Ознака: студентите

italijanska hrana

Студентите на ФТУ ги учеа тајните на кулинарските мајстори

Post Views: 0   Во кујната на ФТУ, студентите од 1 и 3 година на насоката гастрономија, подготвуваа мени со италијанска храна. Тајните во подготвување на свежа, лесна и брза храна им ги  откриваше интернационалниот кувар, со македонско потекло, Синиша Салатиќ.  Неговите вештини и принципи во кулинарството,  со тридецениското искуство,  со задоволство ги пренесува во соработката со ФТУ. „ Сакам италијанската култура во подготвување на храната да  ја пренесам и во Охрид. Студентите учат, вложуваат труд, жално е ако некој не ги поддржи и да им каже е сега си подготвен, може да работиш...

Continue reading

vino

Охридските ресторани без сомелиери

Post Views: 15 Студентите од Факултетот за угостителство и туризам ќе учат како на високо професионален начин да го нудат македонското вино. На оваа високо образовна институција се одвива прва едукативна работилница посветена на виното и промовирањето на винската култура кај нас. Виното е важен производ во угостителската индустрија за кое е потребно повисоко знаење на студентите. По завршувањето на четирите работилници тие ќе се стекнат со сертификати за вински експерти. На тој начин ќе бидат подготвени не само теортески туку и практично да го нудат виното и да одговорат на потербите...

Continue reading

informaticki klub

Министерството за информатика ќе дава бесплатни информатички курсеви

Post Views: 2 Министерството за информатичко општество и администрација ќе обезбеди бесплатни курсеви за канцелариско работење и интернет. За оваа цел, министерот Иво Ивановски, денес потпиша меморандум за соработка со деканите на педагошките факултети од земјава. Токму студентите од овие факултети ќе бидат задолжени да ги спроведуваат овие курсеви на министерство. Според министерот Ивановски, овие курсеви ќе бидат корисни и за граѓаните, но и за студентите. „Се работи за продолжување на иницијативата на Министерството за информатичко општество и администрација за бесплатни обуки...

Continue reading

Ambasador Volers vo poseta na FTU

Американскиот Амбасадор во посeта на ФТУ

Post Views: 6 Американскиот Амбасадор во Земјава, Пол Волерс во посета на Факултетот за туризам и угостителство. На средбата со ректорот на Св. Климентовиот универзитет и деканот на ФТУ разговараа за младите и претприемништвото и за тоа како да се развие економијата во Македонија, а стана збор и за размена на универзитетски професори.   Амбасадорот оствари средба и со студентите на факултетот, каде отворено им говореше за летната размена што може да ја остварат во САД кога можат да стекнат дополнителни искуства но и да заработат.Волерс искажа уверување дека за скоро време и Македонија...

Continue reading

plaosnik

Направен спој на археологијата и компјутерската технологија

Post Views: 1 За прв пат кај нас направен спој на археологијата со компјутерската технологија. Визуелизирана ранохристијанската базилика од 5 век на Плаошник. Неколкумина студенти од  Универзитетот Апостол Павле под менторство на арехологот Владо Маленко изработија проект со кој може да се види како изгледала базиликата во периодот на нејзината градба. Професорот Јане Бакрески кој исто така учествуваше во проектот се надева дека ова ќе биде мотивација за институциите. Тие треба да сфатат каква е сериозноста на ваквите проекти и колку може да се придонесе да се  промовира  културното...

Continue reading

cakareski

Младиот научник д-р Чакарески одржа предавање на универзитетот Св. Апостол Павле

Post Views: 1 Студентите на Универзитетот Св. Апостол Павле следеа предавање на Д-р Јаков Чакарески. Стружанецот д-р Чакарески е млад македонски научник за електротехника и компјутерско инжинерство, предавач и истражувач во швајцарскиот водечки технички универзитет. Професорот Чакарески допатува од Федералниот  политехнички универзитет во Лозана каде што спроведува истражувања, држи предавања и ја надгледува работата на тамошните студенти. Професорот за својот ангажман во Охрид вели дека е значаен бидејќи техниката се движи многу брзо. Чакарески укажува на значењето на  предавањата...

Continue reading

diplomi

Студентите од ФТУ со дипломи под рака-кон иднината

Post Views: 2 Околу двеста студенти од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, денес зачекорија кон својата иднина. По неколкуте години стручна наобразба, денес ги добија своите дипломи како сведоштва за вложениот труд. Имаше и додипломци и новопечени магистри, секој со своите планови за иднината. Очекувањата позитивни, исто како поминатото искуство во текот на студентските денови. Сега, пред нив стојат нови предизвици. „Во иднина очекувам дипломава да ми донесе многу успех, за да можам понатака да продолжам со дипломава. Образовниот процес одеше многу добро, многу научивме...

Continue reading

vino

Студентите од ФТУ учеа како се служи и пие вино

Post Views: 3 Студентите од ФТУ од Охрид учеа за квалитетот на македонското вино, но и за тоа како истото се служи и како се пие. Предавањето го одржа  Ѓорѓи Стојаноски, сомелиер – македонец со 40 годишно искуство во оваа област во Австрија и Швајцарија и тоа во хотели со пет ѕвезди.   „Морам да признам дека во Р Македнија винската култура е на многу ниско ниво. Виното го пиеме од навика, а не од задоволство. Во текот пиењето треба да бидат допрени и да се добие хармонија која ќе ја затопли душата и ќе ја загрее крвта. Со денешниов настан најважно ми е на студентите да им го подигнам...

Continue reading

film studenti

Студентите на ЕСРА со мултимедијален настап пред охриѓани

Post Views: 2 Културната понуда во Охрид, летово доби нова квалитативна инјекција. Студентите на универзитетот за аудио-визуелни уметности, заедно со своите ментори, подготвија посебна мултимедијална програма за деликатната аудио-визуелна перцепција на охриѓани. Деканот на факултетот за применета музика, м-р Дарко Мариновски вели дека не е лесно да се организира еден ваков настан, но дека мора да се размислува спонтано. „Тој настан е сеопфатен еден вид на мултимедијален настан кој што е поделен во четири категории, почнувајќи со промоции на книги и презентации на слики, продолжувајќи...

Continue reading

univerzitet

Наскоро уписите на факултетите за идните студенти

Post Views: 7 Започнуваат уписите за идните студенти во академската 2012/2013 година.  Веќе четврта година  како Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид, единствениот специјализиран универзитет за изучување на информатичките науки, подготвен да ги прими студентите на своите пет факултети. Триста слободни мести има на факултетите за изучување на Безбедност на компјутерски мрежи, Компјутерско системско инжинерство, Мултимедија и визуелизација, Машинска интелегенција и роботика, како и најновата студиска програма Дигитална и бизнис информатика, објаснува...

Continue reading

sasho korunoski dekan

Како студираат нашите студенти?

Post Views: 9 Како студираат нашите студенти? Ова е прашањето кое треба да добие одговор по ревизијата на Болоњскиот систем, или попознатиот ЕКТС систем. Беше најавуван на голема врата низ Европските земји, за многу брзо да стане дел и од нашиот високообразовен систем. Сега, ревизијата се случува и кај нас. Што добија студентите од него, а што изгубија? Колку новиот систем на студирање успеа да го разбуди потенцијалот на македонските студенти, колку им помогна во студирањето, не само во земјава, туку и во странство. Еве што мисли поранешниот студент и сегашен демонстратор на Факултетот...

Continue reading

kongres

Конгрес на фармацијата во Македонија

Post Views: 1 Во Охрид по петти пат се одржува Конгресот на фармација на Македонија. Организатор е македонското фармацевтско друштво кое постои неполни 65 години, а коорганизатор е фармацевтскиот факултет Св. „Кирил и Методи“, Скопје. Конгресот се одржува на секои четири години, а оваа година регистрирани се 1000 учесници од кои 250 од странство. Проблематиката на конгресот годинава е целокупната фармацевтска дејност. Професор Сузана Трајковиќ Јолеска, претседател на македонското фармацевтско друштво, вели дека бројката на учесници е факт кој говори дека развојот и афирмацијата на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top