Ознака: училиштето

uniformi

Учениците од Гимназија и Економски ги добија униформите

Post Views: 14 Се комплетираат униформите за учениците од општинското средно училиште Св. Климент Охридски. Поло маичките и блузите со долги ракави им се поделија на учениците, треба да им се достават само уште елеците. И покрај тоа што постапката за униформите одамна заврши, дел од родителите сеуште реагираат на цената која ја плаќаат во споредба со квалитетот кој го добија. Директорот на ОСУ Св. Климент Охридски, Наум Рилковски уште еднаш за ТВ М ја објасни постапката според која училиштето ги набави униформите. Тој вели дека училиштето не објави тендер затоа што униформите не...

Continue reading

gimnazija

Учениците и професорите од ОСУ„Св Климент Охридски“ во униформи

Post Views: 5 Средношколците и професорите од ОСУ Св. Климент Охридски со унифицирана гардероба. Учениците добија дел од облеката, а  до крајот на неделава треба да им се поделат уште полуверите. Родителите реагираат дека сумата која ја плаќаат 1947 денари за поло маичка, блуза до долги ракави и полувер е  премногу во споредба со квалитетот на облеката што го добија децата. Во интерес на вистината контектирваме со директорот на Училиштето Наум Рилковски. Тој и покрај тоа што денеска беше презафатен бидејќи во училиштето до петок гостува делегација од Словенија, сепак телефонски ни...

Continue reading

Bratstvo Edinstvo

О.У „Братство Единство“, пред избор на директор

Post Views: 26 Истекува вториот мандат на актуелниот директор на О.У „Братство Единство“, Осман Османи. На крај на месец октомври училиштето треба да добие нов челник. Тоа значи дека треба да се отпочне со законска процедура за избор на нов директор. Портпаролот на општина Охрид, Симон Илиески рече дека досега постапката не е отпочната, но во секој момент се очекува распишување на оглас, по кој расправа училишниот одбор, па потоа му предлагаат кандидат или кандидатка на градоначалникот, а тој после одлучува. О.У. „Брадство Единство“, минатата учебна година потфрли во образовниот...

Continue reading

prvacinja

Забава за првооделенците од Воска

Post Views: 10 УЗ Воска подготви свечено испраќање на првачињата во училиште. Советот на УЗ 3 „Воска“ размислувајќи што да направи за да ги зближи луѓето од овој дел на Охрид, одлучи да организира забава за најмладите. „ Се погриживме да има музика, соодветни мали поклони, естрадни ѕвезди. Ѓоко Танески, Наум Петрески, Миланка Новеска, женската пејачка група од пензионерките… баравме од сите етнички заедници да облечат дечиња во својата национална облека. Колку успеавме во тоа незнам, но еве нашата свеченост се поклопи со празникот Бајрам“, вели претседателот на УЗ Воска Илија...

Continue reading

akcija

Се покриваaт графитите врз фасадата на Музичкото училиште

Post Views: 0 Сите во акција. Пред стартот на школската година се разубавува општинското музичко училиште Методи Патче. Младите Ротаријанци по многу средби кои ги реализирале со директорката на училиштето одлучија исшкртаната фасада која го нагрдуваше ликот на училиштето, да ја заменат со слики на музички инструменти. „ Обезбедивме средства преку општината решивме да го разубавиме ѕидот така што на него ќе има цртежи сакаме и на младите да им дадеме порака да не ги шкртаат свежо обоените ѕидови“, вели претседателот на подмладок од Ротари, Драги Здравески. Здравески упатува порака...

Continue reading

ugostitelsko

Во средното угостителско има слободни места за упис

Post Views: 4 Трите средни општински  училишта ќе ги отворат своите врати во вториот уписен рок за оние ученици кои  останале не запишани. Во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ има место за упис на петте стручни занимања келнер, готвач, пекар, слаткар и угостителски техничар информира директорот на училиштето Секула Баткоски. Училиштето располга со ученички дом, модерно опремена кујна и стручни кабинети кои придонесуваат од година на година учениците да стекнуваат се поголеми знаења и вештини по стручните предмети. „Се поголем е бројот на наши ученици кои ја преставуваат...

Continue reading

Zubush Shemo

Охриѓанка среде Турција освои трето место на натпревар во турски јазик

Post Views: 10 Основното училиште Братство Единство се закити со ново признание. благодарејќи на младата ученичка Зубуш Шемо. Меѓународниот натпревар во турски јазик кој се одржа во главниот град на Турција, Анкара беше местото на овој поход од кој Зубуш се врати со освоено трето место. Ова е уште еден доказ дека со доволно работа и труд, можат да се постигнат одлични резултати. Младата ученичка беше очигледно возбудена и под импресии на оствареното. Малата Зубуш за да го постигне овој успех напорно работела во текот на целата година и заедно со својот ментор, професорот Рамиз Зекирија,...

Continue reading

muzicko ucilishte

Се поголем интересот на охриѓанчиња за музичко образование

Post Views: 3 „Охриѓанчиња се многу музикални и сакаат музички да се образвуваат“, вели директорката на ОМУ Методи Патче – Нина Момираска. На уписите  во месец мај се запишаа деца во прво одделение 9 годишно училиште  на инструментите клавир и виолина и прва година 6 годишно образование на инструментите флејта, гитара, хармоника и кларинет. „ Интересот во Охрид од година во година е се поголем оваа година капацитетот кој можеме да го поднесеме е 30 ученици а досега примивме 62 деца и 20, 30 беа одбиени. Интресот е голем, Охрид е град на музикални деца и жалосно е сите кои се...

Continue reading

ucenici

Мајски концерт

Post Views: 2 „Деца за деца“. Вака е насловен мајскиот детски концерт кој ќе се одржи утре во просториите на О.У. Св. „Климент Охридски“, во 17 часот. Од училиштето велат дека утрешниот концерт ќе биде рај за очи за сите присутни, на кои вратите на училиштето им се ширум отворени. Проф. Валентина Кузманоска вели дека ќе има богата културно уметничка програма во соработка со КУД „Ѓердан“, како и настап на рибарчињата, ученици од школото кои настапија на детскиот фестивал „Распеано рибарче“. {loadposition content9}

Continue reading

Ekonomsko

Дали “економско“ ќе се дели од гимназијата “Св. Климент Охридски “

Post Views: 4 Иницијативата на Локалната самоуправа за одделување на економскиот смер од охридската гимназија. Оваа иницијатива уште пред една година беше усвоена од советниците, сега за реализирање на истата се чека само одобрение од Минисетрството за образование. „Економското училиште одамна требаше да биде посебен правен субјект. Со тоа учениците и со завршено средно училиште би биле спремни како кадар“, вели градоначалникот Александар Петрески и додава: „ Ние ги имаме донесено сите потребни одлуки на седниците на Советот на Општина Охрид и сега чекаме на согласност од Министерството...

Continue reading

den na deteto

Денот на детето

Post Views: 2 Денес во Турција се одбележува 23 април, денот на националниот суверенитет и празникот на детето. Кон прославата на празникот на детето, кој масовно се слави во Турција, денес се приклучи и О.У. „Братство Единство“. Тие во дворот на училиштето низ игра и песна, покажаа чест кон Мустафа Кемал Ататурк, човекот кој овој ден го поклонил на детето. Проф. Ајсеј Доко, рече дека Ататурк оставил јака порака во чест на денот на детето. „Го подарувам овој ден на децата бидејќи денешниве деца се наша иднина“. Таа додаде дека овој празник се слави насекаде во светот каде што има...

Continue reading

ekskurzii

Нов правилник, стари проблеми

Post Views: 23 Административно обременет, новиот Правилник за начинот на изведување на ученичките екскурзии, дополнително го усложни процесот на спреоведување на овие воннаставни активности. Кога во ноември месец минатата година, истиот беше донесен од страна на Министерството за образование, идејата и самата негова цел беше, да придонесе за подобрување на квалитетот на изведувањето на училишните екскурзии и да ја зголеми безбедноста на учениците. Но директорите на основните училишта со малку поинакво мислење. Директорката на најголемото охридско основно училиште, „Христо Узунов“,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top