Ознака: терористички

Терористички напад во ноќен клуб во Истанбул

Post Views: 8 Најмалку 39 лица загинаа од кои 16 странци а седумдесетина се ранети во терористички напад кој се случи синоќа во Истанбул. Нападот бил извршен во популарниот ноќен клуб „Рејна“ во квартот Ортакој, откако едно лице кое било облечено како Дедо Мраз влегло во клубот и отворило оган кон присутните кои таму ја прославувале новата година. Нападот почнал во 1:15 часот по полноќ по локално време, кога напаѓачот застрелал полицаец и цивил на влезот, по што влегол внатре и почнал да стрела кон луѓето, Турските власти соопштија вчера дека распоредиле 17 илјади полицајци во Истанбул...

Continue reading

Спречен нов терористички напад во Франција

Post Views: 0 Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев денеска соопшти дека француската полиција спречила планиран терористички напад во Стразбур. Уапсени се седум лица во Стразбур и Марсеј, по потекло од Франција, Мароко и Авганистан, на возраст меѓу 29 и 37 години. Апсењата се извршени во текот на изминатата ноќ. Според министерот за внатрешни работи, терористичката акција била „планирана подолго време на наша територија“. „Франција никогаш досега не се соочувала со ваква терористичка закана“, изјави Казнев. „Спречивме нов терористички напад“. Нема информации која...

Continue reading

Нов терористички напад во Лондон, петмина убиени

Post Views: 2 Лондонската полиција соопшти дека најмалку пет луѓе биле убиени, вклучувајќи го и напаѓачот, а 40 други биле ранети во вчерашниот терористички напад кај британскиот парламент. Полицијата верува дека нападот го извел еден човек, но продолжува истрагата и не се исклучува можноста и други да биле вклучени во него. Шефот на антитеростичката служба на лондонската полиција Марк Роули изјави дека постои сомневање оти причина за нападот бил исламскиот екстремизам и дека бил познат идентитетот на напаѓачот. Се почнало кога тој најпрвин со автомобил прегазил пешаци на Вестминистерскиот...

Continue reading

nemiri Atina

Вашингтoн – Грчките револуционери се терористи

Post Views: 7 Стејт департментот на САД  објави дека грчката екстремно лева група „Секта на револуционерите” е ставена на списокот на организации, кои се сметаат за терористички групи.Решението се аргументира со „терористичките дејности на групата, кои се закана за безбедноста на САД”. „Сектата на револуционерите” е терористичка организација, која користи насилство за да подготви револуција и за да ја собори грчката влада, смета Вашингтон. Сектата ја презеде одговорноста за убиството на новинарот Сократис Јолиас извршено на 19. јули во Атина Јолиас (37), кој се занимаваше со истражувачко...

Continue reading

Ajfelova kula Pariz

Кои се европските мети на Ал Каеда?

Post Views: 3 Владата на САД ги посоветува вчера Американците да покажат будност при патувањата во Европа поради потенцијални терористички закани од страна на Ал каеда и други екстремистички групи. Според телевизијата Фокс њуз, која се повикува на два разузнавачки извори, меѓу можните цели се Ајфеловата кула и катедралата Нотр дам во Париз, новата централна железничка станица, телевизиската кула „Александерплац“ и луксузниот хотел „Адлон“ во близина на Брандербуршката порта во Берлин. Едниот од цитираните е високопоставен западен разузнавач. Тој истакнал дека тие податоци биле собрани...

Continue reading

Терористички напад на свадба во Турција

Post Views: 2 Најмалку 30 лица се убиени, а околу 100 се ранети откако бомбаш самоубиец се разнесе на свадба на отворено во југоисточниот турски град Газиантеп, соопшти регионалниот гувернер, a пренесува BBC.Гувернерот на Газиантеп Али Јерликаја за агенцијата „Anadolu News“ изјави дека се работи за терористички напад. Експлозијата се случила за време на свадбена веселба на која имало многу луѓе. Се уште уште никој нема преземено одговорност на нападот.Минатата недела во мнозинскиот курдски југоисток на Турција повторно е забележан бран на насилства. Во низата бомбашки напади се убиени...

Continue reading

Нов терористички напад во Франција

Post Views: 7 Двајцата вооружени мажи се убиени од полицијата, откако зедоа заложници во црква во Сент Етјен, во близина на Руен, во Нормандија, околу 10 часот во вторник. Според извештаите, тие влегле во црквата од споредната врата за време на мисата. Свештеник, две калуѓерки и двајца верници беа меѓу заложниците, додека уште една калуѓерка успеала да избега и да ги алармира службите. Специјалната полициска единица беше пратена на местото, која со кордон ја обезбеди црквата. Министерот за внатрешни работи, Бернард Казанев, подоцна соопшти дека двајцата мажи се неутрализирани, по...

Continue reading

Терористички напад во Ница, Франција

Post Views: 0 Напаѓач во доцните вечерни часови (14.07) возејќи со товарен камион влетал во толпата луѓе кои од шеталиштето покрај брегот во Ница го гледале штотуку завршениот огномет по повод Националниот празник на Франција, Денот на падот на Бастилја. Камионот неколку стотици метри се движел преку тротоарот, а како што тврдат локални политичари, а притоа возачот и пукал врз насобраните луѓе, пред и самиот да биде убиен од полицијата. Инцидентот се случи на славната Променад де Англе за време на огноменот. Локалните власти ги повикаа луѓето да не излегуваат надвор, а инцидентот...

Continue reading

Троен самоубиствен терористички напад на аеродромот во Истанбул

Post Views: 6 Во терористичкиот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, кој се случи во вторникот вечерта, загинаа 36 лице, а 147 се повредени, изјавил турскиот премиер Бинали Јилдирим. Нападот го извршиле тројца бомбаши самоубијци, кои експлозивот го активирале на влезот во аеродромот. Најголем дел од жртвите се турски државјани, но меѓу нив има и странски државјани, соопштија турски официјални лица, без да прецизираат од кои држави се загинатите странски државјани. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди нападот на аеродромот „Ататур“, оценувајќи дека целта на нападот...

Continue reading

Терористички напад во Париз, убиен еден полицаец

Post Views: 0 Француски полициски службеник е убиен ноќта помеѓу понеделник и вторник пред својата куќа во предградието Magnanville во Париз, а одговорноста за нападот го превзеде Исламска држава, пренесуваат агенциите. Неидентификуван напаѓач убил 42 годишен полициски службеник и потоа се забарикадирал во неговата куќа. Него го убиле припадниците на специјалните сили на француската полиција откако пропаднале преговорите за предавање. Во куќата е пронајдено уште едно женско тело за кое се претпоставува дека е сопруга на убиениот полицаец, пренесува Reuters. Агенцијата на Исламска...

Continue reading

Стејт департмент предупредува за можни терористички напади

Post Views: 8 Стејт департментот ги предупредува американските граѓани дека летово се можни териористички напади во Европа, а цели би можеле да бидат туристичките објекти.Предпредувањето за опасноста при патувањето во Европа се однесува за периодот до 31 август. Стејт департментот предупредува дека цел на терористички напади би можело да биде и Европското првенство во фудбал што ќе се одржи во Франција од 10 јуни до 10 јули, како и манифестацијата Светски денови на католичката младина што ќе се одржи во Полска од 26 до 31 јули.

Continue reading

logo

Американски градови можат да бидат цел на напади како оние во Мумбај

Post Views: 0 Американски градови можат да бидат цел на напади како оние во Мумбај кон крајот на ноември минатата година, кога загинаа 172 лица, предупреди вчера директорот на американското Федерално биро за истражување (ФБИ), Роберт Милер. Како потенцијални мети Милер ги посочи Сиетл во државата Вашингтон, Сан Диего во Калифорнија, Мајами на Флорида, како и Менхетен во Њујорк. Овие напади ни кажуваат дека со разработена програма и малку пари терористите можат да го обезбедат потребното оружје за да нанесат максимално ефективни порази, истакна шефот на ФБИ на конференцијата посветена...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top