Ознака: требало

Бунт во формула 1

Post Views: 9 Првата трка во новата сезона на Формула 1, големата награда за Австралија минатиот викенд, не донесе успех, ни приближно, каков што организаторите очекуваа. Ron Walker, претседателот на австралиската ГранПри корпорација и долгогодишен сојузник на шефот на Ф1 Bernie Eccleston, најавил можна жалба поради кршење на договорот. Имено, болидите по промената на моторите од V8 на V6 звучеле повеќе како картинг автомобили, а не како класични Ф1 болиди кои возат и преку 350 км на час. “Не плативме да го гледаме ова! Сите промотори ширум светот ќе се жалат. Ова беше престрашно“,...

Continue reading

Ова е права срамота !

Post Views: 3 “Имам екипа, но немам напаѓач. Да, го имам Самјуел Ето, но тој има 32 години. Можеби 35”, рекол во шала, “off the record”, менаџерот на Челзи Хозе Мурињо. Меѓутоа неговите зборови ги пренела една француска тв станица. Исто така додал во неформалниот разговор дека може да дојде до искушение за да го доведе колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао. “Јас немам напаѓач а тој нема гледачи затоа што игра пред 3000 посетители”, се потсмевал Мурињо на слабата посетеност на стадионот на Монако. Мурињо би требало да знае дека во јавност секогаш мора да внимава што зборува, без разлика...

Continue reading

Охриѓани може да здивнат, ново зголемување на цената на водата не би требало да има, доколку тоа се случи, истото би било минимално

Post Views: 3 За да се воспостави ефикасен систем на определување на цените на водните услуги, Регулаторната комисија за енергетика, како прво регулаторно тело со најголемо искуство во Република Македонија, од неодамна ќе ги утврдуваа тарифите за снабдувањето со сурова вода и вода за пиење, собирање и одведување на урбани отпадни води и пречистување на отпадни води, и кај малите населени места. Во нашата општина тоаа функционира веќе извесен период. Владимир Алексијоски, првиот човек на МЈП „Проаква“ вели дека ова е подобар начин за креирање на цената на водата, а охриѓани може да...

Continue reading

sut

Покрај реката Црн Дрим се трупа смет

Post Views: 0 Купишта градежен шут, искршени плочки, цигли, остатоци од стари куќи, хартија, картони,  ѓубре од домаќинствата, може да се види по течението на реката Црн Дрим, посебно на потегот од Мороишки мост спрема Струга. Згора на се, очигледно е дека овој потег долги години е  неуредуван и личи на змијарник обраснат во грмушки и трева која навлегува во коритото на реката. После браната кај црквата Св Петка во Струга, реката Црн Дрим продолжува да тече на диво, иако минува низ населени места, кои исто така би требало да бидат заштитени од потенцијални поплавувања со регулирано...

Continue reading

Ferrari на Хунгароринг, подновен

Post Views: 4 Ferrari денес во Унгарија реши да донесе ново надградено предно крило кое би требало ја зголеми надолната сила на болидот F150, согласно со посебните карактеристики на унгарската патека.4,4 км долгата Хунгароринг не се смета како „пријателска“ патека за болидите на Фернандо Алонсо и Фелипе Маса. Но, исто како во Силверстоун кога Ferrari успеа да се врати во живот, во Маранело во меѓувреме напорно се работеше со цел да се надоместат аеродинамичките загуби кои до пред неколку седмици претставуваат значителен проблем за тимот.Па така, големото изненадување во Унгарија...

Continue reading

Конкуренција на најмоќните телефони

Post Views: 0 Откако минатиот месец HTC и Samsung ги претставија новите модели на своите најпопуларни серии (One и GalaxyS), дојде ред на Sony кој денес во Јапонија го најави наследникот на популарниот Xperia Z3. Новиот модел не носи некои револуционерни новитети, но затоа е потенок и полесен а доаѓа со посилен хардвер кој би требало да ги задоволи сите љубители на оваа компанија. Дијагоналата на екранот на Xperia Z4 изнесува 5,2 инчи, со Full HD резолуција (1920х1080 пиксели), а хардверот  е составен од 64-битен Snapdragon 810 процесор и има 3 GB RAM. Меморијата изнесува 32 GB, а...

Continue reading

sednica

Локалната од Струга 6 години без статут

Post Views: 1 Патриотизам или договор. Струга е единствена општина во Македонија која работи без статут. Струшките советници никако да се договорат околу донесувањето на највисокиот општински акт, сататутот. Јулијана Зуноска од советноичката група на ВМРО – ДПМНЕ, го изнесе ставот на својата опција, каде децидно нагласува дека тие воопшто не се против донесување на статут на општината, но се против копијата на истиот кој падна на Уставен суд. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, смета дека потребна е подетална консултација меѓу сите засегнати страни. Според него албанскиот јазик...

Continue reading

Очите на ЕУ денес вперени во Ангела Меркел

Post Views: 3 Ангела Меркел пред неколку дена во парламентот најави состанок со грчкиот премиер Алексис Ципрас и рекла дека не треба да се очекува решение на проблемот на оваа средба. Помеѓу двете земји јакне сѐ поголема напнатост бидејќи Германија е загрижена од можноста Грција да не ги испочитува своите досегашни обврски, а Грција пак од друга страна ја гледа Германија како главен заговорник за острите мерки на штедење. Поради тоа, Ципрас би требало непопустливата Меркел да ја убеди на прифаќање на неговите реформски планови и репрограмирање на големите грчки долгови во склоп со...

Continue reading

Навреди кон медицинските работници не би требало да се повторуваат во наслови!

Post Views: 5 Пишува Ване Трајков Во насловот на објавената информација на порталот Република, по синоќешниот инцидент пред ГОБ ,,8 септември’’ кој гласи ,,Требаше да ја убијат, СЗО ви плаќа за секој починат: Неверојатни коментари на социјални мрежи’’ се повторуваат изнесени навреди и говор на омраза кон медицинскиот персонал. Иако во информацијата се пренесува соопштение од МВР за инцидентот и изјава на министерот за здравство кој го осудува чинот, се пренесуваат и навредливи коментари од социјални мрежи кои повикуваат на насилство, без да внимава дека може да предизвика мултиплирачко...

Continue reading

Пилотите на Lufthansa стапуваат во штрајк

Post Views: 3 Пилотите на германската национална воздухопловна компанија Lufthansa во среда ќе штрајкуваат, а тоа ќе се одрази на кратките и средно-долгите дестинации, изјавиле од компанијата. Штрајкот го организира синдикатот на пилоти “Vereinigung Cockpit” поради нерешени прашања околу бенефициите при одење во пензија, пишува BBC. Освен проблемите со бенефициите за одење во пензија, работниците се противат и на планот на проширување на бизнисот и интересот на Lufthansa спрема нискобуџетните летови. Штрајкот би требало да трае 24 часа а ќе се одрази најмногу на домашните летови....

Continue reading

Пристигнува најочекуваниот гаџет годинава

Post Views: 2 Apple за 9-ти март најави конференција за новинари на која најмногу ќе се зборува за нивниот паметен часовник кој во продажба би требало да се појави во април. Иако Tim Cook часовникот го претстави во септември, од оваа компанија до денес не објавија додатни информации за нивниот нов гаџет, но како што се ближи времето за почетокот на продажбата на некои портали се објавени гласини околу опциите кои ќе ги има овој уред. Bloomberg, повикувајќи се на неименувани извори, објавиле дека Apple веќе некое време во својата тајна соба во која нема мобилен сигнал и е забрането...

Continue reading

Најавена голема конференција на Apple

Post Views: 1 Иако продажбата на часовникот на Apple се најавуваше најрано за април годинава, се чини дека тоа можеме да го очекуваме порано и дека тоа ќе се случи еден месец пред очекуваното. Од Apple се пратени поканите до медиумите за 9 март за конференцијата која ќе се одржи во Сан Франциско, а иако не објавиле никакви детали за производите кои ќе бидат претставени на неа, скоро е сигурно дека нагласокот ќе биде на нивниот паметен часовник. AppleWatch прв пат е виден во септември минатата година кога конечно се објави дизајнот на овој уред а воедно се дознаа и некои од опциите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top