Ознака: туристите

plaza

Сакате плажа од 21 век или од 20-ти?

Post Views: 1 Предупредувањата се реализираа. Плажите кои останаа без стопан поради ригорозните услови за добивање концесија кои ги наметна Министерството за транспорт и врски, го нагрдуваат охридското крајбрежје. Една од нив е и некогашната плажа „Корали“ на која нема ниту траг од онаа на која само пред едно лето уживаа голем број гости. Само остатоците од шанкот и од тоалетите асоцираат на тоа дека тука имало некакви содржини. Од друга страна пак плажите кои се под концесија веќе наголемо ги пратат европските трендови. Тие се убаво уредени, просторот е осмислен, а хигиената е на...

Continue reading

topka

Лошо и несфатливо сообраќајно решение

Post Views: 10 „Сообраќајниот режим во Охрид треба да биде во корист на турситите и граѓаните, а не во корист на некои лични математики“, обвинија денес од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Oхрид. Атанаско Михаилов, претседателот на О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид ја обвини Локланата и Градоначалникот дека „Во целиот сообраќаен хаос предизвикан од градење на некакви сообраќајни раскрсници и други лоши сообраќајни решенија , и за шеталиштето кое претставува еден од најубавите делови на Охрид, изнајдено е навистина неразбирливо сообраќајно решение на почетокот на самата туристичка сезона,...

Continue reading

cvekinja terasa

Започна проектот „Охрид град на цвеќето“

Post Views: 0 Охрид несомнено ќе биде град на цвеќето. За тоа ќе се погрижи јавното претпријатие „Охридски комуналец“ во чии раце е спроведувањето на проектот кој носи наслов „Охрид град на цвеќето-2012“.Трајан Љаткоски, раководител на „Паркови и зеленило“ смета дека помина времето кога туристите се воодушевуваа само од културно-историските споменици, туку дека се повеќе тие застануваат и се сликаат пред зеленилото и цвеќињата во Охрид. „Оваа година ЈП Охридски комуналец се одлучи Охрид, 2012та да биде град на цвеќето. Тоа значи дека покрај тие 300 жардињери што ги доделивме, ЈП...

Continue reading

urbana oprema

Повторно хаос со урбаната опрема, велат од ДПМНЕ

Post Views: 2 вогодинешната програма за поставување на урбана опрема, парче харитја со хаотично исцртани квадратчиња, обвини советничката Јованка Дамоска Секулоска. Таа додава дека прогамата треба да ги одразува специфичните културни и природни карактеристики на Охрид како туристичка дестинација. Од ОК на ВМРО – ДПМНЕ и со обвинувања, дека ни годинава не ЛС не инвестирала ни денар во типизирани штандови за продажба на производи. „Со право можеме да го псотавиме прашањето, дали локалната самоуправа е таа која ја наплаќа таксата за поставена опрема или таксата оди вово други џебови,...

Continue reading

kafulinja

Работното време на угостителските објекти се продолжи

Post Views: 1 Угостителските објекти во Охрид за време на туристичката сезона ќе работат со продолжување од еден до два часа. Но, само за празниците за кои Охрид е најпосетен од туристите. Пред донесувањето на ваквата одлука од страна на мнозинството на Советот на општината, претходеше реакцијата на жителите од Урбаната заедница Стар Град. Членовите на Урбана заедница еден, бараат да не се продолжува работното време на угостителските објекти во викенд зошто велат, за гостите секој ден е викенд.Тие исто така со барање, концесионерите на плажите стрикно да се придржуваат до работното...

Continue reading

cinar

Тивко умира Охридскиот чинар

Post Views: 15 Попушта поставената заштита на стеблото на Чинарот. На надворешноста од најстарото дрво во градот е видливо поткопувањето на стеблото. Дрвото беше санирано во пролетта, 2002 година кога под налет на силно невреме, ветар и снег се искрши и падна една од двете странични гранки. Експертите го исчистија трулежот и го конзервира платанот, а требаше да постават и вештачка кора, но за тоа Министерството за животна средина не најде пари. Охридскиот чинар од 1967 година е ставен под заштита на државата како најстар споменик на природата. Дрвото се претпоставува дека е засадено...

Continue reading

Bekdor bend

Хард рок првомајски викенд во Охрид

Post Views: 0 „Бекдор бенд“, охриѓани и туристите ги почестија со своите рок изведби, но на еден малку поинаков начин, на камион, во движење. Тапанарот на бендот, Ози, вели дека идејата за овој нивен музички потфат е малку постара, но дека сега се створиле услови истата да се спроведе. „ Прв пат во нашиов град се случува ова, можеби ни во Македонија не е направено вака на камионче, подвижна рок свирка“ кажува Ози. Ози вели дека го одбрале празникот намерно, со цел да придонесат за збогатување на културните содржини во нашиов град. Инаку Бекдор брои четири членови, покрај тапанарот...

Continue reading

плостад

Одмор или кошмар

Post Views: 0 Годишниот одмор од задоволство може да се претвори во кошмар. На туристите кои доаѓаат да одмараат на охридско-струшката ривиера им се препорачува добро да се грижат за своите лични предмети. Хотелиерите од Охрид и Струга тврдат дека ги превзеле сите мерки за гостите ова лето да имаат што побезбеден одмор. Гоце Тасески од хотелот „Инекс Горица“ вели дека во нивниот хотел поставени се безбедоносни камери како би ги заштитиле гостите од крадците, но потенцира дека и гостите треба да се едуцираат како самите да се зштитат од опасностите кои ги демнат. Според податоците...

Continue reading

kruzen tok

Хортикултурното разубавување на Охрид

Post Views: 12 Охрид ќе биде хортикултурно разубавен за Велигденските празници. Финишираат зафатите кои ги преземаат од Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, со кои се средуваат кружните сообраќајни токови низ градот. Со околу стотина садници на цветно декоративни грмушки и зимзелени дрвца, се прави обид овие локации да оставаат добар впечаток , како хортикултурно уредено катче, вели Љаткоски Трајан од Работна единица „Паркови и зеленило. „Овде сега овој потег е извршено хортикултурно уредување со саден материјал од Расадникот кој сами го произведуваме и за овој период се одлучивме...

Continue reading

инфо

Охрид ќе се „поднови“ со инфо центар

Post Views: 5 Нивните очекувања се дека со повеќе инфо центри ќе се решат и низа проблеми во туризмот. Надминување на проблемот со промотивен туристички материјал, до кој туристите во моментов тешко доаѓаат. Но, очекувањата се насочени кон елиминирање на грдата слика, со приватните станоиздавачи кои на улица ги нудат своите сместувачки капацитети, нагласува туристичкиот менаџер Стефан Каневче. „Она што се случува со приватното сместување е срам за градот, туристите се влечат за раце, им се тропа по прозорите на автомобилите. Оваа глетка под итно треба да се реши, а инфо центрите се...

Continue reading

ljubanista

Љубаништа запоставенo од институциите

Post Views: 0 Љубаништа како погранично туристичко место со 130 постојани жители и околу 320 викендички е привлечно место за живеење. Мештаните, сепак имаат потреба од осовременување на инфарструктурата  и бараат поголемо внимание од локалната и централната власт. Имаат потреба од канализационен систем, пречистителна станица и подобро уредување, вели  секретарот на месната заедница Ѓорѓи Траески. Селскиот Дом на културата изграден од љубаништани во далечната 1948, кој е собиралиште на мештаните, сега бара реконструкција. Проблем е тоа што месните заедници не располагаат со пари и...

Continue reading

zelka od kamen

Пронајден камен-желка кај кампот Љубаништа

Post Views: 3 Интересно откритие на само еден километар воден пат од летниот камп Љубаништа. На самото крајбрежје низ густата вегетација срамежливо ѕирка карпа во форма на желка. Живописната карпа е природна формација и многу брзо ви го привлекува вниманието. Се чини и природата застанува на наша страна во обид да се привлечат што повеќе туристи. Па кога тешко успеваме да ги привлечеме туристите на други начини, зошто да не се обидеме и вака? Карпата се наоѓа покрај фреквентните води на Охридското езеро кои често ги минуваат бродовите кои носат туристи до туристичките населби. Лесно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top