Јово на ново

Струшкиот пазар 10 дена ќе биде комплетно затворен заради реновирање и прераспределба на тезгите.

 |  Николовска Биљана  | 
pazar Struga
пазар Струга

Струшкиот пазар 10 дена ќе биде комплетно затворен заради реновирање и прераспределба на тезгите.

pazar StrugaЗа тоа претпријатието ќе потроши околу 10 000 евра. Следува период на склучување нови договори на корисниците на тезгите, со јавното претпријатие, но и нови правила на игра велат од комунално Струга.

Ред на струшкиот пазар. Измина и последниот рок од тригодишните затекнати договори за користење на тезги во струшкиот пазар. Од 25ти овој месец работите многу ќе се сменат, најавува првиот човек на „Комунално“- Струга, Петко Кутаноски.

Струга заслужува да има добро уреден пазар, потенцира Кутаноски и заради тоа освен што ќе се прилагодува на потребните нормативи планирано е и негово доуредување заради исполнување на хигиенскиот минимум.

Наплатата ќе биде месечна за да може ЈП навремено да реагира доколку некој не се придржува кон условите пропишани во годишниот договор. Во спротивно тезгаџиите ја губат тезгата, вели Кутаноски. Тој додава дека, нема да ја менуваат досегашната сума за наплата на тезги имајќи ја во предвид моменталната кризна состојба во државава.

Новите договорите за закуп на тезгите ќе се склучуваат за време на реновирањето на пазарот од 25ти овој месец до 5 ти февруари. Висината на цената ќе се движи од 4-5000 илјади денари. Досега клиентите имаат пројавено голем интерес и освен кај постоечките корисници, постои интерес и кај многу нови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top