Ознака: студентите

Studentski dom

Домот „Никола Карев“ ги отвори вратите за прием на студенти

Post Views: 47 Слободни места за сместување во студенскиот дом „Никола Карев“, по се изгледа и годинава, ќе има доволно за сите студенти. Неколку години по ред тука опаѓа бројот на студенти кои бараат сместување. Лани во домот биле сместени 145 студенти во расположливиот капацитет од 218 места, вели раководителот на домот Марјан Ристески. Од 1991 година откога овој објект ја има функцијата на студенски дом, бројот на студенти кои се сместуваат тука опаѓа. Податоците од лани укажуваат дека повторно има тенденција на пораст на интерсот за сместување па се очекува и годинава тој позитивен...

Continue reading

novinarstvo

Пишувај гласно, зборувј моќно

Post Views: 2 Мотивација и желба за студирање. Ова е еден од условите кој треба да го исполнат студентите кои сакаат да се запишат на високата школа за новинарство и односи со јавноста. Сеуште тече конкурсот за упис на студенти на оваа школа за 2011-2012 година. Вкупно 80 студенти можат да се запишат на високата школа за новинарство, а со тоа да го искористат и правото на прв професионален ангажман уште за време на студиите, вели Александра Теменугова, раководителот на наставна програма.„Кандидатитетреба да имаат завршрно 4 години средно образовоание кое што треба да го потврдат....

Continue reading

diplomi

Дипломите од ФТУ традиционално доделени на Плаошник

Post Views: 13 Традицијата продолжува и понатаму. Денес свечено беа доделени дипломите на студентите од Универзитетот Св.Климент Охридски-Битола односно нашиот Факултет за туризам и угостителство. Студенти од насоките туризам, осигурување, царина и шпедиција, хотелско-ресторантска, гастрономија, но и дисперзираната насока за безбедност и финансиска полиција денес ги добија своите долгоочекувани дипломи. Факултетот за туризам и угостителство оваа учебна година ќе го прослави и својот 40 годишен јубилеј неуморно продолжувајќи ја долгогодишната традиција. „Пред нас се години во кои...

Continue reading

СДСМ: Дали во реализираните 98% го има и Охрид?

Post Views: 14 „Тој нагласи дека 98 % од планираните цели во преродбата партјата ги реализирала, па затоа јавно прашуваме дали во тие 98 % од реализацијата влегуваат и оние што се постигнати во Охрид?“, запраша кандидатот за пратеник од СДСМ за петтата изборна единица Митре Велјаноски. Велјаноски прашува и дали во остварените резултати е и затворањето на специјалната детска болница единствена од ваков вид во Р Македонија и ветувањето дека на тоа место ќе изградат елитен хотел од висока категорија. Велјаноски на пресс конференцијата уште запраша дали во тие успеси се споменати и опфатени...

Continue reading

ftu

Стипендиите Базилеус им отвораат врати на студентите

Post Views: 8 Со овие стипендии се овозможува мобилност на нашите студенти и можност за студирање во некој од европските универзитети. Ова се бенефитите од Базилеус 3 стипендијата. Оваа стипендија покрај за студентите важи и за наставниот кадар на ФТУ. 15ти Февруари е крајниот рок за аплицирање за оваа стипендија. Базилеус 3 е достапна за сите студенти кои се редовно запишани на ФТУ. Тие треба да поседуваат серификат за познавање на некој странски јазик, да имаат препораки од одреден број колеги и да имаат пополнето и испратено апликација.Од ФТУ велат дека стојат на располагање на...

Continue reading

Проф.Др Клајд Масгрејв.

Висока технологија во македонскиот бизнис

Post Views: 5 Иако звучи нереално за нашата бизнис заедница, ова полека станува реалност. Студенти, но и бизнисмени, ќе имаат можност поблиску да се запознаат со оваа тематика преку предавања на Универзитетот за информатичка наука и технологија од Охрид. Имплементирањето на висока технологија во работењето на фирмите насекаде низ светот им овозможило да прераснат од мали и средни, до големи и мултинационални компании. Првиот чекор во оваа насока го прави Универзитетот за информатички науки и технологии од Охрид. На овој факултет наскоро се воведува програма наменета не само за студентите...

Continue reading

уперкомпјутер

Пуштен во употреба првиот суперкомпјутер

Post Views: 9 Пуштен во употреба првиот суперкомпјутер на Универзитетот за информатички технологии. Станува збор за проект, своевиден предизвик, како со малку финансиски средства да се изработи супер моќна машина. Суперкомпјутерот е изработен од страна на студентите од овој универзитет, под будното око на асистентите. Ваквиот начин на учење, каде со помош на практична работа, студентите се стекнуваат со големи знаења, им овозможува студиозен пристап во спроведување на истражувачката дејност. Ректорот на Универзитетот, проф.д-р Благоја Самакоски истакна дека нивните студенти се идни...

Continue reading

ucenici

Знаење и креативност во образованието

Post Views: 1 120 студенти, како и млади дипломирани наставници од педагошките факултети од Скопје, Тетово, Штип и Битола како и од Институтот за социјална работа во Скопје, ќе се стекнат со дополнителни знаења за работа во мултиетнички средини. Станува збор за петдневна обука во организација на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје во соработка со педагошките факултети во земјата. Ханс Шустер, од образовниот тим на ОБСЕ информира дека после дипломирањето, младите професори немаат многу искуство во работењето со деца од различни етнички средини како и деца од маргинализираните групи....

Continue reading

FTU

Новите студенти на „збор“

Post Views: 2 Симболично со химната на Македонија и универзитетската химна отпочна првиот академски час на ФТУ „Св. Климент Охридски“ Охрид. Успешна академска година на новите студенти им посака деканот на ФТУ Сашо Коруноски и ректорот на универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, Златко Жоглев. Деканот на ФТУ Коруноски, рече дека денешниот ден е од големо значење за идните академци и како настан му се придава голама важност. Тој посебно го истакна податокот за отворањето на новата гранка, гастрономија исхрана и диететика.Ректорот на Битолскиот универзитет Жоглев рече дека не случајно...

Continue reading

Студентите „загреани“ за Универзитетот за информатички технологии

Post Views: 10 Од 125 –те предвидени слободни места, во двата уписни рока, се примени 80 бруцоши. Гласините кои се шират низ охридската чаршија дека на Универзитеот се примаат студенти, членови на Вмро Дпмне, ректорот Благоја Самакоски ги отфрла како чиста глупост. „Сум слушал многу за интриги во малите места, но ова е врвна глупоста која сум ја слушнал досега.Би било добро охриѓани и Охрид да сфатат каков историски чекор направи Владата што го лоцира Универзитетот во Охрид. Сега во Охрид се  враќа центарот на образованието кој бил и центар пред 1000 години. Секој кој го сака Охрид...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top