Ознака: хотел

gubre

Струга никако да се справи со сметот

Post Views: 7 За хигиената, односно нехигиената во Струга, граѓаните можат да напишат томови на книги. Секоја уличка и сокак крие по некој проблем, поврзан со комуналната негрижа на оние кои се надлежни за тоа. Имено вчера, додека нашата екипа беше на терен, ни пристапија видно револтирани граѓани од централното градско подрачје, за да ни кажат што се случува пред влезот на нивната куќа, поточно веднаш позади хотелот „Београд“. Тие велат дека многу инвестирале за куќата, направиле и дуќани за издавање под кирија, но неможат да ги издадат точно поради сметот кој секоја вечер им се...

Continue reading

Новата патека од мостот до хотел Парк веќе не личи на нова

Post Views: 21 Патеката од мостот до хотел Парк по која секојдневно минуваат голем број граѓани кои ја користат за рекреација, но и како пат кој води до најблиските плажи, од кога се направи не е воопшто измиена. Остатоци од сладолед, овошје, стакло и други отпадоци оставиле зад себе несовесни граѓани. Од Локланата велат дека службите на ЈП „Комуналец“ од 5 часот наутро до 9 часот ја чистат патеката и ги отстрануваат отпадоците, ги празнат корпите и контејнерите и го одлагаат сметот на паркинг просторот кај Центарот за обука на вода од каде се подига, но признаваат дека патеката не...

Continue reading

Нова сезона со стари комунални проблеми за хотел Далјан

Post Views: 0 И оваа сезона барањата на хотел Далјан да се осветли пристапот од главниот пат до влезот во хотелот и Извидничкиот центар останаа само на хартија. Приодот до овие два објекти кои во летната туристичка сезона се привлечни за многу гости во вечерните часови тонат во мрак. „Времето е прекрасно погодено. Летувалци полно, а проблемите остануваат. Наш проблем и на Извидничкиот центар е што во 21 век нема осветлување. Две бандери со светло настрадаа во сообраќајна несреќа, но и покрај нашите барања до ЛС светилките не се поправени, а пристапот од главниот пат до Извиднички...

Continue reading

Плажата пред некогашниот хотел Младост, затрупана од отпад

Post Views: 2 Плажата пред некогашниот хотел Младост, затрупана од отпад. Ова место на крајбрежниот појас од Охридското Езеро, сеуште важи за недопрена природа од човечкиот фактор, ако може и денес така да се каже. Но за жал прекрасниот амбиент го расипуваат несовесни граѓани, кои што за време на викендите уживаат под длабоките сенки на дрвјата, се сончаат и капат, а зад себе ја оставаат нивната комуналната култура и ниска свест за заштита на животната средина. Револт кон ваквата негрижа изрази и активистката за заштита на природата, Мери Нанче. Таа вели дека не може да ја прикрие...

Continue reading

Станари на зграда и хотел се обвинуваат меѓусебно за создавање депонија

Post Views: 1 На паркингот пред х. Белведере се создава депонија, обвинуваат станари на соседната станбена зграда. На просторот каде се поставени садовите за отпад има големи количини амбалажа и комунален отпад надвор од контенјерите, а добар дел завршува и во околното зеленило. Станарите до нашата редакција испратија и снимки како потврда дека дел од огромните количини отпад кои секојдневно ги генерира хотелот, завршува надвор од контејнерите. Велат дека службите од ЈП Охридски Комуналец доаѓаат скоро секоја втора вечер меѓутоа ги празнат само контејнерите, но не и расфрланата амбалажа...

Continue reading

Охрид и хотел Гарден влегоа во Гинисовата книга на рекорди со Шопската салата

Post Views: 12 Во хотелот „Гарден“, се приготви Шопска салата која влезе во Гинисовата книга на рекорди. Комисијата од Гинисовата книга на рекорди потврди дека се подготвени 202,86 килограми Шопска салата. Оваа количина е доволна за Гинисовиот рекорд, одлучи Комисијата која внимателно го следеше целиот процес на подготовка. Од хотелот инфомираат дека сека се запзени сите стандарди. Сертификатот за Гинисовиот рекорд им беше врачен на општина Охрид и хотел Гарден. Идејата за организирање на овој настан е на Ина Жарова, лиценциран диструбутер на македонски производи во Русија. „Ние ја...

Continue reading

Шопска салата за Гинис ќе се подготвува во охридскиот хотел Гарден

Post Views: 3 Во хотел Гарден, утре, ќе се сецка домашен зеленчук и сирење за подготовка на најголемата Шопска салата за Гинис. Оваа интернационална салата за прв пат се подготвува за влез во книгата на Гинисови рекорди. Сузана Бакреска , сопственик на хотел Гарден, вели пред неколку месеци заедно со Ина Жарова, лиценцираниот диструбутер на македонски производи во Русија добиле идеја, да се промовираат македонските јадења подготвени од домашни квалитетни земјоделски производи.Во специјално изработен сад со запремнина од 250 литри ќе се подготвува шопска салата според светски прифатениот...

Continue reading

Не е вистина дека Ѓоковиќ е вратен во Србија, тој се наоѓа во имиграциски хотел

Post Views: 0 Ниту е крај на сагата, ниту Ѓоковиќ е вратен во Србија. Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Австралија и не е депортиран, односно вратен во Србија. Тој до понеделник ќе остане во имиграцискиот хотел „Парк“, кој е дом на баратели на азил во земјата. Тениската ѕвезда од Србија, Новак Ѓоковиќ, го окупира светскиот медиумски простор откако при обид да влезе во Австралија за да игра на тенискиот турнир Австралија опен остана заглавен во Мелбурн бидејќи не приложил доказ дека е вакциниран со две дози против ковид-19, ниту имал веродостоен документ со кој би потврдил дека од медицински...

Continue reading

Државниот инспекторат за градежништво побара да се поништи одобрението за градба на хотел во Лагадин, од општината тврдат се е легално

Post Views: 0 Локалната самоуправа и понатаму тврди дека нема ништо незаконско во изградбата на хотелот во Лагадин, иако Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам достави барање за поништување на одобрението за градба на спорниот хотел. На локацијата каде што од пред два месеци започнаа градежните работи за изградба на спорниот хотел во Лагадин. Денеска на градилиштето имаше градежни активности. Дали на оваа локација ќе продолжи градењето на хотелот зависи како ќе се постапи по барањето на ДИГУ доставено до општината за поништување на одобрението за градба. Од општината не...

Continue reading

Шопска салата за Гинис ќе се подготвува во охридскиот хотел Гарден

Post Views: 4 Во хотел Гарден, утре, ќе се сецка домашен зеленчук и сирење за подготовка на најголемата шопска салата за Гинис. Оваа интернационална салата за прв пат се подготвува за влез во книгата на Гинисови рекорди. Сузана Бакреска, дел од менаџерскиот тим, вели дека идејата произлегла од разговор со Ина Жарова, лиценцирани диструбутер на македонски производи во Русија, при подготовка на промоција на македонски јадења подготвени од домашни квалитетни земјоделски производи.Во специјално изработен сад со запремнина од 250 литри ќе се подготвува шопска салата според светски прифатениот...

Continue reading

Во хотел може и без вакцина

Post Views: 1 Хотелите остануваат да работат со полн капацитет и по 16 август, само со служење пансион, во затворен простор, без потврда за имунизација од Ковид – 19. Ова за МИА го потврди претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ Крсте Блажески, посочувајќи дека редари мора да имаат во објектите, кои нема да примаат надворешни гости во затворените ресторани и сали. Беше прифатено нашето барање, направени се измени и потврда за вакцинација нема да требаат за служење пансион и за над 30 гости од хотелот. Ќе пробаме во најдобар ред да ги почитуваме времените мерки и што побрзо...

Continue reading

Бакрачески: Кај некогашното Поштенско одморалиште предвидено е изградба на хотел

Post Views: 35   На местото од некогашното Поштенско одморалиште во централното градско јадро, наместо станбен комплекс, најверојатно ќе се гради хотел. Такви се најавите на градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Тој убедува дека во последниве 4 години во делот на урбанизација на централното градско подрачје и старото градско јадро не се случува ништо. Бакрачески вели дека мора да сме начисто околу прашањето на експанзивна и неуредна урбанизација во периодот од 2000 до 2013 и од 2013 до сега. „Во јавноста се наметнува вештачка тема дека урбанизацијата на Охрид во централното...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top