Ознака: училиштето

veligdenski hepening

Велигденски хепенинг во ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 1 Во очи на големиот христијански празник Велигден во холот на ОУ „Христо Узунов“, традиционално на денешен ден, Велики Четврток, се оджа Велигденски продажен хепенинг.  Штандовите односно училишните клупи шаренеа од убавите детски изработки, малите уметнички дела и ракотворби изработени со вредните раце на учениците. Насекаде во холот на училиштето беше разлеана детската насмевка, детскиот џагор, и сите беа горди на се она што заедно го сработиле. Организатор на настанот се учениците, вработените во училиштето, со поддршка на Советот на родителите, вели Тони Симоноски...

Continue reading

григор прличев

Охридските советници по втор пат ќе носат одлука за исплата на долгот на ОУ Григор Прличев кон ЕВН

Post Views: 8 Пред охридските советници  по втор пат  ќе се најде Предлог одлука за исплата на долгот на ОУ Григор  Прличев кон ЕВН за потрошена електрична енергија.   На ова ОУ, повторно  му се заканува исклучување од електрично напојување заради 4 неисплатени сметки. Директорката Силвија Мојсоска потврдува дека училиштето од ноември месец не ги има подмирено сметките, кои просечно изнесуваат околу 400.000 денари за потрошена струја по месец. Основното училиште подолго време се  соочува со блокирана жиро сметка, заради  судско извршно решение. Решението е за експроприрано земјиште,...

Continue reading

bratstvo

После 40 години излегоа на површина проблемите во ОУ „Братство Единство“

Post Views: 13 После 4 децении испливаа на површина проблемите на О.У. „Братство Единство“. Азбесните кровови на  училишните згради, водоводно канализациониот систем, санитарните чворови, асфалтирањето, осветлувањето, се само дел од проблемите за кои ова училиште веќе подолг период бара решение. Како што истакна директорот на училиштето Муамер Доко, со реновирање на двата објекти би се подобриле условите за работа и престој на нивните ученици и наставниот кадар. „Овие училишни згради се меѓу најстарите,  кога реков дека централната зграда е пред 65 години, додека пак зградата во...

Continue reading

ekonomski

Костоска: Средното економско постигна многу за шест месеци самостојна работа благодарение на колективот

Post Views: 0 10 училници, кабинет за компјутери, уреден влез во училиштето, учество во проекти. Ова се само дел од резултатите од шесте месеци работа како самостоен правен субјект на средното општинско стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“. Вршителот на должноста директор на училиштето, Славица Костоска денес со медиумите ги сподели успесите, предизвиците и идните планови на училиштето. Костоска вели дека кога се одвоиле како посебен субјект немале ништо, без хигиеничари, само зграда, училници и наставен кадар кој е вработен во друго училиште. „Канцелариите не ги дотеравме, го дотеравме...

Continue reading

ekonomski

Училишниот одбор од средното економско училиште ќе прегласува за избор на директор

Post Views: 18 Училишниот одбор од средното економско училиште вечерва ќе прегласува за избор на директор во оваа образовна установа. Пред еден месец  училишниот одбор на актуелната вд директорка Славица Костоска и изгласа доверба за директор на училиштето, но предлогот беше вратен од страна на Градоначалникот Никола Бакрачески. Од локалната самоуправа, за ТВМ велат дека причина за тоа е што постапката за избор на директор не била извршена во согласност со  законските одредби, статутот на училиштето и деловникот на училишниот одбор. Имено од 10 члена на одборот Костоска добила 5 гласа...

Continue reading

skolooo

Намален интересот за училишното осигурување

Post Views: 5 Средношколка од Охрид на час по физичко образование паднала и се здобила со повреда на левата рака заради што во специјалната болница Св Еразмо и поставиле гипс. Родителот на ученичката кој сака да остане анонимен, за ТВМ обелодена дека секоја година плаќале по 100 денари за училишно осигурување, но и покрај тоа, кога се случила незгодата осигурителната компанија не и платила ниту денар обештетување иако уредно ги доставиле сите потребни документи. „Ги поднесов јас лично документите, прво поднесов фотокопија со изјава од девојчето како се случило, потоа ми рекоа не фотокопија...

Continue reading

јахја кемал

„Јахја Кемал“ стипендира десет ученици

Post Views: 3 Училиштето „Јахја Кемал” од Струга по деветти пат беше домаќин на натпреварот  за стипендија по англиски јазик. На натпреварот учествуваа 229 натпреварувачи од општина Струга, Охрид , Вевчани, , Дебрца, Дебар,  Ресен , Кичево, Демир Хисар и Пласница. На првите тројца ученици им беа доделени награди и сертификати: а)  прво место 5000  денариб)  второ место 3000 денарив)  трето место 2000  денари Соодветно наградени беа и менторите на учениците. Учениците од 1 до 25  место , добиваат право директно да се запишат  во ПСУ „Јахја Кемал” без полагање на приемен испит. Првите...

Continue reading

patron kliment

ОУ „Св.Климент Охридски“ со мјузикл го одбележа својот патронен празник

Post Views: 5 Мапет шоу, пародии, мјузикл, сцена од култниот филм Брилјантин, изведба на странски песни, хитови во седумдесеттите години на минатиот век, беа само дел од богатата програма која посетителите во преполната сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ можеа да ја видат по повод патрониот празник на ОУ „Климент Охридски“. Учениците зедно со нивните наставнички, ментори повеќе од еден месец интензивно се подготвуваа за овој настан. Директорот на училиштето, Јордан Пуроски рече дека оваа година приредбата која ја подготвиле е многу поразлична од се она што претходно било...

Continue reading

rakotvorbi

ОУ „Св. Климент Охридски” – Охрид го одбележа – Меѓународниот ден на лица со инвалидност

Post Views: 1 Учениците од посебните паралелки, нивните другарчиња од редовните паралелки, наставниците- дефектолози, наставниците од одделенска и предметна настава и стручните соработници беа учесници во работилницата на која заеднички изработуваа накит. Изработките ќе бидат презентирани на продажната изложба што ќе се организира во чест на Патрониот празник на ова училиште на 04. 12. 2014 во 18,00 часот во НУ Дом на култура ,,Григор Прличев” Охрид, пред отпочнување на свечената приредба. Во ова училиште од 1968 година се реализира настава за лица со пречки во развојот, односно...

Continue reading

diploma

Филип Србиноски добитник на наградата лидер на струката

Post Views: 10 Филип Србиноски со „Виенскиот начин“ на послужување ја освои наградата лидер на струката. Овој ученик од 3 година во угостителското училиште  „Ванчо Питошески“ е добитник на престижната награда  со прeзентација на своите вештини и знаења. Србиноски е меѓу ретките  ученици кои велат дека и понатака ќе се занимаваат со оваа професија. Ова  не е случај со многу негови претходни и сегашни колеги. Одбрав оваа струка да е моја професија, а најголема желба ми е да имам свој ресторан, открива младиот Србиноски.  За одржаниот натпревар во Скопје  и  наградата лидер на струката...

Continue reading

cvekja

Основците од „Св.Климент“ ќе организираат продажна изложба

Post Views: 1 ОУ „Св. Климент Охридски” – Охрид во пресрет на Патрониот празик на училиштето, Новогодишните и Божиќните празници на 01. 12. 2014 во просториите на училиштето организираше работилници со родителите, наставниот персонал и учениците на кои се изработуваа различни украсни предмети наменети за продажба. Одзивот на родителите ги надмина очекувањата на организаторите, со што тие потврдија дека се вистински партнери во многубројните активности што ги организира училиштето. Благодарение на креативноста и вештината на учесниците на работилниците, изработени се голем...

Continue reading

grigor prlicev

Од утре редовна настава, ОУ „Григор Прличев“ доби струја

Post Views: 4 Општина Охрид, утрово  ги подмири обврските на ОУ “Григор Прличев“ кон ЕВН- Македонија за потрошена електрична енергија во износ од 813.439. 00 денари. Струјата во училиштето е веќе вклучена  а тоа значи дека наставата продолжува да се реализира во нормални услови, учениците ќе учат  во топли и светли простории. Инаку, на вчерашната  вонредна седница  која беше свикана по иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески, со одлука на градските советници,    општина Охрид се обврза да го исплати долгот кон ЕВН Македонија  што училиштето го  има за потрошена електрична...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top