Ознака: струшкото

dete

Албански државјанин се обидел да силува 10- годишно девојче

Post Views: 0 Албански државјанин во атарот на струшкото село Враништа се обидел да силува 10- годишно девојче, информираат од МВР. Имено, лицето И.Т.(29) од Либражд Албанија го следел 10- годишното девојче во месноста Црковни ливади кое одело накај својот дом. Во еден момент девојчето се завртело кон него и го прашала дали бара некого, на што тој на албански јазик и одговорил, потоа ја фатил за левата рака, го откопчал патентот од неговите пантолони и започнал да ја допира. Девојчето почнало да плаче и да го моли да не и’ прави ништо, по што му побегнала и се упатила во правец кон...

Continue reading

zijadin sela

ДПА Струга избра старо-нов претседател

Post Views: 0 Струшкиот огранок на ДПА бира нов претседател. Предложени двајца кандидати. Досега, мандатот на претседателот на огранокот траеше 4 години. Согласно новиот статут на партијата, избори ќе има во сите ограноци на ДПА. Д-р Зијадин Села повторно ја доби довербата од своите сопартијци на денешните избори за претседател на струшкото раководство на ДПА. На денешните избори гласаа повеќе од 60 делегати. Мандатот на претседателот на огранокот траеше 4 години, но со најновите измени во статутот на партијата, донесена била одлука да има нови избори во сите ограноци на Демократската...

Continue reading

bebe

Плодна година

Post Views: 2 Одделението за гинекологија и акушерство од Струга, функционира како регионално. Посебно тоа е изразено од крај на месец август годинава, кога обемот на работа на ова одделение е зголемен дури за 100%. Началникот на ова одделение Др. Мухамед Асани, вели дека во сите сегменти од работењето во гинекологијата, бележат зголемени бројки, како на раѓања, контроли, прегледи така и на сите останати услуги кои што се во тој домен. Асани додава, дека позитивниот исход во справувањето со ваквиот тек на работа, е единствениот мотив да продолжат безрезервно да си ја извршуваат својата...

Continue reading

Пловидбени знаци и информативни табли се поставуваат на охридско-струшкото крајбрежје

Post Views: 3 Од Радожда до Св. Наум на брегот на Охридското Езеро капетанијата на пристаништата поставува пловидбени знаци и информативни табли како и  бови кои ќе служат за сигнализација во вода. На брегот ќе бидат поставени 179 знаци а ќе бидат обновени и светилниците во Охрид и Св. Наум, каде ќе бидат поставени најсовремени светла по последната технологија. Нов светилник ќе биде поставен и во Струга. Поради тоа деновиве зачестени се ракциите од граѓани поради поставените знаци за забрането капење на пристаништата во Охрид, Св. Наум и на некои пристапни мостови. Од Капетанијата...

Continue reading

Sv Atanasija Lukovo

Црквите лесен плен за крадците

Post Views: 0 Преку ноќ исчезнува македонското културно наследство. Синоќа во струшкото село Луково се случила тешка кражба. Украдена е 21 икона, од црквата „Св. Атанасија“. Станува збор за едни од најстарите и највредните икони на оваа црква. Славе Богданоски, долгогодишен служител во овој свет храм вели дека кражбите нагло почнале да се случуваат со отварањето на меѓуграничниот премин со Р. Албанија. Во корист на крадците било и неработењето на полициската станица во селото, па Богданоски порачува истата повторно да отпочне со работа како би се зголемила безбедноста во селото.Увид...

Continue reading

drva

Дрвокрадци од Велешта заработија кривични пријави

Post Views: 3 Поради нелегален транспорт на бесправно исечено дрво во шума кое не е жигосано и без испратница, полициската станица за граничен надзор Лабуништа при регионалниот центар Запад, поднесе прекршочна пријава против К.Х. (43) и В.Х. (39) двајцата од струшкото село Велешта. На први минатиот месец околу 16 часот и 15 минути, кај месноста Лозја атар на селото Ташмаруништа, пријавените се затекнати во нелегален транспорт на 1,5 метри просторни огревни дабови дрва во сурова-свежа состојба кои претходно не биле означени за сеча. Транспортот го вршеле на магистралниот пат Струга-Дебар...

Continue reading

Ќе има ли чисти сметки во струшкото Комунално?

Post Views: 3 Ќе се реши ли конечно проблемот на вработените во струшкото Комунално претпријатие? Тие веруваат дека до крајот на оваа година ќе ги добијат заостанатите плати. ТВм дознава дека Синдикатот на вработените се сретна со директорот на претпријатието за заеднички да го надминат проблемот. Се надеваме дека 7-те заостанати плати ќе ги добиеме додека е важечка спогодбата потпишана помеѓу штрајкувачкиот одбор  и  градоначалначалникот Рамиз Мерко, а е заклучно до 31.12 оваа година, вели претседателот на синдикатот. Од месец мај, од кога протестиравме па до денес состојбата речиси...

Continue reading

Затворено струшкото ОУ “Браќа Миладиновци“ поради корона

Post Views: 2 Затворено најголемото основно  училиште во Струга. Од денес во  „Браќа Миладиновци“ нема настава со физичко присуство. Девет вработени лица се заразиле со корона вирусот,  четворица наставници и петмина од техничкиот персонал. Двајца од нив се со тешка клиничка слика хоспитаилизирани во струшката болница. „ Во нашето училиште деца немаме заразени. Во согласност со минисетсртвото и општината се договоривме две недели да се напправи пауза работи онлајн заради намалување на заразата., вели лаура Шате директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ Струга. Околу триста ученици од прво...

Continue reading

Казни за горење трска и насипување земја на струшкото крајбрежје

Post Views: 1 Инспектор од Државен инспекторат за животна средина, по дојава на Министерство за внатрешни работи, на 5-ти март направи контрола на запалена трска на струшкото крајбрежје на потегот кон с. Калишта. Оваа нелегална активност на палење трски, со цел формирање плажи или платформи на крајбрежјето, е честа во март и април. Со цел да се спречи оштетување на природното наследство – Охридското Езеро и крајбрежјето од палењето трски, Државниот инспекторат за животна средина на 12-ти март иницираше соработка со општина Струга и Одделението за внатрешни работи (ОВР) во Струга....

Continue reading

Се уште постои ризик oд нови одрони од карпи во струшкото село Радожда

Post Views: 6 Жителите на струшко Радожда стравуваат од  карпите над нивните куќи. После големиот одрон од пред една недела нивните погледи се свртени кон пештерската црква Св Архангел Михаил. Сведочат дека над нивните глави сè уште се слуша крцкање на камењата, а се отвориле и процепи. „Не се случило ова, да се одвои дел од карпава. Затоа живееме тука, затоа сите беа безбедни. Сега понатаму треба да се види„ „ Од сите страни е испукано. Треба да дојдат геолози, затоа што не е безбедно за живеење овде. Можеби ќе се иселиме одовде. Пола село е под карпа. Постои опасност и таа да се...

Continue reading

pozarna

Во струшко опожарени 10 хектари шума

Post Views: 4  Пожарот, што викендов пламна во атарот на струшкото село Долно Татеши, утрово е целосно ликвидиран и ставен под  контрола.  Пожарот започнал на 28 јули и со интервенција на струшката противпожарна единица бил локализиран, но повторно се обновил на 29 јули. Во неделата, при гасењето на пожарникарите им се приклучиле и  вработените од струшкото ЈШП „Јабланица“ .Според командирот на струшката пожарна Урим Каба, причина за пожарот е човечко  невнимание  при палење на стрништа. Пожарот избил на споредните стрништа за потоа да се прошири на шумските површини  уништувајќи...

Continue reading

tutun

Запленети 20 тони тутун за продажба на „црно“

Post Views: 1 Поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – “недозволено пренесување на акцизно добро односно стока или користење на акцизна дозвола или одобрение“, СВР Охрид, поднесе кривична пријава против А.Г.(55) од струшкото село Франгово, Н.К. (46) од Охрид и А.Б.(38) од Поградец-Република Албанија.Пријавените А.Г. и Н.К. во текот на минатата година, против-правно набавиле околу 20 тони ситно сецкан тутун за пушење, кој како акцизна стока подлежи на акциза согласно Законот за акцизи. Со намера целосно или делумно да ги избегнат акцизните давачки, пријавените...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top