Ознака: училиштето

новогосисхен панагур

Новогодишен панаѓур во ОУ „Св. Климент Охридски “

Post Views: 2 Настаните од ваков карактер се секогаш добредојдени и ние секогаш ги подржуваме, вели директорката на ова училиште, Славица Илиќ. Секогаш излегуваме во пресрет на иницијативите на родителите, а денешниот настан е пријатно изненадување за нашето училиште, додава таа.Со денешната акција собрани се 17 500 денари. Тие ќе бидат искористени за тековните потреби на училиштето. Ќе се потрошат за купување тонери и останати работи кои се неопходни за тековно работење на училиштето. Износот е симболичен, но многу значаен за нашето училиште, вели Илиќ. „Со овој настан докажавме...

Continue reading

Ervan Fuere

Основците од „Христо Узунов“ се дружеа со Фуере

Post Views: 3 Во посета на ОУ „Христо Узунов“ Охрид, денес беше Евроамбасадорот Ерван Фуере. Седмооделенците од ова училиште преку наставна програма учат за ЕУ и истото денес имаа можност да го покажат пред Фуере. Директорот на училиштето Оливија Пирузева Јанева рече дека присуството на Ерван Фуере е од големо значење не само за децата, туку и воопшто за сите. Очигледно дека Фуере влезе во срцата на децата. Тоа го почуствува и самиот амбасадор и рече дека младите во Македонија се помудри од политичарите и дека политичарите треба да учат од нив. Учениците овој момент посебно го доживеаа....

Continue reading

priredba

Малечки протагонисти, но големо финале

Post Views: 1 Синоќа учениците од О.У. „Св.Климент Охридски“ со свечената приредба, која мина во знакот на екологијата, ги заокружија активностите по повод одбележувањето на патрониот празник на училиштето. Некои со големи, некои со помали улоги во училишниот настан, но сите среќни поради придонесот во чествувањето на светецот чие име го носи нивното училиште. Директорката на училиштето, Славица Илич кажа дека намерата е секоја наредна година да биде што поинтересна и секоја година со различен белег. Оваа година, истакна Илиќ активностите траат во текот на цела оваа недела, од кои...

Continue reading

uniforma

„Кецељите“ во ОУ Христо Узунов легално набавени

Post Views: 9 Училишните униформи повторно актуелни. До нашата редакција стигна поплака од родители во врска со  набавката на училишните униформи во  ОУ „Христо Узунов“. Во реакцијата стои дека униформите се набавени без тендер по цена од 900 денари, а се плаќаат во готово, на рака на професорите. Се упатува обвинение дека од оваа набавка некој длабоко профитира. Ваквите обвинувања ги побива директорот на училиштето „Христо Узунов“, Оливија  Пирузева Јанева. Директорката категорично тврди дека одлуката за набавка на школските униформи е легално донесена од страна на Училишниот одбор...

Continue reading

zasaduvanje drvca

Продолжија активностите за одбележување на слободен Охрид

Post Views: 4 Еколошка акција во ОУ Св. Климент Охридски, по повод патрониот празник на нашиот град. Претпладнево во дворот на училиштето беа засадени садници, акција која ја спроведоја ЈП Охридски Комуналец, раководството на училиштето и советот на родители. Првата садница ја засади градоначалникот Александар Петрески кој истакна дека чест е да се живее во Охрид, но при тоа искажа благодарност и почит до сите кои дадоа свој придонес за ние денеска да живееме во слободен Охрид. „Локалната самоуправа имаше многу активен период во изминатите неколку месеци. Денеска продолживме со средување...

Continue reading

Кај охридски средношколци пронајдена марихуана

Post Views: 3 Настанот кој фрли црна дамка врз охридската Гимназија денеска го потвридија и од СВР и од училиштето. Директорот на средното училиште Св. Климент Охридски, Наум Рилкоски кој денеска службено беше во Скопје, во телефонскиот разговор истакна дека вакви постапки на учениците никако нема да бидат толерирани, туку напротив децата ќе бидат санкционирани. Рилковски потврди дека деновиве се разговарало и со родителите и со пет од децата инволвирани во случајот, а за утре била закажана средба со уште едното дете и неговите родители.  Директрот уште кажа дека за случајот ќе се...

Continue reading

ucenici

Протести за екстерното оценување

Post Views: 6 Сите ученици од 8 и 6 одделение, како и дел од учениците од 7 и 5 одделение од основното училиште Свети Климент Охридски денес не следеа настава. Родителите се изненадени од ваквиот бојкот  на учениците. Се прашуваат на што се должи ваквата постапка.  Учениците од Св Климент Охридски протестираа против екстерното тестирање. Никој не сакаше од одговорните лица во училиштето да каже кој стои зад органзирањето на протестите. Дали се тоа некој од учениците или од професорите. Директорот на училиштето Славица Илиќ е на пат, а нејзиниот заменик не беше достапен за коментар....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top