Пилотите на Lufthansa стапуваат во штрајк

Штрајкот ќе се одрази на сите кратки и средно-долги дестинации

 |  инфодеск  | 

Пилотите на германската национална воздухопловна компанија Lufthansa во среда ќе штрајкуваат, а тоа ќе се одрази на кратките и средно-долгите дестинации, изјавиле од компанијата.

Штрајкот го организира синдикатот на пилоти “Vereinigung Cockpit” поради нерешени прашања околу бенефициите при одење во пензија, пишува BBC.

Освен проблемите со бенефициите за одење во пензија, работниците се противат и на планот на проширување на бизнисот и интересот на Lufthansa спрема нискобуџетните летови.

Штрајкот би требало да трае 24 часа а ќе се одрази најмногу на домашните летови. Нискобуџетните Germanwings и Eurowings не би требало да имаат никакви пречки во возниот ред, изјавиле од синдикатот.

Имено, многубројните штрајкови во последно време сериозно почнале да создаваат штети во финансиското работење на компанијата. Lufthansa поради штрајкови минатата година имала загуби во износ од 232 милиони евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top