Мерко дециден: „Сите училишта имаа доволно нафта“

Сепак и покрај ваквите тврдења, добар дел од училиштата не беа доволно затоплени.

 |  Мишел Наумоски  | 
Niko Nestor
Нико Нестор

Niko NestorЗимава која полека изминува ќе остане запаметена по екстремно ниските температури, големите количини снег и прекините во наставата во многу училишта. Најголемиот дел од струшките училишта се соочија со недоволно затоплени училници, при што, прекинот на наставата беше неизбежен. Серија обвинувања стигнаа на адреса на градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, дека не била обезбедена доволна количина на нафта за греење поради што струшките училишта останале без затоплување во деновите со најниски температури. Градоначалникот Мерко ги демантираше ваквите обвинувања тврдејќи дека нафта имало во доволни количини. Еве каде тој го гледа проблемот.

 „Средните училишта скоро секоја година се надградуваат со нови паралелки па сегашниот котел не може да ги загрее сите училници кога температурите се во минус. Кога се позитивни температурите. Може да се грее.“-вели Рамиз Мерко, градоначалник на Струга.

Никола Затуроски, професор во средното училиште „Нико Нестор“ и актуелен советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се согласува со градоначалникот Мерко дека нафта имало во доволни количини. За пример го зеде токму училиштето „Нико Нестор“. И тој како и градоначалникот Мерко, проблемот го лоцираше во недоволниот капацитет на парниот котел со кој се загреваат и гимназијата „Ибраим Темо“, и „Нико Нестор“. Затуроски рече дека овој котел уште при самата проекција не бил предвиден да загрева толкав број на училници. Градоначалникот Мерко најави решавање на овој проблем.

Ramiz Merko„Сигурно дека тука ќе преземеме нешто заедно со директорите нови мерки за да се среди состојбата. Веќе сме разговарале со директорот од “Ибраим Темо“ бидејќи тие се подалеку од сегашниот котел и сегашното затоплување, да истиот остане за средното училиште „Нико Нестор“, а во „Ибраим Темо“ да се гради, да се стави нов котел кој ќе биде блиску до зградата за да може подобро да ги грее училниците и школото.“ -рече Мерко.

Мерко најави решавање и на проблемот со прокиснувањето на кровот на струшката гимназија „Ибраим Темо“, спортската сала при училиштето „Нико Нестор“, но и сите други училишта во Струга кои се соочиле со вакви проблеми поради обилните врнежи од снег.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top