Светилка која чита и се прилагодува на природната светлина

Светилка која штеди помеѓу 60 и 80% повеќе енергија од обичната LED светилка

 |  инфодеск  | 

Neil Joseph, поранешен вработен во Tesla Motors, одлучил во октомври 2103 година да основа своја компанија за осветлување. Компанијата ја нарекол Stack, а нејзиниот прв производ била светилката Alba (на италијански значи изгрејсонце). Alba  е сијалица дизајнирана така што работи самостојно, како во подесувањето на јачината на светлото спрема достапното природно осветлување, така и со прилагодување на потребите на своите корисници и нивните домашни навики, пренесува Wired.

Во диодите на таа светилка се сместени сензори за откривање на движења, простор и амбиентално светло. Тоа значи дека косопственикот на компанијата Jovi Gacusan, кој работел на сензорите во NASA, морал да осмисли сосема нова технологија, бидејќи за Alba да функционира со голем ефект, морала да може да чита и реагира на дневна светлина.

Резултатот е светилка која чита и се прилагодува на светлото и тикму поради тоа штеди помеѓу 60 и 80% енергија повеќе од обичните LED светилки.

Alba  наутро емитира светлина со сина нијанса, за да може корисникот побрзо да се пробуди а потоа преминува на потопли нијанси во текот на денот за да навечер светлината биде исклучиво во топли тонови и му овозможува на корисникот да се опушти. Но, ако сето ова на корисникот не му се допаѓа, може светилката да ја програмира по пат на апликација која е креирана за нејзина работа. Сето тоа Alba ќе го прими и ќе ги запамти навиките на корисникот.

Оваа светилка има и модул за Bluetooth кој служи како iBeacon технологија така што нејзиниот хардвер разговара и со други смарт уреди. Но, засега сепак се користи само за движење на корисникот по домот.

Цената, секако, стигнува на крај, а основниот пакет сет од две светилки чини 150 долари, но сепак оваа светилка е далеку над конкуренцијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top