Андреј Коробејников на „Охридско лето“

Вундеркиндот пијанист, Андреј Коробејников синоќа на вљубениците во сериозната музика им подари незаборавно музичко доживување.

 |  Голабовски Крсте  | 
Andrej Korobejnikov
Андреј Коробејников

Неговото прво гостување на фестивалот „Охридско лето“ и синоќешна изведба на делата на Бетовен, Рахманјинов и Скрјабин, не оставија никого рамнодушен, а публиката сооодветно го награди со многубројни овации и апалузи. За тоа колку е лесно или тешко еден ваков уметник да биде дел од мучката програма на Фестивалот „Охридско лето“ проговори музичкиот селектор на фестивалот, Професорката Гордана Јосифова Неделкова.

Andrej Korobejnikov„Предизвик е секогаш да се трага по големите уметници, меѓутоа задоволството е големо кога ги имаме на фестивалот., зошто со вакви имиња, фестивалот расте и постојано се збогатува“ вели Неделкова.

Овој исклучителен претставник на силната руска пијанистичка традиција е единствениот пијанист кој покрај Сергеј Рахманјинов дипломирал со највисоки почести на Московскиот Конзерваториум, на возраст од само 19 години.

Постдипломските студии ги завршува на Кралскиот музички колеџ во Лондон, како стипендист на Фондацијата Gill&Julian Simmonds. Како „чудо од дете“, Коробејников, својот прв солистички рецитал го остварува на осум годишна возраст и оттогаш се стекнува со повеќе од 20 државни и меѓународни награди. Меѓу нив најзначајни се третата награда на Интернационалниот натпревар Александар Скрјабин во Москва во 2004 година и Втората награда и наградата од публиката на Интернационалниот натпревар Сергеј Рахманјинов во Лос Анџелес во 2005 година. Концертирал во повеќе од 30 земји во светот и имал чест и привилегија да настапува со уметници од врвот на класичната култура, меѓу кои и диригентите Владимир Ашкенази, Антони Вит, Таиџиро Лимори. Во неговата биографија се забележани креативните контакти со Лондоснката филхармонија, Фестивалскиот оркестар од Будимпешта, Токијската филхармонија, Чешката филхармонија. Коробејников се стекна со бројни признанија од музичките критичари за своето исклучително техничко масјторство и музичка елоквентност.

publika„Светската стручна критика вели дека Коробејников секогаш е брилијантен во неговата техничка изведба и дека има особено изразена музичка елоквентност, што е многу значајно за еден уметник“ објаснува селекторот Неделкова.

Инаку вечерва продолжува музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, па така повторно во катедралната црква Св. Софија ќе настапи италијанското дуо Џанпаоло Бандини на гитара и Чезаре Кјакјарета на бандонеон.  На програмата ќе бидат дела од Пјацола, Таворало, Барди, Вилолдо и Пухол.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top