Ознака: училишта

opshtina

Финансиски рапорт на јавните претпријатија

Post Views: 11 На утрешната 31- седница на советот на Општината, охридските советници ќе расправаат околу финансиското работење на јавните претпријатија  и општинските училишта. Исто така, на дневен ред ќе се најде и Предлог одлуката за усвојување на дополнувањето на Годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид. Финансиското работење на охридските јавни претпријатија, тема на утрешната седница на советот на општината. Покрај јавните претпријатија, извештај за своето работење пред советниците, ќе поднесе и Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат. И усвојувањето...

Continue reading

evn

ЕВН ги обучува најмладите како да ја користат електричната енергија

Post Views: 5 ЕВН Македонија четврта година по ред го спроведува проектот како разумно да се користи електричната енергија. Свеста кај граѓаните за рационално користење на електричната енергија овој пат ЕВН ќе ја подигнува преку најмладите. Со училишните квизови досега опфатени се 258 училишта во Македонија во 85 општини, вклучувајќи го и градот Скопје. „ Идејата за училишниот проект дојде од две места. Нашите колеги од Австрија спроведуваат сличен проект долги години  и посетуваат деца од школска воздраст и посетуваат работичници за разумно користење  на елекстричната енергија. ЕВН...

Continue reading

Dedo Mraz na ploshtad

Дедо Мраз на градскиот плоштад

Post Views: 1 Денес на  градскиот плоштад започна новогодишната забава. Почетокот на оваа забава беше наменет за најмладите. Организирано се појавуваа претставници од скоро сите основни училишта. А, како спектакл и изненадување за дечињата беше доаѓањето на Дедо Мраз. На градскиот плоштад веќе започна најавуваната новогодишна забава. Нејзиниот почеток резервиран за најмладите. Организирана беше претстава во која учествуваа сите дечиња од основните училишта, како и од детската градинка „ Јасна Ристеска “. Како спектакл и изненадување токму за дечињата беше пристигнувањето на дедо...

Continue reading

video nadzor

Постојан видео-надзор во училиштата во Охрид

Post Views: 5 Постојана чуварска служба, видео-надзор и континуирано присуство на полицијата се дел од мерките што ќе се воведат во средните и основните училишта во Охрид, за да се придонесе за намалување на наркоманијата како најголема опаснот по младата популација Тоа се дел од мерките за кои расправаше Локалниот совет за превенција за подрачјето на општина Охрид, на состанокот посветен на општата безбедносна состојба во општината, наркоманијата, справувањето со ризиците од кучињата-скитници, питачењето и уличното осветлување, како услов за безбедност во заедницата. На средбата...

Continue reading

Hristo Uzunov

Чуварите во охридските училишта без плата два месеци

Post Views: 6 Чуварите кои се ангажирани за обезбедување на 9-те основни и 3 –те средни училишта, како и за детската градинка Јасна Ристеска, реагираат – не зеле плата два месеци. Чуварските служби за обезбедување на објектите се ангажирани од локалната самоуправа. Од таму потврдувааат дека на дел од чуварите исплатена им е плата заклучно со септември, а на дел платата им се исплаќа со задоцнување од неколку месеци. Објаснуваат дека, сепак  пари  за сработеното ќе добијат сите. Од локалната самоуправа информираат дека во овие услови на безработица и недостиг на финансиски средства,...

Continue reading

Учениците и наставниците ќе здивнат од екстерното оценувње

Post Views: 5 Учениците протестираа токму против екстерното оценување. Но, од надлежните институции и училиштата официјално никој не ги призна причините. Сепак со оваа одлука на ресороното министертсво здивнаа и учениците и настаниците. Портпаролот на  Министерството за образование Горан Галевски потврдува дека годинава нема да има екстерно оценување. Ќе се избираат пилот училишта во земјава каде што ќе се применува тестирањето. Примената ќе започне од учебната 2011/ 2012 година. Во меѓувреме, училиштата ги формирале Комисиите за оценување, но, за одлагањето не добиле никакво официјално...

Continue reading

ucenici

Протести за екстерното оценување

Post Views: 6 Сите ученици од 8 и 6 одделение, како и дел од учениците од 7 и 5 одделение од основното училиште Свети Климент Охридски денес не следеа настава. Родителите се изненадени од ваквиот бојкот  на учениците. Се прашуваат на што се должи ваквата постапка.  Учениците од Св Климент Охридски протестираа против екстерното тестирање. Никој не сакаше од одговорните лица во училиштето да каже кој стои зад органзирањето на протестите. Дали се тоа некој од учениците или од професорите. Директорот на училиштето Славица Илиќ е на пат, а нејзиниот заменик не беше достапен за коментар....

Continue reading

opshtina

Прекината 24-тата седница на Совет

Post Views: 2 Работен ден за советот на општина Охрид. На 24тата седница на Совет, поради неспоивост на функции, од советник беше разрешен Владо Цветкоски, кој од пред неколку денови, со потпис на градоначалникот е назначен за генерален директор на ЈП „Нискоградба“. На негово место седнува Величе Маркоски, кој пред советниците даде свечена заклетва. Градоначалникот, од име на сите советници, на Маркоски му честиташе за новата функција и од него побара да се изјасни на која страна од советот ќе припаѓа. Новиот советник пак, на ова барање, одговори сосема кратко, дека доаѓа од независна...

Continue reading

kamera

Видео надзор во училиштата

Post Views: 0 Охридската гимназија  и економското училиште  од пред две недели се обезбедени со видео надзор. Покрај физчкото обезбедување на објектите се набавени и камери. За таа намена се потрошени сопствени средства во висина од 300.000 денари информира Бојан Петровски, секретар на  општинското средно училиште Св.Климент Охридски. Камерите се  поставени првенствено заради две цели додава Петровски. Првата е заради обезбедување на инвентарот и компјутерите добиени од проектото Компјутер за секое дете, а втората  е заради контрола на дисциплината и движењето на учениците внатре...

Continue reading

race

Грипот ги заобиколува Охрид и Струга

Post Views: 8 Постојано расте бро­јот на нови случаи заразени со грипот А Х1Н1 во светот и во регионот. И во Македонија се потврдени повеќе случаи на овој  грип, а во Охрид и Струга досега нема откриени случаи  велат од охридскиот Завод Здравствена Заштита од Охрид. Пред нас е пер­и­од кога може да се очекува поголем број заразени лица. Секако дека училиштата се изложени на  најголем ризик од заболување на новиот грип. Учениците велат едуцирани се и знаат како да се заштитат од болеста која го тресе светот.  Од Министерството за здравство им најави дека ќе ги затвараат училиштата...

Continue reading

ucenici

Згора-здола завршена дезинфекција

Post Views: 0 Извршена дезинфекција, како мерка за заштита од новиот грип, во основните училишта „Григор Прличев“, „Методиј Патчев“ и „Ванчо Николески“,  делумно во  „Св. Климент Охридски“, „Христо Узунов“ и во трите средношколски центри, а  додека во „Братство Единство“, „Кочо Рацин“ и „Наум Охридски“ засега нема ни трага од дезинфекција. Станува збор за потребна мерка, но како се поставени работите во моментов не се знае кој ќе ја прави постапката и кој ќе ја плати вели советникот за образование  Митре Велјаноски. Локалната самоуправа е сеуште во прва фаза на децентрализација и...

Continue reading

gimnazija

Стартуваше уписот во трите средни охридски училишта

Post Views: 23 Започна првиот уписен рок за учебната 2009 -2010 година во трите средни  охридски училишта. Слободни места има за 1044 ученици. Во општинското средно училиште  Св.Климент Охридски  има 442 слободни места. Од нив 272 места се во гимназиската насока,  во економската 136, а во медицинската паралелка  34  места. Во угостителското училиште Ванчо Питошески  има место за 238 ученици, а во Емуц има 364 слободни места. Годинава во средните училишта има  нови струки. Тоа се здрвствената струка и паралелката за лични услуги.Лани во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ имаше слободни места...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top