Во општинава владее тренд на формирање паралелки со помалку од 24 ученици

Во општинава владее тренд на формирање паралелки со помалку од 24 ученици. Крајно време е Локалната да седне и да направи сериозна стратегија како ќе го надмине ваквиот проблем. Од секторот за образование не добивме одговор на прашањето колку ваквиот начин на органзирање на паралелки дополнително го оптоварува општинскиот буџет.

 |  Јаковлева Лионела  | 
училиште

И оваа учебна година во општина Охрид се формираа паралелки со помалку од 24 ученици. Оваа одлука беше донесена на седница на совет од страна на градските избраници, а оправданоста на истата се наоѓа во фактот што доколку не се превземе ваков чекор многу работни места на одделенски и предметни наставници треба да згаснат, а и неколку училишта посебно во руралните средини ќе треба да се затворат. Одлуката е за поздравување, но од друга страна организирањето на ваквите паралелки непотребно го троши и така тенкиот буџет на општината.

Ние во периодот на летни одмори ќе направиме длабоки анализи во врска со оваа ситуација, но додека ни дозволуваа законските регулативи ќе формираме вакви паралелки, рече на последната седница на совет, градоначалникот Никола Бакрачески.

Во Општина Охрид има осум основни училишта и три средни.  Состојбата со намален број на ученици е најалармантна во  Средното угостителско училиште и  и тоа во класовите за келнери или кувари. Имено во прва година учат 10 готвачи и 8 келнери кои се распоредени во две паралелки. Со помалку од 24 деца паралелки има и во средното училиште ЕМУЦ Св. „Наум Охридски“.

Ништо подобра не е ситуацијата и во основното училиште Св. „Климент Охридски“.

Во прво одделение имаме три паралелки сосе подрачната во Даљан. Во паралелките на централното училиште има по 18 деца, а во подрачната 7, вели директорот Јордан Пуроски.

Во О.У. „Гругор Прличев“ во прво одделение се запишале 104 деца, а училиштето бара да формира 5 паралелки.  Паралелки со помалку од 24 деца има и во основното „Кочо Рацин“. Од основните училишта во општинава проблем со помал број ученици немаат само О.У. „Братство единство“ и „Христо Узунов“.

Кај нас сите паралелки се со по 24 деца. Дури имаме паралелки кои се со по 32 ученици. Интересот за запишување на првачиња во нашето училиште е голем, вели директорот на О.У. „Христо Узунов“, Тони Симоновски.тони симоноски
Проблем со мал број ученици има и во подрачните основни  училишта во Елшани , Коњско, Рача, Трпејца.  А најдрастични примери за мал број ученици во паралелките има во Косел, Лескоец, Вапила, Куратица.
Овие показатели се доволна причина за Локалната да седне и да направи сериозна стратегија како ќе го надмине ваквиот проблем. Од секторот за образование побаравме прецизни бројки за паралелките со помал бр ученици во општина Охрид како и колку ваквиот начин на органзирање на паралелки дополнително го оптоварува општинскиот буџет. Од таму го добивме следниот одговор:

Ве информираме дека во Општина Охрид, како и во Република Македонија, факт е дека постои тренд на намалување на бројот на ученици во основните и средните училишта. За намалување на овој тренд соодветни мерки превзема Владата на РМ, но и Општина Охрид преку реализација на проекти и создавање на можности за подобар и поквалитетен живот на жителите во општината. Во моментов во основните и средните училишта во Општина Охрид се создадени сите потребни услови за отпочнување на новата учебна година и нормално одвивање на наставата. Веќе финишираат и завршните инвестициони зафати, уредувања, фарбања, чистења и сл.,што во летниот период се реализираа во училиштата.

Бројки не дознавме, ниту пак од одговорот може да се заклучи кои се тие соодветни мерки кои власта на централно и локално ниво ќе ги преземе за решавање на проблемот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top