“Здрава храна за детство без мана“ под покровителство на првата дама Маја Иванова

Официјално започна кампањата “Здрава храна за детство без мана“ која е под покровителство на г-ѓа Маја Иванова, сопруга на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

 |   | 
kampanja
кампања

Целта на кампањата е да го поттикне интересот кај децата за здрава и правилна исхрана. Оваа кампања е дел од Програмата “Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која здружението на граѓани ОХО, во соработка со Министерството за образование и наука успешно ја имплементира веќе две години.
kampanja
Во учебната 2011/2012 училиштата и градинките ќе спроведуваат различни активности во текот на целата учебната година со кои децата ќе бидат запознаени со важноста на здравата исхрана и воедно ќе бидат поттикнати да конзумираат здрава храна како дел од нивниот секојдневен оброк.

Активностите ќе вклучуваат: изработка на кратки пораки на темата  “Здрава храна за детство без мана“ кои ќе станат дел од Еко-кодексот на училиштата и градинките; изработка на рецепти на темата  “Здрава храна за детство без мана“ од учениците и децата; одбележување на определените денови на зеленчук и овошје; изработка на ликовни и пишани творби; организација на натпревари, изложби, маскембал и јавни настани за промоција на кампањата;
kampanja
За потребите на кампањата се изработени постери со пораката кои ќе бидат дистрибуирани до сите воспитно-образовни институции и до сите останати институции вклучени во воспитно-образовниот процес.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top