Ознака: учебната

Основните и средните училишта подготвени за старт на учебната година

Post Views: 0 Утре, на 1 септември, општинските основни и средни училишта на територијата на Општина Охрид официјално ќе почнат со настава со физичко присуство за сите ученици. Различни одделенија ќе влегуваат во училишната зграда во различно време и влез за да нема мешање на ученици од различни паралелки во ходниците. На секој ученик на влезот ќе му биде измерена температура и доколку е повисока од 37, 4 степени тогаш тој ќе биде вратен дома. Истото важи и за вработените во училиштето. Првиот училишен ден е резервиран за запознавање на учениците со протоколот и мерките, да носат...

Continue reading

Сe понеизвесен почетокот на учебната година за учениците од централниот објект на ОУ „ Братство Единство “

Post Views: 11 Сe понеизвесен почетокот на учебната година за учениците од централниот објект на ОУ „ Братство Единство “. Советот на родители од ова донесе одлука дека додека не се санираат настанатите штети на ова училиште кои се последица од земјотресите кои го затекнаа регионов, и додека не се добие извештај од релевантни институции, ИЗИС и сл. децата нема да посетуваат настава во училишната зграда. Телевизија ТВМ неодамна пишуваше за овој проблем и за состојбата во која се наоѓа училиштето. Главниот влез во централната училишна зграда е опасен заради напукнувања на носечкиот...

Continue reading

Учебната година ќе „удри“ по семејниот буџет

Post Views: 10 Нешто повеќе од една недела не дели до почетокот на новата учебна година, а родителите веќе на големо купуваат училишен прибор и ранци за децата. Трошоците поврзани со зимницата и секако со почетокот на учебната година месец септември го прават да биде меѓу најскапите месеци во годината. Ова особено ги загрижува семејствата кои што располагаат со минимални приходи. Според првичните пресметки што ги прават родителите, почетокот на учебната година за еден ученик семејството ќе го чини околу 6000 денари. Со овие пари како што велат родителите треба да се купат, тетратки,...

Continue reading

ucilnica

Во сабота на училиште

Post Views: 1 Министерството за образование и наука мината недела ги извести сите општини каде наставата беше во прекин да изработат план за одработување на изгубените денови со препорака истите да бидат во неработните денови, односно во саботите и за тоа писмено да го известат Министерството и државниот просветен инспекторат, изјави вчера Министерот за образование и наука Панче Кралев. До крајот на учебната година има уште 10 саботи кога може да се одработат деновите, не вклучувајќи ги празниците. -Во случај да постојат објективни причини едно училиште да не може да го спроведе обработувањето...

Continue reading

Со нова библиотека започна учебната година во с. Лескоец

Post Views: 12 Библиотека и нова реконструирана училница, денес, на првиот училишен ден добија учениците од ОУ „Ванчо Николески“, од село Лескоец. Нив во употреба ги пушти првиот човек на градот Никола Бакрачески. Бакрачески истакна дека училиштата во руралните средини на општина Охрид имаат потреба од помош и поддршка од Локалната самоуправа, но и од Министерството за образование, во поглед на обезбедување подобри услови, како што е енергетската ефикасност, замена на подови, санитарни јазли, прозори и врати, обезбедување на учебни помагала и реквизити, но и во делот на финансиското...

Continue reading

ucenici

Кралев: Матурантите од 2013 ќе полагаат 4 екстерни предмети

Post Views: 0 Матурантите од учебната 2013-2014 година ќе полагаат четири екстерни предмети, за чиј избор дополнително ќе се одлучи во консултации со Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар и пошироката јавност, рече Панче Кралев, министер за образование и наука. “Од учебната 2013-2014 година ќе се полагаат само четири екстерни предмети од државната матура. На овој чекор се одлучивме целиот систем да има доволно време за неопходни подготовки“, рече Кралев. Според министерот, идејата за ова е услогласување на заложбите од аспект на стекнување на знаења од одреден...

Continue reading

kampanja

“Здрава храна за детство без мана“ под покровителство на првата дама Маја Иванова

Post Views: 3 Целта на кампањата е да го поттикне интересот кај децата за здрава и правилна исхрана. Оваа кампања е дел од Програмата “Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која здружението на граѓани ОХО, во соработка со Министерството за образование и наука успешно ја имплементира веќе две години.Во учебната 2011/2012 училиштата и градинките ќе спроведуваат различни активности во текот на целата учебната година со кои децата ќе бидат запознаени со важноста на здравата исхрана и воедно ќе бидат поттикнати да конзумираат здрава храна како дел од нивниот...

Continue reading

Скратени часови за учениците од утре до четврток

Post Views: 9 Вторпат од почетокот на учебната година високите температури се причина наставата да трае до 12 часот. Ваква одлука донесоа министерствата за образование и здравство по препорака на Комисијата за заштита на населението од топлотни бранови. Така ќе биде во наредните три дена, но во зависност од прогнозите на синоптичарите не е исклучена можноста од продолжување на скратената настава. ….на оваа мерка се одлучивме по препорака на надлежната комисија во министерството за здравство. Тоа значи дека сите директори и наставници мора да ја прилагодат програмата и наставата...

Continue reading

ucenici

Учениците останаа без продолжен летен распуст

Post Views: 4 Не се оствари желбата на учениците за продолжен летен распуст – учебната година ќе почне точно на 1 септември. Ова е заклучокот од денешната средба на министерот за образование и наука, Панче Кралев и министерот за здравство, Никола Тодоров. Првите луѓе на министерствата за образование и за здравство имале работна средба во поширок состав со  членови на Хидрометеоролошки завод, и велат дека Македонија в четврток, 1 септември ќе биде со пониски температури, што не би требало да претставува никаков проблем за отпочнување на учебната година на време. – Од понеделник...

Continue reading

ucenici

Можно одложување на почетокот на школската година

Post Views: 1 Можно е да задоцни почнувањето на учебната година за средношколците и основците заради високите температури и топлотните бранови што ја зафаќаат земјава. Министерството за образование порача дека конечна одлука се` уште нема, но дека ја следат состојбата и ако треба ќе реагираат. Благ пад на температурите се очекува пет денови по официјалниот старт на учебната година, односно на петти септември. Доколку Министерството не реши поинаку, препораките на владата ризични категории да не бидат изложени на сонце во одреден дел од денот – нема да важат за учениците. Официјалниот...

Continue reading

Заврши учебната година која мина во знак на Ковид пандемијата

Post Views: 3 Министерката за образование и наука Мила Царовска со видео обраќање се заблагодари на наставниците, учениците и родителите за успешно завршената учебна година во вонредни услови поради пандемијата. Учебната 2020/2021 претставуваше предизвик на кој заеднички успеавме да одговориме. Учениците добија квалитетна настава и непрекинат воспитно-образовен процес, а нивното здравје, безбедност и благосостојба беа заштитени, што за сите нас претставуваше најголема грижа. Сето ова немаше да биде возможно без несебична поддршка и помош од наставниците и родителите. „Цврсто верувам...

Continue reading

opstina ohrid

Краен рок за талентираните ученици да аплицираат за стипендии

Post Views: 1 Денеска истекува последниот рок за аплицирање на конкурсот кој го објави општина Охрид за доделување стипендии на талентирани ученици од охридските основни и средни училишта за учебната 2014/2015 година. Според планираното ќе бидат доделени 15 стипендии за талентираните ученици од VIII и IХ одделение од општинските основни училишта и 20 стипендии за талентирани ученици  од II, III и IV година во средните училишта на подрачјето на општина Охрид. Висината на стипендијата ќе изнесува 1.500 денари месечно за девет месеци во текот на  учебната година. Исто така денес истекува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top