Ознака: требало

Зелено светло за банкарска унија

Post Views: 5 Банкарската унија е еден од клучните одговори за кризата во Европа во финансискиот сектор, изјавил неименуван извор од германската влада. Спрема планот на ЕУ, би требало да постои еден супервизор кои ќе ги надгледува банките во еврозоната, потоа еден орган кои ќе ги одредува правилата за затворање или реконструкција на проблематичните банки, и едно тело во кое ќе се слеваат пари за да сето тоа се плати. Германската влада усвои пакет на закони со кои се дава зелено светло за формирање на европската банкарска унија. Спрема усвоениот закон, кредиторите и сопствениците на...

Continue reading

devojka

Жените не можат да лажат легнати

Post Views: 5 Во легната положба лагата се покажала вистински предизвик за жените, открија научниците од универзитет во Белгија. Во експериментот учествувале 123 млади студентки, кои одговарале на прашање, додека лекарите им ги скенирале мозоците. На почетокот девојките требало да раскажат во писмена форма што правеле секој ден. Потоа учесничките биле поделени во три групи. Првата група стоеле исправени и одговарале на прашањата, втората група седеле на стол, а третата лежеле. Студентките требало да излажат и да одговорат на вистината на еднаков број на прашања. Се покажало дека...

Continue reading

Уште една банка “грешница”

Post Views: 1 Станува збор за казна од најмалку половина милијарда долари поради забрането работење со земјите кои се на црната листа на САД. Имено, германската Commerzbank почнала преговори со властите на САД кои ја обвинуваат дека преку своите филијали во САД префрлувала пари на судански и ирански компании, пишува NewYork Times, а се повикува на неименувани извори. Весникот тврди дека спогодбата помеѓу германската банка и американските федерални власти би требало да биде постигната до крајот на летото. Разговорите за спогодбата започнале и се очекува дека банката може да се соочи...

Continue reading

Еве зошто вработените во Apple никогаш не сакале да ручаат со Steve Jobs

Post Views: 7 David Black рбаотел во Apple скоро 12 години пред да ја напушти компанијата и да отвори свој бизнис. Во разговор со Business Insider открил неколку занимливости за покојниот челник на Apple, Steve Jobs, и неговиот однос со вработените. Како што тврди Black, во Apple никој за време на ручекот не сакал да седи на иста маса со Jobs од едноставна причина што тој често имал обичај да ги прашува вработените – на што точно работат. Ресторанот по правило се празнел за 15-20 минути кога шефот ќе се појавел таму, бидејќи за разговор со него секогаш требало да си добро припремен. Имено,...

Continue reading

Прв Хрватски “low cost” од 30 јуни

Post Views: 1 По повеќегодишни припреми од 30 јуни со работа би требало да почне со работа првата хрватска привтна авио-компанија “Dalmatian”, пренесува порталот SEEbiz. Како што е најавено на интернет страницата на low cost превозникот, Dalmatian од 30 јуни ќе го поврзува Загреб со 12 градови: Дизелдорф, Женева, Хамбург, Ларнака, Милано, Прага, Рим, Софија, Штутгарт, Варшава и Цирих. Во најава е уште и линијата за Виена но за оваа дестинација сеуште не може да се купи билет. Билетитите за некои од наведените дестинации можат да се купат од 29,99 евра во еден правец. Долгорочните...

Continue reading

Ако досега сте го правеле ова – престанете

Post Views: 10 Wikipedia може да биде многу корисен извор на информации но сепак треба да се земаат со резерва, а поготово кога се работи за сериозни теми како што се болестите и лечењето. Имено, истражувањето на научниците од американскиот универзитет Campbell, покажало дека девет од десет медицински статии на Wikipedia содржат погрешни информации, пренесува Daily Mail. Затоа предупредуваат, Wikipedia не би требало да се користи како замена за лекар. “Истражувачите не би требало да ја користат Wikipedia како главен извор бидејќи тие написи не проаѓаат низ процес на проверка како...

Continue reading

pismo

Дали доцнат вашите писма и пратки?

Post Views: 1 Во динамичноста на секојдневното живеење, луѓето се повеќе зависат од точноста и ажурноста, не само вашите сопствени, туку и на останатите. За разлика од минатото,  сега светот си има развиена мрежа на комуникации каде доставата се случува за само миг, или барем така би требало да биде. Во нашата држава, главен писмоносец е претпријатието Македонски пошти, па оттука, нивната ажурност е од големо значење за македонскиот граѓанин. Ова е особено важно не само поради пратките и писмата, туку поради фактот што голем дел од сметките на граѓаните доаѓаат токму по пошта. А...

Continue reading

problem greenje

Се најде ли решение за проблемот со греењето во ОУ „Климент Охридски“?

Post Views: 2 Се наѕира ли конечно решение за проблемот со затоплувањето во основното училиште „Свети Климент Охридски“? Како причина број еден за овој сериозен проблем, се смета старата и дотраена дограма во ова основно училиште. Според зборовите на првиот човек на градов, градоначалникот Петрески, за скоро време и овој проблем би требало да добие своја разрешница. „Свети Климент училиштето ние имаме намера да ја смениме дограмата бидејќи е стара, дрвена дограма и бевме до пред некој месец убедени дека со Норвешката амбасада имавме проект дека тие ќе вложат како амбасада за тоа...

Continue reading

kanal

Локалната самоуправа подготвена за справување со евентуалните поплави

Post Views: 2 Евентуалната појава на поплави не би требало да ја изненади Општина Охрид. После обилните врнежи на снег, граѓаните стравуваат од повторување на сценариото од пред две години, кога токму поради тоа, голем број домаќинства останаа поплавени. Од Локалната уверуваат дека се подготвени за одржување на речните канали и на најкритичните точки. „Навистина се влошени временските прилики, но ние на одредените делови на каналите веќе интервениравме минатата година и пред минатата, па сметаме дека и покрај ваквите временски услови ќе нема последици“, вели Симон Илиески, портпарол...

Continue reading

vmro-dpmne

ВМРО – ДПМНЕ од Охрид се враќа на сцена

Post Views: 15 После предвремените парламентарни избори и летната апстиненција на политичките партии од Охрид, ВМРО – ДПМНЕ веќе крои планови за наредната година, онолку колку што останува до локалните избори. Резултатот кој беше постигнат во Охрид за време на предвремените парламентарни избори низ партиската лупа на ВМРО – ДПМНЕ се гледа двострано, вели советникот Дејан Паноски. Според него, најважно е што Охрид го зачува гласачкото тело, па според тоа се прогнозираат идните политики. Паноски категоричен дека во Охрид мора да се случат промени на повеќе нивоа, за да може целата...

Continue reading

Ништо од очекуваното

Post Views: 1 Состанокот на Локалната со државните инспектори, од кој јавноста очекуваше да се расправа за работното време и буката која се создава на плажите, се заврте во друга насока, кон урбаната опрема. Инспекциските служби седнаа на иста маса. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески, на денешниот состанок со државниот и општинскиот инспекторат побара заедничко делување за справување со негативните појави во градов за време на туристичката сезона. Иако јавноста денес очекуваше одговор и решавање на проблемот со бучавоста која произлегува од објектите на плажите, главен акцент...

Continue reading

Opshta bolnica Ohrid

Пациeнтка со инфицирана рана жртва на лекарско препукување

Post Views: 20 Во Охридската општа болница три часа траела драмата на пациентката  Ленче Атанасоска, која со инфицирана рана на раката требало да прими инфузија. Атанасоска со уреден упат од матичниот лекар била испратена на хируршкото одделение заради тежината на повредата,  да даде мислење специјалист хирург. Хирургот д-р Никола Симоноски како  што тврди Атанасоска ја прегледал и препишал терапија  која требало да ја прими преку инфузија. По укажување на матичната лекарка терапијата  можела  да ја прими само во дневната амбулната при општа болница. Атансоска вели тука и започнал ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top