Стартуваше уписот во трите средни охридски училишта

Започна првиот уписен рок за учебната 2009 -2010 година во трите средни  охридски училишта. Слободни места има за 1044 ученици.

 |  Валентина Нелоска  | 
gimnazija
гимназија

Започна првиот уписен рок за учебната 2009 -2010 година во трите средни  охридски училишта. Слободни места има за 1044 ученици.

Во општинското средно училиште  Св.Климент Охридски  има 442 слободни места. Од нив 272 места се во гимназиската насока,  во економската 136, а во медицинската паралелка  34  места. Во угостителското училиште Ванчо Питошески  има место за 238 ученици, а во Емуц има 364 слободни места. Годинава во средните училишта има  нови струки. Тоа се здрвствената струка и паралелката за лични услуги.
Лани во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ имаше слободни места за резбарско одделение и за дрвопреработувачи, но за жал завршените осмооделенци не пројавија интерес.

gimnaizijaГодинава има конкурс за упис на 34 ученици на одделот лични услуги или козметичарски техничар со што е постигнат прав погодок вели директорот на ЕМУЦ „Св. Наум Охридски, Бошко Силјаноски. Тој објаснува дека во југозападниот регион нема  училиште за изучување на козметичарската струка, а потребите и интересот за козметичари е голем вели Силјаноски. Заинтерсираните мораа да патуваат во други градови и се изложуваа на финансиски трошоци.
Споредено со лани интересот за упис во стручните училишта е малку помал. Раководните лица на училиштата тоа го објаснуваат со одлив на учениците во приватните училишта и со се понискиот наталитет. Во државното туристичко училиште Ванчо Питошески,  на  денешниот упис рок конкурирале 14 ученици за паралеката келнер, 24 завршени осмооделенци се пријавиле за угостителски техничар и 43 за изучување на струката готвач.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top