Ознака: театар

akteri

Новата театарска сезона во Охрид започнува на 29-ти септември

Post Views: 4 Наскоро започнува новата тетарска сезона во Охрид. Од „Охридскиот народен театар“  најавуваат дека репертоарот ќе започне на  29-ти септември, со претставата која премиерно беше прикажана во јуни годинава, „Свадбата на Итар Пејо“, во режија на Дејан Дамјаноски. Во моментов финализираат подготвките за претставата „Малограѓанска свадба“,  на Бертол Брехт, во режија на Дејан Пројкоски. Престава која ќе биде вистинско доживување за публиката и со малку подолга премиера од неколку дена,  вели директорот на Охридскиот театар, Горан Стојаноски. „Новата претстава ќе биде ексклузивна...

Continue reading

сала

Охриѓани на “Свадбата на Итар Пејо”

Post Views: 0 Народниот театар од Охрид ќе ја одигра втората премиера во оваа година. Претставата Свадбата на Итар Пејо ќе и овозможи на публиката 50 минутно уживање. Во неа актерите покрај тоа што глумат,  играат и различни фолклорни кореографии. Драгана Боцевска , директорката на Центарот за култура вели дека претставата е специфична бидејќи изобилува со македонски народни игри и песни и е микс на фолклорот, на народната уметност и на актерството. Инспирација на режисерот Деан Дамјановски за „Свадбата на Итар Пејо“ е култниот лик на овој народен селски мудрец или итрец и мајтапчија...

Continue reading

сала

Нова техника за театарот и кино салата

Post Views: 1 Со нова техника ќе се подновува охридскиот театар. Тоа значи збогум за застарената техника присутна на неговата сцена. Подновувањето е резултат на најавата Министерството за култура да ги осовремени  технички, театарските застарени сцени во земјава. Меѓу македонските театарски куќи се најде и охридската кој веќе една година има статус на народен театар. Застарената опрема од минатиот век со која во моментов располагаат актерите  ќе се замени со  најнова современа техника. Пред една година на барање од Министерството за култура, Центарот за култура направил анализа што...

Continue reading

Goran i Dragana

Нова пракса

Post Views: 24 Владата одговори на барањата на Центарот за култура, се пофали првиот човек на установата Драгана Боцеска. Таа е задоволна од средства во износ од околу 4 милиони денари, кои Министерството за култура ги одобри за реализација на зацртаните проекти во програмскиот дел и кажа каде ќе се употребат истите. Боцеска додаде дека установата е во првата фаза за реконструкција на кино секторот. „Исто така со големо задоволство ги најавувам и активностите кои шти ни се ветени, техничко осовременување и во кино секторот и секако во театарскиот дел. До денес имавме и проекти кои...

Continue reading

teatar

Aнтички нема да се менува

Post Views: 1  Фестивалските спектакли и понатака ќе се одржуваат на постојниот Античкиот театар и просторот нема да добива нов лик. Иако, од Завод и музеј 5 години по ред чекаат пари од ресорното министерство за експропријација на објектите околу театарот, пари за таа намена нема и годинава. Сопствениците на објектите, каде што се откриени различни археолошки наоди, пак стануваат се понестрпливи, сакаат расчистувањена имотноправните односи. Во мат позиција со институциите се наоѓаат седум сопствениците, меѓу кои од локалитетот Манчевци и куќите околу античкиот театар. Паско Кузман,...

Continue reading

flaer

„Полицајци“ во Охридскиот театар

Post Views: 3 Петта премиера за една година постоење на Охридскиот народен театар. Оваа сабота, со премиерата на претставата „Полицајци“ се заокружува репертоарот на оваа културна установа, која функционира во рамките на Центартот за култура „Григор Прличев“. Раководителот Горан Стојаноски, задоволен од развојот на оваа културна установа. „ Нашата должност е да ја говориме вистината, дури и акот таа не е најприфатлива во одреден моемнт, нашата етичка димензија е важна исто како и нашата естетика. Не може да се ценат уметници кои велат дека им е важна само уметноста. Мора да живееме...

Continue reading

scena

Охридски ама светски

Post Views: 4 Охриѓани ја поздравија работата на Охридскиот народен театар. На светскиот ден на театарот, проговорија за тоа што за нив значи работата на оваа културна установа. Некои од нив велат дека веќе имаат навика за одење во театар, а оние кои не биле ветуваат дека ќе одат. „ Јас имам лично навика уште од поодамна, па иако немам друштво, на театар не се зборува, знам да си одам сама. На Охридскиот театар му честитам што почна со својата навистина многу квалитетна работа и мислам дека вреди или луѓето од другите градови да одат или тој да оди да ги усреќи љубителите на таа уметност...

Continue reading

Ohridsko leto

Фестивалот „Охридско лето“ остана без селектори

Post Views: 16 „Охридско лето“ остана без селектори. Само пет дена по смената на досегашните селектори на драмскиот и музичкиот дел, нашиот најпрестижен фестивал повторно во ќорсокак. Имено, како што веќе информиравме, директорот Васко Василески, по завршувањето на договорите на претходните селектори, за драмски селектор на фестивалот го назначи  Горан Стојаноски, директор на Охридскиот народен театар, додека за селектор на музичката програма беше назначена директорката на Македонската филхармонија, Маја Чанаќевиќ. Сепак, онолку брзо колку што беа назначени, толку брзо и ја напуштија...

Continue reading

Boceska

Успешна година за Н.У. Центар за култура „Григор Прличев“

Post Views: 4 Стотина успешно реализирани културни настани, доказ за успешното работење на  Н.У. Центар за култура „Григор Прличев. Во годината која е пред самиот крај, од оваа установа задоволни од епилогот. Еден од настаните кој годинава остави најголем белег во работењето на оваа установа секако, е формирањето на Охридскиот Народен театар, вели директорот на Центарот, Драгана Боцевска . „Секако за крај, оваа годна ја одбележа одлуката на Владата на Република Македонија, на Министерството за култура за конечно формирање на професионален театар во Охрид,  во рамките на Центарот за...

Continue reading

teatarska pretstava

Охридскиот Народен театар ви ја претставува „Ајде да си речиме уште една“

Post Views: 23 Селска ѓурултија со ѕенѕање, тропање и скокање или тетарска претстава која на охридската публика ќе и понуди несекојдневна забава и уживање. Охридскиот Народен театар, ви ја претставува четвртата охридска премера насловена „Ајде да си речиме уште една“.Станува збор за своевиден мјузикл, работен два месеци, кој го поставува прашањето за народното творештво, вели Горан Стојаноски – директор на Н.У. Охридски Народен Театар.„Претставата е работена два месеци, ова е веќе четврта нејзина изведба, премиера може да се каже и она што е многу битно за оваа претстава е дека е...

Continue reading

pretstava

„Грев или шприцер“ пред охриѓани

Post Views: 1 Хит претставата „Грев или шприцер“ во изведба на драмскиот театар од Скопје пред охриѓани. Претставата за која се бара билет повеќе ќе биде изведена во центарот за култура Григор Прличев во сабота  благодарение на одличната соработка на Охридско лето, центарот за култура и Народен Театар Охрид и нивните заложби во Охрид да има културни збиднувања во текот на целата година. Директорот на Охридско лето Илија Мојсовски истакна дека на гостувањето на драмскиот театар на Охридско лето,  со директорот Бранко Ѓорчев биле договорени гостувања на драмски и вон ремките на Охридско...

Continue reading

teatar

Континуиран репертоар

Post Views: 8 Тоа е стратегијата на Охридски народен театар за перодиот кој претстои, вели Горан Стојаноски, првиот човек на оваа неодамна формирана културна установа. Последниве неколку саботи, покажуваат дека интересот за театарот во градов, не се намалува, туку напротив добива на интензитет. Наскоро пред гладната за театар охридска публика, од театарот најавуваат уште две премиери. Едната ќе биде изненадување за најмладите.„Нашата стратегија е следна, ние нема да гостуваме зошто нема фестивали во Македонија до крајот на годината, но подготвуваме уште две претстави, едната претстава...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top