Покрај реката Црн Дрим се трупа смет

Планини со земја, градежен шут и отпад расфрлан долж течението на реката Црн дрим Струга. Ваквата грда слика посебно е изразена на потегот од Мороишки мост према Струга.

 |  Николоска Биљана  | 
sut
шут

Купишта градежен шут, искршени плочки, цигли, остатоци од стари куќи, хартија, картони,  ѓубре од домаќинствата, може да се види по течението на реката Црн Дрим, посебно на потегот од Мороишки мост спрема Струга. sutЗгора на се, очигледно е дека овој потег долги години е  неуредуван и личи на змијарник обраснат во грмушки и трева која навлегува во коритото на реката. После браната кај црквата Св Петка во Струга, реката Црн Дрим продолжува да тече на диво, иако минува низ населени места, кои исто така би требало да бидат заштитени од потенцијални поплавувања со регулирано речно корито, забележуваат струшките екологисти. Мате Гогоски од ЕД „Енхалон“ вели дека досега локалните власти  за една ваква инвестиција немаат слух, а по се изгледа ниту стручен кадар за да се справат со хаосот.

„Како екологисти луѓето ни се жалаат, на тие работи ама овие власти не не слушаат, што би требало да не е така меѓутоа засега така е, ние сме помош на власта а не критизери, но не слушаат сите што се на Власт повеќе знаат од нас“ – рече Гогоски.

sutЗа жал кај нас превентивните мерки сеуште не се практикуваат, нагласува Гогоски. Тој додаде дека последиците кои можат да настанат од една класична негрижа на човекот со расфрлање на смет посебно покрај водните ресурси, се несогледливи.

„Коритото го полни и еден ден ќе предизвика поплави, ако ние фрламе се што не ни треба во дримот, дното на коритото се полни со отпадоци што не е во ред бидејќи во тие отпадоци има и токсични материи кои што се штетни и за живиот свет во дримот како и за човекот доколку таа вода ја наменски ја користи“- предупредува Гогоски.

Инспекторот по екологија Митко Коркутоски, не гледа алармантност во состојбата. Тој кажа дека проблемот не е од сега и дека добро им е познат.  Додаде дека после изборите ќе распишат тендер за да се најде најповолен понудувач, кој тоа место ќе го израмни, како и да понуди проект за уредување на тој дел. Со оглед дека проблемот е бајат, се наметнува прашањето: Зошто досега чекаше струшката Локална самоуправа и што презел надлежниот инспекторат за да се надмине состојбата.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top