• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Информатичката технологија и пандемијата сериозно го загрозуваат здравјето на децата

Информатичката технологија и пандемијата сериозно го загрозуваат здравјето на децата

Информатичката технологија и пандемијата сериозно го  загрозуваат  здравјето на децата.  Намалената спортска активност ги влошува здравствените проблеми кај учениците. Во пораст се  разни  деформитети на скелетот, слаба мускулатура и појава на дебелина која  води до  посериозни здравствени проблеми.  

 |  Валентина Неловска  | 

Во пораст е бројот на учениците со разни деформитети и здравствени проблеми заради недосток од физичка активност, вели Наум Јамандиев професор по спорт и спортски активности од СОУ Св. Климент Охридски.
Во пандемијата кога наставата се изведува онлајн за да се намалат последиците по здравјето на учениците професорите по спорт побарале од МОН и добиле можност часовите покрај онлајн да ги изведуваат и со физичко присуство. Дури 80 посто од учениците го прифатиле овој начин на изведување на наставата. Од друга страна, во неговото дведецениско работење во охридската гимназија, вели дека драстично е намален бројот на средношколци кои активно спортуваат во некој клуб или школа. На почетокот од неговата професионална кариера процентот на ученици кои се бавеле со спорт во еден клас се движел од 70 -80 проценти, а сега има едвај 4 до 5 деца кои тренираат некоја спортска дисциплина. За одразот на физичката неактивност врз психо-физичката состојба кај учениците во претходните години е правена научна студија која покажува дека состојбите бавно се менуваат.

„Голем број од децата се со деформитети на рбетниот столб, голем е процентот на рамни стапала, дебелина која се јавува како недостаток од физичка неактивност. Тоа пак, доведува до појава на дијабет и кардиоваскуларни заболувања. Често деца во средно училиште доаѓаат со покачен крвен притисок. Мислам дека не се доволно физички активни. Треба да се разговара на државно ниво децата да имаат повеќе часови за задолжителен спорт“.

Јован Каланоски, дипломиран кинезиотерапевт, стравува дека со пандемијата ќе дојде до повторно влошувања на здравствената состојба кај децата. Стручни лица и професори се обиделе да ги стават под контрола деформитетите кај ученците откриени со научната студија направена пред 10 година. Тогаш проблемите биле резултат на користење на ИТ технологијата и остуството на спортски активности. Сега, пандемијата е нов фактор кој се заканува да предизивика серизони штети врз здравјето кај децата. Во изминатава година кинезиотерапевтите се ограничени со рестриктивните мерки да им помогнат на децата кои имаат потреба од нивна стручна помош за корекција, а децата не може да работат и да спортуваат.

„За жал мислам дека сега повторно ќе треба да се ангажираме, да се активираме. Секојдневно добивам повици, гледам загрижувачки резултати. Децата немаат можност да спортуваат не како претходно, спречени се во дружење и во активности и повеќе се дома. Искривени, над смарт телефони , имаат намалена мускулатура заради немање физичка активност. Тоа се најблагопријатни услови за деформитетите и најголеми штети и загуби трпат токму децата “.

Професорите по спорт и кинезиотерапевтите вклучени во корекција на деформитетите едногласни во пораката децата да се поттикнуваат што повеќе да спортуваат, да возат велосипеди, да пливаат, да спортуваат на отворено за да се спречат деформитетите и да се зајакне менталното здравје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top