Ознака: уметници

izlozba

Охрид е расадник на млади уметници

Post Views: 27 Одржана традиционалната изложба  на родокрајните сликари со три деценски континуитет на уметници  кои потекнуваат, работат или сликаат во Охрид. На изложбата се претставени 30 дела на 20  сликари, вели организаторот на изложбата при Центарот за култура академскиот сликар Славко Упевче. „ Можам да кажам дека од година в година има се повеќе учесници на изложбата. Ги покануваме сите кои завршиле соодветно образование, средно уметничко, виша педагошка или Академија на ликовни умтености со цел да се задржи квалитетот на изложбата со оформено образование.“ На изложбата се...

Continue reading

ptoekt

Уметниците од Македонија и Албанија преку уметност ќе им помагаат на ранливите категории на граѓани

Post Views: 7 Уметноста ставена во функција на ранливата категорија на граѓани. Проектот под наслов „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размени меѓу уметници кои работат во социјалната област” има за цел да ја поттикне уметноста и креативноста кај оние луѓе кои скршнале од вистинскиот пат. Културниот центар „Медиа Артес“ од Охрид и албанската асоцијацијата „Рефракшн“ една година ќе го спроведуваат овој проект кој е финансиран од ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Со него се опфатени општините Охрид...

Continue reading

roza

Симболиката на розите

Post Views: 8 Розата со право е наречена кралица на цвеќињата. Низ целиот свет е позната како традиционален симбол за љубов и убавина. Речиси сите уметници го величат овој цвет, писатели, поети, музичари…Во светот на уметноста во најголема мера се користи во периодот на грчко – римската антика каде во Стара Грција поетот Анакреонт во своите оди ја славеше роза како кралица на цветовите и цвет на боговите. Во антиката освен како цвет на љубовта и среќата била и симбол на херојска храброст, триумф и слава. Розите се ставале на гробовите на паднатите јунаци и ги поврзувале...

Continue reading

matova

Три генерации на охридски уметници во 20 век

Post Views: 7 Историчарот на уметност Јорданка Матова е автор на 4-тата книга посветена на уметноста под наслов „Сликарството во Охрид во 20 век“. Матова во едно сеопфатно издание ги поместува охридските уметници кои биле активни во  уметничкото творештво. Сликарството во Охрид  во 20 век и на почетокот од 21 претставува  спој  на уметници, скулптори,  иконописци и фрескописци продолжувачи на богатата охридска сликарска традиција. 10 години  истражувала во богатиот фонд на уметнички дела во Завод и Музеј, а на книгата работела 2 години. „Од самото истражување произлезе дека во Охрид...

Continue reading

Пандемијата ги натера естрадните уметници да бараат други извори на приходи

Post Views: 0 Од  талентирани музичари  кои целиот свој живот заработуваат од музика , денес во потрага по нова професија. Пандемијата со корона вирисот ги остави естрадните уметници без егзистенција. Повеќето од нив барајќи решение се пренасочуваат  во нова професија. Познатата фолкерка Елена Јовчевска  , раскажува дека неможејќи без приходи се вработила како економист во една компанија. „Музиката е таа која што ја  шири нашата култура, македонштината пред се` културата се искажува со македонска песна, македонска музика. Тешко ми е е без музика,  јас лично секогаш сум велела  пеам...

Continue reading

Nemanja Radulovic

Музичкиот дел на Охридско лето, завршува со концертот на Немања Радуловиќ

Post Views: 0 Со концерт на српскиот виолинист Немања Радуловиќ, кој се вбројува меѓу највпечатливите уметници од младата генерација на денешната музичка сцена, во пијано придружба на Сузан Маноф од САД, вечерва се затвора музичкиот дел од програмата на Охридско лето 2013. Познатиот виолинист, кој со своите атрактивни настапи го одушевува аудиториумот и пијанистката позната по својот афинитет кон камерната музика , во акустичната Света Софија ќе изведат дела на Чајковски, Моцарт, Бах, Франк, Равел. „Во коципирањето на програмата на музичкиот дел на фестивалот Охридско лето големо...

Continue reading

izlozba Upevce

Научна и уметничка визита 2013 „Охридскиот чинар“ од уметник Славко Упевче

Post Views: 15 Охридскиот Чинар – сите негови возвишувања и падови пред охриѓани благодарение на уметничката четка на Охридскиот реномиран уметник Славко Упевче. Синоќа во Куќата на Уранија беше отворена изложбата Научна и уметничка визита 2013 „Охридскиот чинар“, во организација на академскиот сликар Упевче, Македонската академија на науките и уметностите и охридскиот книжевен и научен центар „Уранија“. „Изложени се 10 слики во периодот од околу 40 – 50 години, но бројот на слики со мотиви од Чинарот кои се низ целиот свет е уште поголем. Со оглед на близината на мојата куќа...

Continue reading

logo

Сликарот Славко Упевче ќе учестува на „Светските уметнички игри“

Post Views: 27 На „Светските уметнички игри“ кои годинава се одржуваат низ неколку градови од Република Хрватска, четиристотини уметници од 52 земји во светот ќе се обидат на еден поинаков начин да им ја доближат уметноста на сите оние кои уживаат во нејзината убавина. Македонски преставник на игрите, е Охридскиот ликовен уметник Славко Упевче. „Во Загреб и неколку други градови во Хрватска се организираат светски уметнички игри со 400 учесници и со две мои дела јас сум претставен како ликовен уметник од Република Македонија. Таа изложба како што кажа и Похижек ќе оди и во Лудбрег...

Continue reading

logo

Фестивалот „Охридско лето“ збогатен со многу технички новитети

Post Views: 0 Најавената уметничка програма на 53-то издание на фестивалот „Охридко лето“ останува непроменета. На денешената прес конференција покрај програмата, беа  презентирани и цените на влезните билети, кои годинава ќе се движат од 250-1200 денари, а од овој петок, билетите веќе ке бидат во слободна продажба. Така,  фестивалската публика годинава навремено ќе може да се информира за настапите на врвните музички уметници и сценските изведби на реномираните театарски куќи. „Околу програмата немаме промени и измени. Како што ја најавивме, така за среќа одиме. Размислувавме дали...

Continue reading

arch. MIhail

Младите уметници ја возобновуваат старата уметност, иконографијата

Post Views: 1 Охридските зографи се прочуени по нивната умешност, по убавината на нацртаните фрески и икони кои ги красат нашите цркви. Оваа, по малку заборавена уметност ги пронајде своите возобновувачи. Млади, талентирани уметници, со стручна наобразба во уметничките центри во Белград, Софија, Букурешт, со својата мирна рака ги сликаат делата достојни на нивните надалеку познати претходници. Дел од нивните дела се изложени во Куќата на Робевци. „Во разговори со младите уметници, дојдовме до заклучок дека е паметно да се направи една таква изложба, и оваа изложба е трета по ред....

Continue reading

logo

Завршува 52-то издание на фестивалот „Охридско лето“

Post Views: 3 Денес завршува овогодинешното издание на фестивалот „Охридско лето“. Елизабета Јанкулоска, директорот на фестивалот истакна дека е ова е едно од најуспешните негови изданија, за што доказ е фактот што во целост е реализирана неговата програма, како и тоа што секој негов настан се одржуваше пред полни трибини, задоволна публика и во знак на беспрекорна сценско-техничка организација. „На сцената имавме врвни уметници кои со неповторливите настапи оставија  белег во збогатувањето на Програмата. Ваквите уметнички вредности ќе останат засекогаш врежани во срцето на богатата...

Continue reading

Andrej Korobejnikov

Андреј Коробејников на „Охридско лето“

Post Views: 3 Неговото прво гостување на фестивалот „Охридско лето“ и синоќешна изведба на делата на Бетовен, Рахманјинов и Скрјабин, не оставија никого рамнодушен, а публиката сооодветно го награди со многубројни овации и апалузи. За тоа колку е лесно или тешко еден ваков уметник да биде дел од мучката програма на Фестивалот „Охридско лето“ проговори музичкиот селектор на фестивалот, Професорката Гордана Јосифова Неделкова. „Предизвик е секогаш да се трага по големите уметници, меѓутоа задоволството е големо кога ги имаме на фестивалот., зошто со вакви имиња, фестивалот расте и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top