Ознака: татко

srusena kuka

Невремето ја урна куќата на Неџат Рамадан, самохран татко на две болни деца

Post Views: 3 Без покрив на глава остана Неџат Рамадан самохран татко на две деца со пречки во развојот, 19 годишниот Омер и 20 годишната Рената. Поради обилните врнежи од снег и дожд неговата  стара куќа на почетокот од февруари се сруши и од неа не остана ништо. Среќа во несреќа е што Рамадан имал претчуство дека куќата ќе се урне и се сместил кај соседот кој му отстапил дел од својата куќа, без да палќа кирија, само давачките за струја, вода и комунално. „Ние куќата ја напуштивме денски и од невремето од дождот и снегот на први, втори во 5 часот изутрина куќата целосно беше рушена....

Continue reading

Дали на Америка ѝ се спрема трет Буш

Post Views: 6 Поранешниот американски претседател, Џорџ Буш изјавил дека неговиот помлад брат би можел да се кандидира за претседател на изборите во 2016 година. Буш, кој Америка ја водеше од 2001 до 2009 година, во интервју за FoxNews  рекол дека Џеб е свесен што е тоа претседателска работа, и дека тоа го научил гледајќи го татко нѝ и мене. Тој нагласил дека секогаш го охрабрува помладиот брат да влезе во трката за шеф на државата и додал дека Џеб би бил одличен во таа работа. “Секако дека му давам поддршка. Тој вели дека сеуште не одлучил ништо, но знам дека одлучил. Плус, веројатно...

Continue reading

Ова осумгодишно дете заработува милиони

Post Views: 0 Некои големи ѕвезди од YouTube годишно заработуват по неколку милони долари благодарение на успехот кој го направиле на YouTube (нивните видеа ги прегледуваат милиони луѓе ширум светот), некои пак ги напуштиле факултетите и одлучиле да се посветат на кариерата “професионалец” на YouTube која им носи голема заработувачка. Еден од милионерите со YouTube е осумгодишниот Evan кој на овој сервис стартувал три канали, од кој најпопуларен е EvanTubeHD на кој рецензира игри и играчки (во кој му помагаат неговата сестра и мајка) – неговите канали ги следат повеќе од еден милион...

Continue reading

Visar Morina

Почнува снимањето на „Татко“

Post Views: 8 Во среда, 2‐ри јули 2014, во Охрид ќе почне снимањето на играниот филм „Татко“ ‐ копродукција помеѓу Германија, Косово и Македонија, инаку режисерско деби на Висар Морина, кој е и автор на сценариото. „Татко“, преку уникатниот лик на Нори, десетгодишното момче кое е приморано прерано да созрее, дава еден поинаков приказ на Косово во деведесеттите години на минатиот век. Нори претрпува големи загуби и храбро се соочува со потезите на судбината. Но, по прераната смрт на неговата мајка, тој не може да прифати да биде напуштен и од својот татко Гзим. Нориевата детска истрајност...

Continue reading

pink so soprugot

Пинк роди ќерка

Post Views: 2 Популарната пејачка Пинк го роди своето прво дете – ќерката Вилоу Сејџ, објавија денеска американските медиуми. Папараците вчера попладне ја снимија пејачката како влегува во болница во Лос Анџелес со својот сопруг Кери Харт. – Пресреќни сме што можеме да и посакаме добредојде на нашето преубаво здраво девојче, Вилоу Сејџ Харт. Таа е прекрасна, токму како и нејзиниот татко, напиша денеска Пинк на својот профил на „Твитер“. Пинк се омажи за возачот на мото трки Хери Харт во јануари 2006 година. {loadposition content9}

Continue reading

maz

Жената го оценува мажот за 3 минути

Post Views: 3 Кога запознава маж, на жената и се потребни три минути за да сфати дали тој може да и биде потенцијален партнер, вели истражувањето објавено во книгата „Инстинкт“ на авторот Бен Кеј. Според анализата во тие три минути таа го оценува изгледот на мажот, смислата за облекување, а истовремено го впива неговиот мирис и елоквенцијата. Жената уште на самиот почеток врши проценка дали тој маж е можен потенцијален сопруг и татко. Авторот пишува дека жените ретко го менуваат мислењето по првиот впечаток и склони се да веруваат дека непогрешливо знаат да ја проценат личноста,...

Continue reading

fiko

Фиќо од Италија, на грaдскиот плоштад во Охрид

Post Views: 11 Вистинска атракција на плоштадот Св. Климент беше олдтајмерот фиат фиќо, со кое од Падова, Италија допатува Џорџо Андриан. „Секогаш кога го возам фиќото се чуствувам среќен, го добив од татко ми и тоа е од голема важност за мене“ вели Андриан. „Тешко е да се објасно љубовта кон ова фиќо ова е старо од 1964 година сопственост на мојот татко кој исто така ме научи да го возма ова фиќо“. Предизвикот пак, италијанецот Џорџо Андриан да  дојде во Охрид е тоа што не може да одолее на убавините на нашиот град. Тој вели дека нашето место е прекрасно и порача жителите од двете...

Continue reading

Ги проголтал редок временски феномен

Post Views: 3 Неодамна додека пловеле со својот рибарски брод, рибарот Ендрју Балард во друштво на својот татко, наишле на несекојдневна глетка на езерото Мичиген. Од својот брод воочиле огромен облак кој пред нив направил бел ѕид што се спуштал на површината на езерото и во права линија се протегал десетина километри. Во сцена која потсеќала на глетка од филмовите на стравот и ужасот, облакот се приближувал а набрзо го проголтува малиот рибарски брод. Ендрју рекол дека тој и татко му одлучиле да останат на езерото и да видат како е кога ќе те проголта ваков облак. “Видовме како низок...

Continue reading

akvarium

Златната рипка Желба „одбра“ градоначалник

Post Views: 9 Златната рипка Желба го одбра градоначалникот помеѓу двајцата најсериозни кандидати за татко на градот. Рипката избираше помеѓу Александар Петрески и Никола Бакрачески, двајцата кандидати кои според  последните рејтинзи имаат најголеми шанси за да седнат во престижната градоначалничка фотелја, вели организаторот на овој несекојдневен избор, главниот и одговорен уредник на Супер радио, Сашо Митаноски. Според законската регулатива,   изборот на Желба ќе се објави во недела после 19 часот, вели Митаноски. Тој ја појасни и нивната цел за овој несекојдневен настан. „Идејата...

Continue reading

filip

Признаени во светот, но неподдржани од државата

Post Views: 4 Филип Гавриловски е млад виртуоз на хармоника. Тој е еден од ретките во Македонија кој е наградуван со многу меѓународни признанија за неговото свирење на овој тежок и сложен музички инструмент. Филип свири од својата деветта година. Своите почетоци ги направил во нижото музичко училиште „Методиј Патчев“ под менторство на наставникот Наумче Џуклевски. Филип вели дека многу ја сака хармониката и доколку не се отворел ваков отсек во ова училиште можеби немало воопшто да се запиши на некој друг инструмент. Тој секој ден вежба најмалку по три часа класични дела компонирани...

Continue reading

vodici

По Водопост – Водици

Post Views: 2 Денеска е Водопост (строг пост односно пост на вода), или ден пред празникот Водокрст или Водици. Уште рано утрово свештени лица во христијанските домови осветуваат вода со која во текот на денот се прска низ куќата, дворовите и целиот имот со цел да ги избрка сите лошотии. Познато е дека овој празник и обичаи се празнувале уште во вториот век од христијанската ера. Ден по водопос се празнува Водокрст, празник кој е поврзан со крштевањето на Исус Христос од страна на Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со...

Continue reading

SVR

Самоубиство во село Tребеништа

Post Views: 6 Утринава околу 04.00 часот (18) Н.Д. се самоубил зад семејната куќа со пушката која легално ја поседувал неговиот татко. Предходно несреќното момче имало сообраќајка со своето возило на стариот пат Волино-Мешеишта. Удрило во дрво, по што го оштетило возилото, но некако успеало да дојде до својот дом. Најверојатно, во момент на силен емотивен стрес момчето се одлучило да си го одземе животот. Полицијата, истражен судија и патолог извршиле увид на местото на трагедијата. патологот не констатирал траги на насилство врз телото на починатиот.    {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top