ВМРО – ДПМНЕ од Охрид се враќа на сцена

Советникот на ВМРО – ДПМНЕ, Дејан Паноски, смета дека на партијата и требаат промени, кои треба да се случат до крајот на оваа година, како би можела формацијата на партијата да профункционира во вистинска насока за наредните локални избори.

 |  Билјана Николоска  | 
vmro-dpmne
вмро-дпмне

vmro-dpmneПосле предвремените парламентарни избори и летната апстиненција на политичките партии од Охрид, ВМРО – ДПМНЕ веќе крои планови за наредната година, онолку колку што останува до локалните избори. Резултатот кој беше постигнат во Охрид за време на предвремените парламентарни избори низ партиската лупа на ВМРО – ДПМНЕ се гледа двострано, вели советникот Дејан Паноски. Според него, најважно е што Охрид го зачува гласачкото тело, па според тоа се прогнозираат идните политики. Паноски категоричен дека во Охрид мора да се случат промени на повеќе нивоа, за да може целата формација на партијата да профункционира.

Паноски вели дека во наредниот период приоритет ќе му биде Охрид. И во таа насока неговиот настап ќе биде сконцентриран на бранење на политиката за градот, бидејќи според него, сега е време да се направат вистинските чекори.

Исто така наближува рокот за истакнување на кандидатури за идниот градоначалник. Паноски вели дека очекуваат да има зголемени шпекулации во врска тоа. Според него кандидатурите би требало внатрепартиски да се отворени и јавни, како би се виделе визиите на кандидатите

Деновиве наголемо се коментира дека големи промени ќе има во здравството не само на централно туку и на локално ниво. Нови директорски имиња ќе има и во здравствениот сектор, а на тапет ќе бидат оние директори на клиники и болници кои перманентно прават долгови.

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top