Ознака: училиштето

Талентираните и посветени ученици го остваруваат својот потенцијал во училиштето Јахја Кемал

Post Views: 28 Христина Митреска од Охрид е матурантка во училиштетео „Јахја Кемал“ и првенец на генерација во средно образование.  Започнала како стипендист во прва година, каде приватното училиште поради освоените поени  комплетно и ги покрило трошоците за образование. Денес е првенка на генерацијата, закитена со голем број  регионални, државни и меѓународни награди и медали. Најмногу ја привлекуваат природните науки. „Решив моите студии да ги продолжам во Словенија на биотехнолошки факултет…. конкретно ме интересира генетиката и сум заинтересирана да ја проширам таа област...

Continue reading

Проштална порака од професорот

Post Views: 0 Заменик директорот на средното училиште Данвон во околината на Сеул, чии ученици загинаа кога потона јужнокорејскиот траект Севол, се убил поради неиздржливото чувство на вина. Тоа го потврдила и прошталната порака пронајдена во неговиот паричник. „Премногу е болно да се преживее сам, додека 200 ученици се исчезнати. Ја превземам целосната одговорност. Јас инсистирав да се оди на екскурзија. Запалете го моето тело и пепелта истурете ја во близина на траектот. Можеби во следниот живот повторно ќе бидам професор на оние чии тела не се пронајдени“, напишал Канг Мин-гју...

Continue reading

Порака на Фејсбук ги чинела многу пари

Post Views: 1 Значењето на поговорката “молчењето е злато” ја почувствувале на своја кожа сопружниците Снеј од Мајами кои една порака на Фејсбук ги чинела 80.000 долари. Пораката чинела многу поради кршење на клаузулата  за тајност на договор со работодавач. Имено, Патрик Снеј на суд добил спор против својот работодавач кој го отпуштил од местото директор на училиште, и потоа склучил финансиски договор со тужениот за обештетување во кој било прецизирано дека “брачниот пар не смее на никого, вклучувајќи ја и нивната ќерка, да каже за содржината на договорот”, пренесува весникот Figaro. Меѓутоа,...

Continue reading

niko nestor

Нов лик на струшката гимназија „Нико Нестор“

Post Views: 45 Дел од старата зграда од ОСУ „Нико Нестор“ Струга деновиве за прв пат после неговата изградба во педесеттите години се реновира. Старата зграда со дотраена дограма и уништена фасада доби сосема нов лик. Како што изјави Никола Затуроски првиот човек на гимназијата, дел од средства обезбедиле од споствен буџет, додека пак бизнис заедницата им помогнала со средствоа во висина од 6 илјади евра. „Се пристапи кон санирање на цела оваа зграда во вкупна површина од 2100 метри квадратни, каде што се снаираа сите оштетени делови од фасадата и дојдовме до фасадно молерисување...

Continue reading

ucenici josip broz tito

О.У. „Јосип Броз Тито“, доби нафта за греење

Post Views: 6 О.У. „Јосип Броз Тито“, доби нафта за греење. Од денес наставата се одржува во загреани училници. Сепак од школото напоменуваат дека мора да се води економија бидејќи станува збор за 8 тони нафта, количина која доколку се грее нормално во зимската сезона е доволна за два месеци. Се врати детскиот џагор во О. У. Јосип Броз Тито Струга. Во текот на вчерашниот ден пристигна нафта за греење. После два дена без настава, учениците повторно седнаа во училишните клупи. Децата велат дека денес веќе се чуствува топлина во училниците и за прв пат после долго време ги соблекле јакните...

Continue reading

bista delcev

Доцнат „Гоцеви денови“, во Подгорци

Post Views: 1 О.У. Гоце Делчев од Подгорци не го одбележа својот патронат во средината на мај, како што тоа традиционално се практикуваше 41 година по ред. Одбележувањето на патронатот беше ставен и изгласан во прогамата за култура на минатиот совет, што како одлука треба да ја почитува и новиот градоначалник, забележува советникот на здружената коалиција „За подобра Струга“, Никола Затуроски, кој воедно изрази сомнеж дека во случувањата во Подгорци свој удел има и градоначалникот Зијадин Села. Тој пак ги отфрла обвинувањата. „Подгорци е рак рана на образованието во Струга, и сметам...

Continue reading

josip broz tito

Легло на расни кучиња на само неколку метри од училиште во Струга

Post Views: 23 Стружанец одгледува кучиња во непосредна близина на О.У.„Јосип Броз Тито“.  Раководните структури на училиштето реагираат, а воедно упатуваат апел до надлежните институции, до кои биле испратени дописи за состојбата со која се соочуваат и да преземат мерки за безбедноста на учениците. Револтирани се и родителите на децата кои посетуваат настава во ова училиште. Денеска забележавме како голем дел од родителите ги чекаат своите деца, загрижени за нивната безбедност.Пошироката јавност и надлежните институции мора да бидат запознати со проблемот со кој се соочуваме околу...

Continue reading

kiosk

Спорен киоск, ниту работи, ниту е отстранет

Post Views: 1 Катанец на врата на киоскот, „Кај тетка Русе“. Ученици, родители и дел од професорите на струшките гимназии, прашуваат зошто киоскот „Кај тетка Русе“, сместен во дворот на СОУ „Нико Нестор“, е под клуч. Телевизија ТВМ во интерес на јавноста како и да одговори на прашањето на засегнатите се сретна со сопственикот на киоскот, како и со директорот на училиштето. Сопственикот Боро Симјаноски вели дека неговиот времен објект цели 20 години работи во дворот на гимназијата. Додава дека поминале скоро пет генераци кои се хранеле во нивниот киоск и целиот тој период не се соочиле...

Continue reading

dip

Промовирани матурантите од 5-та приватна гимназија

Post Views: 1 Матурантите од генерацијата 2011/2012 од 5-та приватна гимназија ги добија сертификатите за завршено образование. Со свечена церемонија беа промовирани завршените ученици од втората генерација на оваа приватна средношколска образовна установа. 50 -тината ученици од три образовни насоки се стекнаа со знаења и вештини во текот на четиригодишното образование.  Амела Имероска, медицинска сестра, вели „ привилегија е да се биде дел од Петта приватна гимназија. Имавме одлични професори кои се трудеа да направат од нас луѓе. Мислам успеаа, направија да знаеме како и кога да...

Continue reading

OU Sv Kliment Ohridski Drslajca

Два тони нафта исчезна преку ноќ

Post Views: 12 Два тони нафта исчезна преку ноќ. Во понеделникот 23 јануари годинава во О.У. „Св. Климент Охридски“, Драслајца, за потребите за греење на учениците пристигнале 4 тони нафта. Оваа количина за нецели 24 часа била преполовена од засега непознати сторители. И не само тоа, од училиштето фали апарат за заварување, бормашина, гарнитура клучеви и др, за ТВМ во телефонски разговор кажа директорката, Жана Димоска. Таа рече дека настанот се случил ноќта помеѓу вторник и среда, за што е известена и полицијата. До сега од таму немале никаква повратна информација кој би можел да...

Continue reading

facebook

Учениците, професорите и Facebook

Post Views: 4 Фотографии од учества на натпревари, приредби, екскурзии, соопштенија за одлуки на училиштето, на Министерството за образование, распореди на часови, но и приватни и невкусни коментари на наставници и ученици може да се најдат на фејсбук-профилите и групите на основните и на средните училишта во земјава. Проблемот е што кај повеќето од нив профилите или групите воопшто не се заштитени, па во содржините може да ѕирне секој. „Многу сте убава, директорке“. „Ако не си ја купила јакнава, да ти биде мака“, коментираат наставниците на фотографијата на директорката направена...

Continue reading

Котларата во училиштето Браќа Миладиновци во Стругa претставува потенцијална опасност

Post Views: 1 На училиштето  „Браќа Миладиновци“ од Струга му се заканува опасност. Котларата која се наоѓа во оваа образовна институција е стара повеќе од четириесет години, па речиси и да не функционира. Таа е дотраена, руинирана и небезбедна, раскажува директорот на ова училиште, Шкелким Алиу. Состојбата во котларата внатре е многу страшна и може од една искра да дојде до голем пожар и да дојде до голема катастрофа. Во моментов имаме три тони нафта во резервоарите и страшно е ако избувни пожар може  да настрада и училиштето и децата, вели  Алиу. Училиштето бара и очекува помош...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top