Охрид е расадник на млади уметници

Охрид е расадник на млади уметници.

 |  Валентина Неловска  | 
izlozba
izlozba

Одржана традиционалната изложба  на родокрајните сликари со три деценски континуитет на уметници  кои потекнуваат, работат или сликаат во Охрид. На изложбата се претставени 30 дела на 20  сликари, вели организаторот на изложбата при Центарот за култура академскиот сликар Славко Упевче.

„ Можам да кажам дека од година в година има се повеќе учесници на изложбата. Ги покануваме сите кои завршиле соодветно образование, средно уметничко, виша педагошка или Академија на ликовни умтености со цел да се задржи квалитетот на изложбата со оформено образование.“

Нslikiа изложбата се застапени сликари од 15 до 78 години, почнувајќи од младата Славица Танеска до највозрасните сликари Ѓорѓи Целески и Теофил Дамјаноски. Широк дијапазон на автори кои чувствуваат потреба со свои дела да се презентираат пред ликовната јавност во Охрид, напоменува Упевче. Центарот за култура ги отвара вратите за сите млади сликари, а градот изобилува со талентирани уметници.  

„ Последниве години има голем број на ликовни уметници кои завршиле соодветно образование во Скопје, Софија, Белград или Букурешт, тие се во зародиш на својата работа. Дел се пријавија, а дел не. Но, Охрид како расадник на ликовни уметници во иднина ќе даде нови имиња во современото македонско ликовно сликарство.“   

Изложбата се организира по повод празникот на градот Св. Климент Охридкси, 8 декември, одсекогаш предизвикувала интерес за учество. Во изминатите години свои изложби, во рамките на овој датум, имале охридските сликари, Вангел Наумоски, Јоне Симонче, Петар Мазев, Менде Иваноски, Стефан Манев, Димче Коцо.  Организаторот на изложбата академскиот сликар Славко Упевче набројува само еден мал дел од плејадата сликари кои оставеиле со својат а уметност неизбришливи траги во македонското сликарство.

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top