Пазарот ќе се крпи додека не се направи нов

Низа активности за подобри услови во Охридскиот градски пазар.

 |  Маленкова Татјана  | 
pazar
пазар

Средствата кои во текот на годината ЈП Градски Пазар успева да ги собере, доволни за покривање само на основните трошоци. „Пазарот е една традиција на секој град. Се надевам дека за брзо ќе се надмине оваа состојба и ќе покажеме подобри резултати. Со домаќинско работење претпријатието успева навреме да ги измири обврските према вработените, државата и нашите доверители“, вели директорката на ЈП Живка Ангелоска. Директорката додава дека бројот на закупци на тезги се менува во текот на годината и се помалку има закупци кои бараат тезги за цела година, а најголема заинтересиранот има за закуп за во третиот квартал од годината. Покрај од закупнината како еден од приходите, ЈП собира средства и од издавање под закуп и на осумте деловни простори. „Приходите се доволни за измирување пред се на обврските спрема државата, за плата, како и за комунални такси и други неминовни трошоци  за функционирање на едно ЈП. Се она што останува го вложуваме во подобрувањето на условите во пазарот“, вели директорката на ЈП Живка Ангелоска.

„Во текот на оваа година се инвестираше во осветлувањето бидејќи сега во подготовка е еден нов закон Zivka Angeloska - direktor JP Gradski Pazar според кој осветлувањето на пазарот е предуслов за постоење на пазар. Пазарот се осветли во целост. Светилките се заменаа со економски штедливи. На овој начин се заштитивме ние и нашите купувачи. Се вовде и видео надзор и еден дел од пазарот се покри со настрешници“, вели директорот на ЈП Градски Пазар, Живка Ангелоска.

Ангелоска открива дека во текот на оваа година планирано е  санирање на површината во пазарот и во рамките на можностите покривање на уште еден идентичен дел како оној што е веќе покриен. Директорката признава дека прашањето за осовременување на пазарот е се поактуелно, но според неа отворениот пазар е одбележје на еден град и не би требало во целост да се замени со објект сличен на трговски центар.  
Охрид ќе добие современ пазар, но додека очекуваме започнување на активностите домаќински работиме и вложуваме само за она што е неопходно, категорична е директорката Ангелоска.

„Токму поради изградбта на новиот пазар ЈП сметаме дека доколку вложуваше многу сресдства, а потоа да pazarсе правеше нов пазар ќе постапеше недомакински. Затоа ги санираме одделните површини и очекувме да се преселиме кога ќе почне да функционира модерниот пазар. Мое лично мислење е дека секој пазар треба да си го задржи авентичниот изглед и сметам дека мора да има отворен пазар“, вели директор на ЈП Градски Пазар.

Ангелоска се пожали дека голем проблем им преставува нелојалната конкуренција, поточно дивите пазарџии. Тие се пред  вратата на пазарот и им ги замаат купците на пазарџиите и покрај тоа што постојано ги ловат инспекциските органи.  

Дознаваме дека се спрема нов закон според кој неофицијално се планира да има еден посебен регистар во рамките на централниот регистар за пзарџии по што најверојатно пазарџиите или трговските друштва ќе треба повторно да се пререгистрираат. Но се додека оваа промена не помине на влада, пазарџиите ќе може да работат според договорите кои веќе ги имаат потпишано со ЈП Градски Пазар.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top