборавна атмосфера училиштето го одбележа својот патрон, кој годинава беше во знакот на 40 години од основањето на училиштето. Директорот Тони Симоноски вели дека оваа година е посебна од сите останати, а тоа ги обврзува да продолжат во тој правец. „Новото време ни наметнува голем број на други обврски, меѓутоа со голем успех ги совладуваме сите препреки. Нормално е да во еден воспитно образовен процес се внесуваат новини, впрочем науката и самото општество продолжува...

Continue reading

Велигденски панаѓур во О.У. „Христо Узунов“

Post Views: 0 Велигденско расположение во О.У. „Христо Узунов“. Денес во ОУ Христо Узунов се одржа Традиционалниот Велигденски Панагур со творби изработени од вредните раце на уцениците од уцилиштето. Беа изработени творби од јајца, кошницки и се она што е поврзано со славењето на големиот Христијански празник Велигден.   Панагурот е организиран во заедничка соработка со уцилиштето и Советот на Родители при училиштето.

Continue reading

Основците од „Христо Узунов“ се подготвуваат за патрониот празник

Post Views: 0 Четириест генерации досега поминале во ОУ „Христо Узунов“. Далечната 1977 отпочна со работа оваа образовна установа и оттогаш па се до ден денес од тука излегле многу етаблирани личности од градов, кои рботат во системот на нашата земја. Директорот Тони Симоноски вели дека тоа за нив претставува поттик и понатаму да продолжат со таквото темпо. Второто полугодие е во знакот на подготовка за патронот на ова училиште кое годинава одбележува значаен јубилеј 40 години од своето постоење. „Веќе сме отпочнати со преуредување на дворот, веќе се поставени оградите кои ги заштитуваат...

Continue reading

Чествување на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 5 Со полагање свежо цвеќе пред спомен обележјето на Христо Узунов во дворот на училиштето денес започнаа активностите за одбележување на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“. Оваа година се одбележуваат 112 години од смртта на Узунов а училиштето одбележува и 40 годишен јубилеј. Покрај делегација на училиштето, предводена од директорот на училиштето, Тони Симоновски, свежо цвеќе на бистата на Узунов положија заменик градоначалникот на Општина Охрид, Ангел Јанев, советниците при Советот на Општина Охрид, Јованка Точко и Дејан Пановски, здружението „Mетодија Патче“– Охрид,...

Continue reading

ОУ „Христо Узунов“ добива нови подови

Post Views: 1 Во тек се работни активности за комплетна реконструкција на подовите во ООУ „Христо Узунов“. Поставена е нова бетонска подлога во сите сите училници, со вкупна површина од 1358 метри квадратни, a во текот на наредниот период истата ќе биде поплочена со современ пвц материјал. Оваа инвестиција е дел од овогодишната Програма за образование на Општина Охрид и за нејзина реализација од општинскиот буџет се издвоени 892.552 денари. Во текот на изминатиот период во ООУ „Христо Узунов“ беа спроведени низа реконструктивни зафати со кои значително се подобрија условите за одвивање...

Continue reading

Хуманитарна акција во О.У. „Христо Узунов“

Post Views: 6 Во ОУ Христо Узунов во текот на минатата недела од страна на Советот на родители при училиштето и наставниот кадар се одржа голема хуманитарна акција со Наслов „Од Нас За Нас“ во прибирање на облека, обувки и ученички прибор. Од училиштето потенцираа дека значителен е бројот на ученици од ранливите категории на кои им е потребна помош, но голем е и бројот на родители кои помогнаа во спроведување на оваа акција заедно со наставниот кадар од училиштето. Собрана е поголема количина на алишта, обувки, училишен прибор кои веке се делат на ученици на кои им е псе потребни.Од...

Continue reading

Во ОУ „Христо Узунов“ се опремува кабинетот за дефектологот

Post Views: 4 Децата кои имаат пречки во својот развој и на кои им е неопходна помош од стручно лице, дефектолог, а кои учат во ОУ „Христо Узунов“ од новата учебна година ќе имаат кабинетска настава. Ова е една голема придобивка и за децата и за училиштето, вели директорот Тони Симоноски. Го опремуваме кабинетот за дефектологот кој беше вработен минатата година, а кој и тоа како беше потребен во нашето училиште. Правиме една сосема нова просторија во која дефектологот ќе има посебна настава со дечињата на кои им е потребно тоа, вели Симоновски. Летниот одмор во ОУ „Христо Узунов“...

Continue reading

посета

Учениците од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид го посетија Францускиот институт во Скопје

Post Views: 6 На поκана од Фρанцусκиот Институт во Сκопје и диρеκтоρκата Изабел Баρбо учениците од ОУ Хρисто Узунов Охρид κои го изучуваат фρанцусκиот јазиκ на 05.05.2016 г. оρганизиρано го посетија Институтот. Таму беа сρдечно пρечеκани од вρаботените κои за нив имаа наменето посебна пρогρама споρед κоја на учениците им беше објаснета улогата, обвρсκите и целите на овој Центаρ на фρанцусκиот јазиκ и κултуρа. Им беа пρезентиρани читалната, библиотеκата и медијатеκата. Исто таκа им беше овозможено и самите по елеκтρонсκи пат да ја κоρистат медијатеκата за слушање музиκа, гледање филмови,...

Continue reading

Одбележан патронатот на ОУ „Христо Узунов“ на тема „Синџир алки од стихови ковани“

Post Views: 0 Со отварање на ликовната изложба на дела од основците од „Христо Узунов“, започна Свечената Академија по повод патронот на ова училиште. Директорот Тони Симоноски, рече дека се гордее со успесите на своите ученици и нивните ментори, посебно што се потрудиле се да подготват во една беспрекорна организација со културно уметнички точки посветени на една од најмаркантните личности во Охрид и околината, Христо Узунов. Тој ја нагласи и добрата соработка со збратимените училишта од Србија кои беа дел од свечениот амбиент. „Имавме тркалезна маса и разменивме доста мислења околу...

Continue reading

Симоноски: 39 години гордо го носиме името на големиот револуционер Христо Узунов

Post Views: 6   39 години гордо го носиме името на големиот револуционер Христо Узунов, истакна директорот на истоименото училиште Тони Симоноски. И денес продолжуваат бројните активнсти по повод чествувањето на патрониот празник. Годинава отпочнуваме со една значајна традиција, односно делегациите од збратимените училишта од Крагујевац, Врање и Будва ќе ги носиме во посета на куќата на Христо Узунов, открива директорот. Симоноски, вели дека сеуште очекуваат општина Охрид да му придаде поголема важност на големиот Узунов. „Ние сме едни од иницијаторите за именување на малиот плоштад...

Continue reading

Охридските ракометари на гости во ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 0   Голманот на РК Охрид 2013, Колев денес не успеа да одбрани ниту еден удар од учениците од ОУ „Христо Узунов“. Локалните херои, охридските ракометари денес беа во посета на ова училиште. Директорот Тони Симоноски вели дека многу имиња од репрезентативци се потпишале на влезот од нивната спортска сала и нагласи дека нивна интенција во иднина ќе биде спортистите да бидат нивни почести гости дури да одржат тренинг на некој од часовите по физичка култура. „Ова за нас претставува сериозна работа од повеќе аспекти, пред се од воспитно образовен карактер, бидејќи многу значи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top