Ознака: технологија

Светилка која чита и се прилагодува на природната светлина

Post Views: 5 Neil Joseph, поранешен вработен во Tesla Motors, одлучил во октомври 2103 година да основа своја компанија за осветлување. Компанијата ја нарекол Stack, а нејзиниот прв производ била светилката Alba (на италијански значи изгрејсонце). Alba  е сијалица дизајнирана така што работи самостојно, како во подесувањето на јачината на светлото спрема достапното природно осветлување, така и со прилагодување на потребите на своите корисници и нивните домашни навики, пренесува Wired. Во диодите на таа светилка се сместени сензори за откривање на движења, простор и амбиентално светло....

Continue reading

inovacii

Ивановски: Македонија една од малкуте земји со отворени бази на податоци

Post Views: 3 Во хиперповрзаниот свет на глобални случувања, големите бази на податоци го менуваат светот. Вистински предизвик е начинот на кој се разбираат податоците, истите може да бидат сфатени како јавен ресурс, како приватна сопственост или како израз на индивидуален идентитет. Ова се дел од поентите искажани на затворањето на 18та конференција за достигнувањата во доменот на базите на податоци и информациони системи АДБИС и почетокот на 6та ИЦТ конференција за иновации кои се одржуваат во Охрид. Според претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, во обидот да се достигне...

Continue reading

Тинејџерите не можат без модерна технологија

Post Views: 1 Истражувањето на британскиот Ofcom покажува дека денешните деца со таблет и смарт телефон се служат и пред да почнат да зборуваат. Дури 84% од испитаниците на возраст од 12 до 15 години изјавиле дека без модерната технологија би биле изгубени. Најголемата промена сепак се однесува на податокот за телефонирање и комуницирање по пат на телефон. Додека пред дваесет години младите имале монопол над домашните телефони за разговори со пријателите, девојките и момчињата, само 3% од денешните тинејџери телефонот го користат за разговори. Мнозинството од нив комуницира по пат...

Continue reading

Pavel TAskov

Павел Тасков од УИНТ „Св. Апостол Павле“ најдобар на „Робомак“

Post Views: 1 Павел Тасков, студент на Универзитетот за информатички науки и технологии од Охрид освои златен медал на интернационалниот натпревар во роботика -„Робомак“. „Робомак“е интернационален натпревар по програмирање и вештачка интелигенција. Тоа е натпревар насочен кон популаризирање на роботиката и новата технологија во роботиката, со цел за малку да ја оживее оваа сцена и да ги поврзе луѓето во ова поле. „Целиот натпревар беше поделен во 5 категории, Сумо, Хуманоид, Right Target, Трка и Роботска Рака. Секоја категорија си имаше посебна задача и различна технологија која...

Continue reading

Информатичката технологија и пандемијата сериозно го загрозуваат здравјето на децата

Post Views: 0 Во пораст е бројот на учениците со разни деформитети и здравствени проблеми заради недосток од физичка активност, вели Наум Јамандиев професор по спорт и спортски активности од СОУ Св. Климент Охридски. Во пандемијата кога наставата се изведува онлајн за да се намалат последиците по здравјето на учениците професорите по спорт побарале од МОН и добиле можност часовите покрај онлајн да ги изведуваат и со физичко присуство. Дури 80 посто од учениците го прифатиле овој начин на изведување на наставата. Од друга страна, во неговото дведецениско работење во охридската гимназија,...

Continue reading

Основачот на Apple ги изненадил компаниите во Финска

Post Views: 2 Финскиот премиер Alexander Stubb изјавил дека основачот на Apple, Steve Jobs,  многу наштетил на вработувањата во таа нордиска земја со иновациите со кои ги изненадиле финските компании. “Се потпиравме на две работи и тоа на високата технологија со Nokia и индустријата за хартија” рекол Stubb за шведскиот економски весник Dagens Industri. “Да, Steve Jobs ги превзеде нашите бизниси. Но тоа сега се менува. Нашата дрвна индустрија полека ама сигурно се врти од хартиена маса кон зелена енергија, а индустријата на висока технологија према игрите”, додава премиерот. Steve...

Continue reading

Во иднина забите сами ќе се обновуваат

Post Views: 0 Новиот напреден третман, кои го открија Британците, ќе го поттикнува забот самостално да се регенирира со вбризгување на минерали од калциум и фосфат и поради тоа нема да има потреба од инекции, ниту од бушење. Откако американските научници во мај оваа година објавија дека развиваат технологија за поправање и полнење на забот со ласер, со нов напреден третман се појавија и Британците. Го рзвиле проектот на Кингс колеџот во Лондон, а новата технологија е специфична по тоа што ќе го поттикнува забот сам да се обновува. Во постапката нема инекции и ќе биде потполно безболна. Третманот...

Continue reading

Нов и попрецизен систем за навигација

Post Views: 0   Експертите од британската национална лабораторија за физика тврдат дека оваа технологија би можела да се најде во комерцијална употреба за три до пет години.  Систем кој наместо сателити за одредување на позицијта и насоката на движење ќе го користи магнетното поле на нашата планета и спрема нивните кажувања би бил попрецизен од актуелните уреди за навигација. Експертите велат дека системот за глобално позиционирање (GPS) кој моментално се користи за навигација, е ранлив и подложен на надворешни влијанија, како што е на пример радијацијата која предизвикува промени...

Continue reading

plaosnik

Направен спој на археологијата и компјутерската технологија

Post Views: 1 За прв пат кај нас направен спој на археологијата со компјутерската технологија. Визуелизирана ранохристијанската базилика од 5 век на Плаошник. Неколкумина студенти од  Универзитетот Апостол Павле под менторство на арехологот Владо Маленко изработија проект со кој може да се види како изгледала базиликата во периодот на нејзината градба. Професорот Јане Бакрески кој исто така учествуваше во проектот се надева дека ова ќе биде мотивација за институциите. Тие треба да сфатат каква е сериозноста на ваквите проекти и колку може да се придонесе да се  промовира  културното...

Continue reading

Плаошник

Културното наследство на Охрид ќе биде презентирано преку дигитални медиуми

Post Views: 1 Домашната и светската јавност ќе имаат можност преку современа дигитална технологија и на сосема поинаков начин да го доживеат огромното културно наследство на Охрид. За прв пат ќе биде преставена 3Д графичка реконструкција на ранохристијанската базилика на Плаошник.  На 18 и 19 јануари проектот ќе биде промовиран на првата меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам, чиј домаќин е Охрид, а на кој ќе учествуваат голем број земји. Рубин Земон, еден од иницијаторите на меѓународната конференција,  ја нагласува идејата за ревалоризација на културното...

Continue reading

Компјутерскиот криминал, опасна форма на меѓународниот криминал

Post Views: 1 Успешната битка против комјутерскиот криминал, кој е најсовремена форма на организиран криминал, не се води само на национално ниво, велат експертите. Регионалната координирана соработка помеѓу сите субјекти вклучени во борбата против овој вид на криминал, претставува императив.Законите, системите на криминална правда и интернационалната соработка не ја одржуваат брзината со која технологијата се менува. Министерот за правда на РМ, Михајло Манески истакна дека само минатата година кај нас биле пријавени 51 кривично дело од овој вид на криминал, тренд кој е идентичен...

Continue reading

univerzitet Sv Apostol Pavle

Универзитетот „Св. Апостол Павле“ доби пофалби и од Груевски

Post Views: 3 Информатичката технологија е една од најразвиените индустриски гранки во светот. Иако по навика кај нас работите се случуваат со задоцнување, сепак може да се рече дека полека но сигурно фаќаме чекор со технолошкиот напредок, пред се од информатичката технологија. Македонија произведува нови и одлично образовани кадри, од кои дел излегуваат и од Охридскиот универзитет за информатички науки и технологии, „Св.Апостол Павле“. Во последната своја посета на градов, премиерот Груевски се запозна поблиску со функционирањето на овој факултет, и искажа само пофални зборови за...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top