Ознака: терористички

zakana

Нов терористички видеоклип

Post Views: 2 Германската полиција проучува нов исламистички видеоклип на Интернет, што соддржи закани за терористички напади во Германија.Видеоматеријалот веројатно е изготвен пред околу една недела од Сојузот за исламски џихад – малку позната група од Пакистан и Авганистан. На клипот се гледаат шестмина маскирани мажи, кои говорат на различни јазици, а  последниот од нив и на германски јазик. Тој порачува: „Оваа година имаме подготвени некои изненадувачки пратки за окупациските сили, така што сојузниците на окупациските сили треба постојано да се во очекување на нашите напади“....

Continue reading

Mumbаi

Терористички напади во Мумбаи, над 100 загинати

Post Views: 4 Најмалку 101 лице е убиено, а 287 се ранети во координирани напади што се случија синоќа во повеќе делови на индискиот град Мумбаи, а утрово терористите држат уште десетина заложници, јавуваат медиумите. Според истите извори, нападнати се најмалку 10 локации, вклучувајќи и два луксузни хотели „Таџ Махал“ и „Оберои Тридент“, каде што напаѓачите барале американски и британски туристи. Милитантите држат десетина заложници во хотелот „Таџ Махал“, кој се наоѓа во срцето на туристичкиот кварт Колаба. Одговорноста за нападот ја презеде непознатата исламистичка група „Декански...

Continue reading

WTC

Белата куќа ќе мора да ги достави на суд документите за прислушкувањата по терористичките напади на САД

Post Views: 3 Администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш ќе мора да му достави на федералниот суд документи поврзани со прислушкувањата на националните разговори, кои Владата ги спроведе по терористичките напади на Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, одлучи судијата Хенри Кенеди. Кенеди потпиша барање американското Министерство за правда да му достави на судот увид во одредени документи, кои на судските рочишта биле побарани од група граѓани. Тој бара од администрацијата на Буш до 17 ноември да бидат доставени овие документи, кои лично од него ќе бидат прегледани,...

Continue reading

Авионската несреќа кај Перм не е терористички напад

Post Views: 1 Сите патници и членови на екипажот загинаа во авионската несреќа што се случи вчера кога авион Боинг 737 се урна во близина на рускиот град Перм, во планинскиот регион Урал, изјави портпаролот на руското Министерство за вонредни ситуации Ирина Андрианова. Во авионот имало 82 патници и пет членови на екипажот. Меѓу патниците имало седум деца, од кои едно бебе. Авионот на „Аерофлот-Норд“ летал од Москва за Перм. Андрианова изјави дека авионот полетал од Москва во еден часот и десет минути по московско време. По два часа, кога примил потврда за слетување во Перм, врската...

Continue reading

Спречен нов терористички напад во Франција

Post Views: 1 Францускиот јавен обвинител денес соопшти дека во франција минатата недела е уапсен 34-годишен маж поради сомнение дека планирал нови напади во Париз. Во неговиот стан во предградието на Париз е пронајден голем воен арсенал од оружје и постојат индиции дека нападот го планирал во блиска иднина. Уапсениот, се дознава, бил еден од лицата кој имал врска со претходните напади. Освен арсенал од пушки и пиштоли, во станот на терористот биле пронајдени и хемикалии за експлозиви кои можат да се искористат за правење бомби. Пронајдени биле и пет лажни пасоши, нови мобилни телефони...

Continue reading

lahore

Страотен терористички напад во Пакистан

Post Views: 6 Најмалку 69 лица ги загубија животите а повеќе од 200 се повредени во експлозијата во парк во источниот пакистански град Лахоре, потврдија официјални извори. Според полицијата, станува збор за самоубиствен бомбашки напад а детонацијата одекнала додека паркот бил преполн со семејства.Според некои шпекулации, цел на нападот биле христијански семејства кои го празнувале велигден. Новинската агенција Ројтерс пренесе дека најголемиот дел од загинатите и повредените се жени и деца. Сведоците пренесуваат дека по страотните детонации во паркот избувнал хаос и стампедо и голем...

Continue reading

policaec

Терористички напади во Индонезија

Post Views: 1 Според полицијата, една од експлозиите била предизвикана од бомбаш самоубиец, а до експлозии дошло пред еден трговски центар и во кафе ресторан на „Старбакс“. „Прозорците на Старбакс се искршија од експлозијата и видов тројца загинати на патот. Имаше и престрелка со некој на покривот на зградата“, јави фоторепортерот на новинската агенција Ројтерс. Во престрелката, според локалните медиуми, биле инволвирани десетина вооружени лица при што еден полицаец бил убиен. Индонезија е на работ во изминативе неколку недели по заканата од исламските милитанти и по полициската операција...

Continue reading

Низа терористички напади во Париз, убиени 120 луѓе

Post Views: 10 Париското обвинителство потврди најмалку 120 убиени луѓе во низата терористички напади во Париз, вклучувајќи го и масакрот во концертната сала Bataclan и самоубиствениот напад во експлозијата во близина на стадионот Stade de France. Парискиот државен обвинител Francois Molins рано утрово изјави дека во нападите се убиени најмалку 120 луѓе, што е прва бројка на настрадани кој ја изнесе некој официјален извор. Molins рекол дека за време на минатата ноќ се неутрализирани најмалку пет напаѓачи, од кои тројца во концертната сала. Околу 1.500 лица дошле во Bataclan на концерт...

Continue reading

Терористички напад во центарот на Анкара

Post Views: 2 Две експлозии одекнале на раскрсница во центарот на Анкара во Турција и настрадале голем број на луѓе, јавува Independent. Причините за експлозиите сеуште не се познати. Спрема првите, непотврдени извештаи, се појавиле фотографии на крвави тела, а до експлозиите наводно дошло пред маршот за мир на кој требало да се протестира против конфликтот помеѓу Турција и курдските милитанти на југоистокот на земјата. Спрема некои информации, за нападот е одговорен бомбаш самоубиец, а владата сеуште ги истражува тие наводи, но нападот веднаш го прогласиле за терористички чин, јавува...

Continue reading

Терористички напад во хотели во Тунис

Post Views: 0 Нападот бил изведен во комплексот хотели Империјал Мархаба, се слушало пукање и една посилна детонација, а во целиот комплекс и понатаму владее паника. Еден од напаѓачите е убиен во престрелка со полицијата, а другиот е уапсен. Спрема последните информации, нападот го извеле две помлади лица од две страни – еден отворил оган во преполната плажа од хотелот, додека другиот влегол во комплексот низ друга зграда и таму почнал да пука на туристите. Во нападот се убиени 27 туристи и повеќемина се ранети. Полицијата го усмртила напаѓачот кој бил вооружен со калашников, облечен...

Continue reading

Спречен планиран терористички напад

Post Views: 1 Австралиската полиција соопшти дека уапсила пет мажи меѓу кои двајца од осомничените планирале да изведат терористички акции во Мелбурн, а главниот удар требало да биде на денот на националната комеморативна свеченост на 25 април. Во тек сеуште е операцијата на антитерористичките сили во Мелбурн, на југоистокот од Австралија. “Се проценува дека двајца од петмината уапсени вршеле припреми за терористички акции во Мелбурн кој опфаќале и напади на полицајци”, соопштила во заедничко соопштение австралиската сојузна полиција и полицијата од државата Викторија чиј главен град...

Continue reading

Терористички напад во Ливерпул

Post Views: 0 Вчерашната експлозија на такси возило пред болница во Ливерпул полицијата ја оквалификува како терористички напад, јавува BBC. Во експлозијата загина патник во такси кој носел импровизирана експлозивна направа. Повреден е таксистот кој е прогласен за херој бидејќи го заклучил сомнителниот патник во возилото. BBC пишува дека за експлозијата се уапсени четворица мажи, но мотивот сѐ уште не е јасен.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top