Краен рок за талентираните ученици да аплицираат за стипендии

Денеска истекува последниот рок за аплицирање на конкурсот кој го објави општина Охрид за доделување стипендии на талентирани ученици од охридските основни и средни училишта за учебната 2014/2015 година.

 |  Голабовски Крсте  | 
opstina ohrid
општина охрид

Денеска истекува последниот рок за аплицирање на конкурсот кој го објави општина Охрид за доделување стипендии на талентирани ученици од охридските основни и средни училишта за учебната 2014/2015 година.

стипендииСпоред планираното ќе бидат доделени 15 стипендии за талентираните ученици од VIII и IХ одделение од општинските основни училишта и 20 стипендии за талентирани ученици  од II, III и IV година во средните училишта на подрачјето на општина Охрид. Висината на стипендијата ќе изнесува 1.500 денари месечно за девет месеци во текот на  учебната година.

Исто така денес истекува рокот за аплицирање на конкурсот кој го објави Охридската Локална самоуправа за доделување стипендии на редовни студенти од општина Охрид запишани на државните универзитети во Република Македонија за  академската 2014/2015 година.

Според планираното ќе бидат доделени 30 стипендии за редовни  студенти  од  II, III, IV, V и VI година од општина Охрид кои студираат на државните универзитети во Република Македонија, за академската 2014/2015 година. Висината на стипендијата ќе изнесува 2 000 денари месечно и ќе се доделува девет месеци во текот на  учебната година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top