Кои се европските мети на Ал Каеда?

Меѓу потенцијалните цели на терористички напади во Европа се Ајфеловата кула, париската катедрала Нотр дам, централната железничка станица и телевизиската кула во Берлин.

 |  Маја Савиќ  | 
Ajfelova kula Pariz
Ајфелова кула Париз

Ajfelova kula ParizВладата на САД ги посоветува вчера Американците да покажат будност при патувањата во Европа поради потенцијални терористички закани од страна на Ал каеда и други екстремистички групи.

Според телевизијата Фокс њуз, која се повикува на два разузнавачки извори, меѓу можните цели се Ајфеловата кула и катедралата Нотр дам во Париз, новата централна железничка станица, телевизиската кула „Александерплац“ и луксузниот хотел „Адлон“ во близина на Брандербуршката порта во Берлин.

Едниот од цитираните е високопоставен западен разузнавач. Тој истакнал дека тие податоци биле собрани при распитот на германски државјанин од пакистанско потекло во американската военовоздухопловна база „Баграм“ во Авганистан.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top