Ознака: училишта

skolo

Проблематичен старт на учебната година во Струга

Post Views: 7 Долговите за транспорт, струја и огрев го доведоа во прашање успешниот почеток на учебната година во струшките училишта. Џеми Хајредини, раководителот на секторот за образование при општина Струга, вели дека станува збор за долгови од 2009 година до денес, долгови кои се акумулирале како резултат на драстичното намалување на наменските средства кои општините ги добиваат од страна на Министерството за образование. „ Им должиме на снабдувачите со нафта големи суми на пари и тие сега преку суд ни ги земаат од сметките на училиштата. Тоа значи дека на неколку основни училишта...

Continue reading

Номиниран за девет оскари

Post Views: 6 Филмот “12 години ропство” кој е номиниран за девет Оскари, од наесен станува задолжителен за гледање во амеркианските државни средни училишта. Филмот е темелен на вистинска приказна на Афроамериканецот Соломон Нортуп кој бил дрогиран, киднапиран и продаден во Америка 1850  година, каде трпел долгогодишно злоставување. Неговиот лик во филмот го игра Чиветел Ејфор. Одлуката филмот да влезе во националниот “curriculum” и да постане задолжителен за гледање ја донесло Националното здружение на училишните одбори, (National School Boards Assotiation). Здружението заедно со...

Continue reading

Замена на старата дограма е најприоритетно за повеќето охридски основни училишта

Post Views: 1 На врвот од прироитетните листи во повеќето основни училишта во градот е замена на дотраената дограма. Поставување на современи врати и прозори е приоритет за менаџерите на училиштата кои успеавме да ги исконтактираме. Силвија Мојсоска директор на ОУ Григор Прличев ја нагласува оваа потреба ,а кажува дека за старата училишна зграда која претрпела помали ошетувања во јулскиот земјотрес добиле препораки да се реконструираат ходниците и ѕидовите. Потреба има и од промена на подни плочки во двете училишни згради, напоменува Мојсоска. Во една од најстарите училишни згради...

Continue reading

logo

Четврто издание на „Trash Fashion Macedonia“

Post Views: 3 Оваа година по четврт пат „Здружението на граѓани ОХО“ организира „Trash Fashion Macedonia 2014“, натпревар на креации изработени со реупотреба на материјал, наменет за сите средни училишта кои се вклучени во програмата  „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Целта на овој натпревар на креации е на иновативен начин да ги поттикне и анимира малдите да ја развијат свеста за заштита на животната средина и собирајќи го отпадот околу нив да креираат оригинални модели преку неговата реупотреба. Ова е единствен настан од ваков вид во македонија,...

Continue reading

Миграцијата покрај „белата чума“ го зема данокот во основните училишта

Post Views: 5 Иселувањето на младите брачни парови од Охрид и „белата чума“ ги празнат училиштата. Во општина Охрид во учебната 2017 /2018 година според подaтоцитe од МВР и изводите на родени во основните училишта треба да стартуваат 611 првачиња. Од овој број официјално во првиот уписен рок се запишани 498 првачиња, информираат од одделението за образованиe при локалната самоуправа. Од државниот инспекторат испратиле 113 пријави до родителите. Според нивните податоци со миграциските процеси има опаѓање на бројот на запишани првачиња. Од големиот број на испратени пријави добиле повратни...

Continue reading

Течат уписите за прва година во охридските средните училишта

Post Views: 0 Започнаа уписите во прва година во четирите охридски средни и стручни училишта за учебната 2017/2018 година. Во ОСУ „Св. Климент Охридски“ во прва година според објавениот конкурс може да се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик со минимум 60 поени. Ѕвонко Трпески , директор на гимназијата задоволен од интересот на завршените деветоодделенци да бидат дел од нивното училиште. „ Денешниот интерес покажа дека учениците се запишуваат за продолжување на своето понатамошно образование. Во првиот уписен ден беа пријавени над 170 ученици“, напоменува...

Continue reading

logo

Програма по Кембриџ, да или не?

Post Views: 3 Новата наставна програма од Кембриџ, по математика и природни науки за учениците во основните училишта, значи воведување на нов и сеуште несигурен систем на работа, а од друга страна и деградирање на домашните автори, стои на порталот „Fakulteti“. Македонија, велат има квалитетен кадар по математика и природно-технички науки чие знаење е многу ценето и платено надвор, а дома истото не се почитува, а уште помалку плаќа. Учениците од прво до трето одделение од идната учебна година ќе учат математика и запознавање на околината по наставните програми од Кембриџ. За дел...

Continue reading

Турнир во шах за основните училишта

Post Views: 9 Во рамките на училишните спортски лиги  сојузот за училишен спорт  Охрид под  покровителство на локалната самоуправа Охрид организираше турнир во шах за основни училишта во спортска сала од ОУ “Св.Климент Охридски “ –Охрид  во кој зедоа  учество  повеќе ученици во машка и женска конкуренција. Најдобри во машка конкуренција беа учениците : Иван Велкоски од ОУ„Св.Климент Охридски “  прво место ,второто место го делеа учениците Константин Лушески од ОУ „Братство Единство “ со  Никола и Михаил Николовски од ОУ„Григор Прличев “,третото место го делеа учениците Михаил Рувинов...

Continue reading

Niko Nestor

Мерко дециден: „Сите училишта имаа доволно нафта“

Post Views: 1 Зимава која полека изминува ќе остане запаметена по екстремно ниските температури, големите количини снег и прекините во наставата во многу училишта. Најголемиот дел од струшките училишта се соочија со недоволно затоплени училници, при што, прекинот на наставата беше неизбежен. Серија обвинувања стигнаа на адреса на градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, дека не била обезбедена доволна количина на нафта за греење поради што струшките училишта останале без затоплување во деновите со најниски температури. Градоначалникот Мерко ги демантираше ваквите обвинувања...

Continue reading

Политиката се вмеша и во средните охридски училишта

Post Views: 4 Во средните охридски училишта се вмеша политика. Ученици од ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ излегоа од училишните клупи за протестираат на улица. Дојдоа и по врсниците од економското училиште и во гимназијата. Учениците како што кажаа, протестираат за зачувување на унитарноста на државата, против двојазичност и федерализација, односно барањата кои се познати и од граѓанското движење „ За Заедничка Македонија“. Учениците при тоа кажаа:  „Ако сакаат и неоправдани изостаноци нека пишуваат. Сами се организиравме за да се заштити...

Continue reading

Општинските училишта подготвено го започнаа второто полугодие

Post Views: 3 Второто полугодие во сите училишта во Охрид започна без никакви проблеми. Навреме е извршена дополнителната дезинфекција на просториите што беше препорака од Комисијата за заразни заболувања поради зголемената појава на грип. Во текот на вчерашниот ден сублимиравме и речиси и да немаше отсутни. Секако добре дојдена беше и паузата која ја имавме за зимскиот распуст така што второто полугодие почна во најдобар ред,. Доколку и понатаму има некои инструкции или ние сами осетиме дека се зголемува бројот на ученици заболени од грип ќе преземеме дополнителни мерки, вели Тони...

Continue reading

Ibraim Temo

Меѓуетничките односи во струшките училишта – стабилни

Post Views: 7 Директорите на двете средни Струшки училишта Нико Нестор и Ибраим Темо, уверуваат дека меѓуетничките односи во овие образовни институции се стабилни. Тие откриваат дека по неодамнешниот  инцидент, тепачката меѓу ученици од Охрид и Струга на автобуската постојка, во училиштата повеќе се зборувало за меѓуетничка толеранција. Првите луѓе на Нико Нестор и Ибраим Темо велат дека постојано работат на елиминирање на насилството меѓу учениците албанци, турци и македонци.  „Последната тепачката меѓу деветмината ученици од различна национална припадност  е изолиран случај, затоа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top