Ознака: формирање

Костовски:ќе бидеме клучниот фактор за формирање на новата Влада НА РМ

Post Views: 1   Коалицијата За Македонија го одржа својот завршен пресс. Кандидатот за пратеник, Ванчо Костоски рече дека како политичка партија и како коалиција многу се задоволни од текот на нивната кампања и од приемот кај граѓаните при презентирањето на нивната програма. Наидуваме на голем прием и голем одѕив кај граѓаните на РМ. Очигледно дека граѓаните на Македонија и на Охрид се подготвени за промени и се помасовно ни ја даваат довербата токму нам. Ние не правиме мегаломански митинзи ние работиме на терен и нашата цел за 13 до 15 пратеници е исполнета па после единаесетти ќе...

Continue reading

autizam

Потребни се центри, формирање на национален регистар и креирање национална стратегија за справување со аутизмот

Post Views: 7 „Да се живее со деца со аутизам е предизвик, но и едно од најубавите нешта е кога се споделуваат радосните моменти“-вака накратко ја раскажа својата приказна родител на деца со аутизам од Охрид кој на сите родители кои се борат со истиот предизвик емотивно им порача дека нивните деца ќе успеат, ќе се образоваат и ќе постигнат нешто во животот. Томислав Бакулески кој е родител на две деца со аутизам денес собра храброст јавно, на денешната трибина посветена на аутизмот, да проговори за предизвиците со кои неговото семејство секојдневно се соочува, но и повеќе за среќните...

Continue reading

domati

Формирање мали еко заедници за враќање на младите во селските средини

Post Views: 4 Дали новите генерации се на прагот да ја започнат револуцијата на враќање на младите во селските средини и да живеат од земјата? Многу македонски села изминативе децении останаа опустошени од внатрешните миграции и беа избришани од колективната меморија. Сепак, идејата сами да ја произведуваат храната што ја јадат, да бидат во допир со природата, а во исто време и да заработуваат за живот работејќи ја својата професија, но и да го избегнат стресот и безработицата во градовите, станува се попривлечна за младите во земјава. Ентузијазмот кој го чувствуваат помладите генерации...

Continue reading

Победа на радикалната левица во Грција

Post Views: 8 Спрема излезните анкети Сириза освоила помеѓу 35,9 и 39,5% од гласовите. Владеачката Нова демократија добила помеѓу 23 и 27%. Предноста од 12% би можела на Сириза да ѝ овозможи самостално формирање на влада. Спрема сите параметри победник на грчките избори и нов премиер е Алексис Ципрас, лидерот на Сириза. “Грчкиот народ ќе го врати социјалното единство и достоинство. Нашата заедничка иднина во Европа не е штедење туку демократија, солидарност и соработка”, порача Ципрас. Скоро 10 милиони Грци со право на глас одлучуваа за формирање на новиот грчки парламент. Мнозинството...

Continue reading

gradinka

Градинката „Јасна Ристеска“ доби зелено светло за формирање на групи со поголем број на деца од законски предвидениот

Post Views: 3 Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе може да се формираат групи со помал односно поголем број на деца од законски предвидениот. Ваква одлука беше донесена на последна седница на Советот на општина Охрид, а на предлог на раководството на градинката.  Опозицијата беше воздржана во гласањето на предлог одлуката бидејќи велат дека ги разбирале и родителите, но според нив во објектите на „Јасна Ристеска“ во моментов веќе се згрижуваат 347 дечиња повеќе од предвиденото. Советничката од редовите на опозицијата, Оливија Јанева-Пирузева смета дека станува збор за големо отстапување...

Continue reading

училиште

Во општинава владее тренд на формирање паралелки со помалку од 24 ученици

Post Views: 0 И оваа учебна година во општина Охрид се формираа паралелки со помалку од 24 ученици. Оваа одлука беше донесена на седница на совет од страна на градските избраници, а оправданоста на истата се наоѓа во фактот што доколку не се превземе ваков чекор многу работни места на одделенски и предметни наставници треба да згаснат, а и неколку училишта посебно во руралните средини ќе треба да се затворат. Одлуката е за поздравување, но од друга страна организирањето на ваквите паралелки непотребно го троши и така тенкиот буџет на општината. Ние во периодот на летни одмори ќе направиме...

Continue reading

Народниот театар од Охрид одбележува јубилеј десетгодишнина од неговото формирање

Post Views: 7 Народниот театар од Охрид слави десетгодишен јубилеј од неговото формирање со изведба на претставата „Сопружници”. Денес, се одбележува јубилеј кој пред една декада и повеќе беше мислена именка градот да има институција театар, а ние штотуку завршените актери го очекувавме како топол леб, се потсетува Стрезо Стаматоски, еден од иницијаторите актери за неговото фомирање. Стаматоски со гордост ги споменува и останатите актери од екипата која го иницираше формирањето на охридскиот театар меѓу кои се актерите Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Ивица Цонев...

Continue reading

logo

ДУИ ги извиси вмровците во Струга

Post Views: 8 Формирањето на општинските комисии во Струга ќе почека. Политичките интереси на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ го кочат овој процес. За тоа, кои да бидат членовите а кои претседателите, имало погдолга дискусија од вообичаено, на координативаната седница, која претходнава недела се одржа во просториите на Општината. ТВМ неофицијално дознава, дека претставниците на ВМРО ДПМНЕ настојувале поголемиот дел од комисиите да имаат челници од оваа партија, и тоа луѓе кои не се членови во струшкиот совет. Покрај ова, според неофицијални информации, ДУИ на некој начин го изиграл својот коалиционен...

Continue reading

sovet

Зелено светло за паралелките со помал број ученици

Post Views: 8   Образованието, тема на десетата седница на Советот на Општина Охрид. Во очи на новаста школска година советниците продискутираа за проблемите кои ги мачат училиштата години наназад. Рак рана преставува се помалиот број првачиња, но и намалениот број на ученици кои се запишуваат во средните училишта во градов. Најалармантна е состојбата во ЕМУЦ Св. Наум Охридски и Угостителското училиште Ванчо Питошевски. Денес се бараше согласност од советниците во овие училишта да се формираат паралелки и со помалку од 25 ученици. Според моите пресметки во оваа учебна година ќе се...

Continue reading

rotari

Ротарјанците во Охрид расправаа за иднината на регионот

Post Views: 0 Ротаријанците во Охрид расправаат за иднината на регионот. Целта е да испратат порака за пријателство и мир од Република Македонија, како и за економска соработка и грижа за младите генерации. Претседателот на Ротари клубот од Охрид, Владо Павлоски, истакна дека чест е што Охрид е домаќин на еден ваков голем настан со кој се врши промоција на градот од повеќе аспекти. „Вакви настани се, би рекол ветар во грб, за понатамошна работа на сите ротари  клубови, во зближување на народите во дружење, затоа што оваа форма и ова ниво дава големи резултати во постигнување на мир,...

Continue reading

gradski grobishta

„Градски гробишта“бара излез од финансиските проблеми

Post Views: 9 За излез од наталожените финансиски и технички проблеми во кои се гуши ЈП Градски гробишта се преземаат низа мерки, информира директорот на претпријатието Зоран Симоноски. Во претстојниот  период приоритет ќе им е зголемување на нискиот процент на наплата за одржување на гробните места и за старателство над истите. На граѓаните овие можности ќе им ги направат подостапни, услугите ќе може да ги плаќаат  во центарот на градот. „ Во зградата на Комуанлец е изнајмен простор и во тек е формирање на информативен центар и наплатна служба како што доликува за градот. Наплатата...

Continue reading

radio

Наскоро Здружение на приватните електорнски медиуми во Македонија

Post Views: 0 Новото здружение ќе се вика „Мак Медиа“, а за само еден ден идејата за формирањето доби  поддршка од  дваесет и два медиуми од Охрид, Струга,  Кичево, Битола, Прилеп и Македонски Брод.Одржан иницијативен состанок за формирање на Здружение на приватните електронски медиуми на Република Македонија. Новото здружение ќе се вика „Мак МЕДИА“, а според иницијаторите, цел на неговото формирање ќе биде решавање на наталожените проблеми во медиумската сфера.  Сашо Митаноски директорот на „Супер радио“ вели дека ницијалната каписла за создавање на ова здружение, беа новите барања...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top