Учениците останаа без продолжен летен распуст

Не се оствари желбата на учениците за продолжен летен распуст – учебната година ќе почне точно на 1 септември. Ова е заклучокот од денешната средба на министерот за образование и наука, Панче Кралев и министерот за здравство, Никола Тодоров.

 |   | 
ucenici
ученици

uceniciНе се оствари желбата на учениците за продолжен летен распуст – учебната година ќе почне точно на 1 септември. Ова е заклучокот од денешната средба на министерот за образование и наука, Панче Кралев и министерот за здравство, Никола Тодоров.

Првите луѓе на министерствата за образование и за здравство имале работна средба во поширок состав со  членови на Хидрометеоролошки завод, и велат дека Македонија в четврток, 1 септември ќе биде со пониски температури, што не би требало да претставува никаков проблем за отпочнување на учебната година на време.

– Од понеделник наставата ќе се одвива редовно, со тоа што ќе напоменам дека ние секојдневно ја следиме состојбата и доколку има потреба од дополнителни мерки, ќе биде информирана јавноста. Во однос на 1 септември, се работи за прв училишен ден, така што очекуваме, како и секој прв училишен ден, дека ќе нема полно работно време – изјави Кралев.

Владимир Кендровски од Комисијата за заштита од високи температури, вели дека препораките се однесуваат на посебно ранливата популација за директна изложеност на сонце.

– Заради тоа, препорачано е наставата да заврши во 12.00 часот, затоа што знаеме дека најтоплиот дел од денот е до околу 17.00 часот. Со тоа се дава можност на децата да заминат дома пред почетокот на најтоплиот дел од денот – вели Кендровски.

Истовремено се препорачуваат низа мерки преку одржување на хигиена до внимателност во консумирање храна.

-Се препорачува редовно одржување на хигиената во училиштата, одржување на личната хигиена со редовно миење на раце, избегнување на консумирање на лесно расиплива и несоодветно чувана храна – истакна Тодоров.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top