Ознака: тезги

logo

ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава под закуп тезги за продажба на новогодишни украси

Post Views: 3 ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава под закуп тезги за продажба на новогодишни украси на плоштадот Крушевска Република. Лицата кои се заинтересирани за изнајмување на тезгите треба да се пријават најдоцна до утре, во административните простории на ова јавно препријатие. Исто така ЈП „Градски Пазар“ Охрид, издава под закуп тезги за продажба на земјоделски производи, бижутерија, текстил од 1-ви јануари 2015 година, а сите заинтересираните правни и физички лица треба да поднесат барање за закуп најдоцна до 20-ти декември 2014 година. Правните лица потребно е да достават Решение...

Continue reading

pazar Struga

Јово на ново

Post Views: 0 Струшкиот пазар 10 дена ќе биде комплетно затворен заради реновирање и прераспределба на тезгите. За тоа претпријатието ќе потроши околу 10 000 евра. Следува период на склучување нови договори на корисниците на тезгите, со јавното претпријатие, но и нови правила на игра велат од комунално Струга. Ред на струшкиот пазар. Измина и последниот рок од тригодишните затекнати договори за користење на тезги во струшкиот пазар. Од 25ти овој месец работите многу ќе се сменат, најавува првиот човек на „Комунално“- Струга, Петко Кутаноски. Струга заслужува да има добро уреден пазар,...

Continue reading

tezgi

Старите тезги на исто место

Post Views: 0 Јавното комунално претпријатие наместо со шминкање на тезги, ќе работи на приоритетите на претпријатието, вели директорот Патко Кутаноски.   Новогодишни  реквизити и годинава ќе се продаваат  на тезги распоредени в долж на  струшката чаршија. „Годинава локалната самоуправа има поинаква стратегија за украсување на градот, па поради тоа ќе почекаме општината да заврши со украсувањето за да не дојде до дисхармонија на шетачката зона“, вели директорот на Јавното Комунално претпријатие, Петко Кутаноски. Директорот на Јавното Комунално претпријатие,  истакна  дека во соработка...

Continue reading

urbana oprema

Ова лето нема пченки и крофни на градскиот плоштад

Post Views: 11 Доколку летово ви се пријаде печена прченка или американски крофни ќе мора дома да си направите бидејќи надвор ќе нема каде да купите. Општинскиот инспекторат во овогодинешната програма за поставување на урбана опрема не предвиде локации за продажба на храна на отворен простор. Нема да може да се купи ниту скара по тротоарите како што тоа беше случај минатите лета. Подготвување и продажба на храна ќе може да се врши само во затворен простор кој ги задоволува сите стандарди за тоа. –Не е дозволено продавање храна по тротоари и на плоштад. Доколку се затекне таква...

Continue reading

stolici

Општинскиот комунален инспекторат во акција

Post Views: 0   200 столови и 50 угостителски маси беа подигнати при акцијата што ја спроведе Општинскиот комунален инспекторат. Ова следуваше поради непочитување од страна на голем дел од угостителите на одлуката која беше донесена уште во зимскиот период од Локалната, а со која сите беа обврзани да достават барања за поставување урбана опрема до Секторот за урбанизам најдоцна до 15 април оваа година. Од општинскиот инспекторат после овој рок спровеле акција и уште еднаш на терен ги опоменале сите кои немале доставено барања во рок од 15 дена да го направат тоа, но и покрај тоа голем...

Continue reading

logo

Можност за закуп на тезги на Градскиот пазар во Охрид

Post Views: 4 ЈП „Градски Пазар –Охрид“, нуди одлична можност за соработка и отпочнување на успешен бизнис со неповторливо поволна понуда за закуп на тезги на атрактивни локации. Сите заинтересирани ќе можат да закупат тезги за продажба на:-земјоделски производи-занаетчиски производи-текстилни производи-бижутерија Заiteresiranite подетални информации можат да добијат во канцелариите на ЈП „Градски пазар“ на Бул.Туристичка 79 или на телефон 046 266 600. {loadposition content9}

Continue reading

pazar

Десеткувани тезгите на пазарот

Post Views: 0 Добар дел од тезгите во градскиот пазар се празни. Кризата по се изгледа почна да ги десеткува тезгите. На пазарот со кој стопанисува ЈП Градски пазар се повеќе се забележуваат празни продажни места, а во последно време дури и слободен простор со целосно отстранети тезги.  Првиот човек на ЈП Тони Коталески вели дека има заинтересираност за закуп на тезгите и тврди дека 80% од нив се издадени. „Имаме негде 150 тезги за замјоделски производи , 50 тезги за бижутерија и 20 тезги за текстил. Од сите тие вкупно 80% се издадени на годишно ниво со закуп, 10% се со закуп за период...

Continue reading

baraki

Тезгите за свеќи и цвеќа заменети со дрвени бараки

Post Views: 107 Утре 22 февруар е задушница, ден кој Светата православна Црква го одредил за спомнување на покојните. По тој повод во тек се активностите околу одржување и уредување на градските гробишта со цел зачувување на средината и чистотата на гробиштата, вели директорот на ЈП Зоран Симоноски. Покрај редовните активности, чистење и хортикултурно средување на патеките и парцелите, менаџментот на ЈП, одлучло дрвените бараки да им ги отстапи на закупците на тезги кои продаваат свеќи и цвеќе. „Веќе ги поставивме правиме завршни подготовки ќе ги дадеме на фирмите или физичките лица...

Continue reading

grobista

Директорот на ЈП „Градски гробишта“ со отчет за сработеното во 2013та година

Post Views: 16 Директорот на јавното претпријатие „Градски гробишта“, Зоран Симоноски, даде отчет за сработеното во изминатата година. Тој уште еднаш ја потенцираше тешката финансиска состојба во која го затекнал ова јавно претпријатие, како и финансиските неправилности кои според Симоноски довеле до таквата ситуација во претпријатието. „Заради намалување на негативните ефекти од ваквото работење бевме принудени да воведиме сериозни реформи, како од аспект на кадровски и структурни прераспределби, така и од аспект на начинот на кој се извршувале работните активности. Изработени се...

Continue reading

пазар

Се бара место за дислокација на охридскиот пазар

Post Views: 9 Закупците на тезги во охридскиот пазар се во неизвесност.  Со најавите за изградба на современ градски пазар меѓу тезгаџиите се почесто е прашањето каде ќе биде организиран привремениот пазар. Тие ги искажуваат своите претпоставки која би била најдобрата локација каде што ќе ги продаваат своите производи. Пазарџиите и граѓаните имаат свои желби и претпоставки за тоа каде е најдобро времено да се организира градски пазар. Пазарџиите се за локација кај новата автобуска станица, а купувачите се за пазар во центар. Една од локациите за која во моментов се нагаѓа дека ќе...

Continue reading

пазар

Градски пазар не ја чувствува конкуренцијата

Post Views: 6 Големиот број зелени пазари, како и ново oтворениот зелен пазар на Кам, засега не влијаат на работењето на  градскиот  пазар. Низ градот на повеќе локации се отворени зелени пазари чии цени на производите не се разликуваат многу од оние на градскиот пазар. Сепак ритуалот и навиката на граѓаните сеуште постои да се пазарува на градскиот пазар. Од градски пазар дознаваме дека засега конкуренцијата не ја чувствуваат. До нивните служби нема барања за откажување на договорите за закуп на тезги. Охридскиот градски  пазар во последниве години се соочува со проблем на намалена...

Continue reading

pazar

Пазарот ќе се крпи додека не се направи нов

Post Views: 8 Средствата кои во текот на годината ЈП Градски Пазар успева да ги собере, доволни за покривање само на основните трошоци. „Пазарот е една традиција на секој град. Се надевам дека за брзо ќе се надмине оваа состојба и ќе покажеме подобри резултати. Со домаќинско работење претпријатието успева навреме да ги измири обврските према вработените, државата и нашите доверители“, вели директорката на ЈП Живка Ангелоска. Директорката додава дека бројот на закупци на тезги се менува во текот на годината и се помалку има закупци кои бараат тезги за цела година, а најголема заинтересиранот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top