ДПА Струга избра старо-нов претседател

Д-р Зијадин Села повторно ја доби довербата од своите сопартијци на денешните избори за претседател на струшкото раководство на ДПА.

 |  Мишел Наумоски  | 
zijadin sela
Зијадин Села

Струшкиот огранок на ДПА бира нов претседател. Предложени двајца кандидати. Досега, мандатот на претседателот на огранокот траеше 4 години.

Согласно новиот статут на партијата, избори ќе има во сите ограноци на ДПА.

Д-р Зијадин Села повторно ја доби довербата од своите сопартијци на денешните избори за претседател на струшкото раководство на ДПА. На денешните избори гласаа повеќе од 60 делегати. Мандатот на претседателот на огранокот траеше 4 години, но со најновите измени во статутот на партијата, донесена била одлука да има нови избори во сите ограноци на Демократската партија на албанците.

Menduh Taci

Како и сите останати партии на македонската политичка сцена, така и ДПА се спрема за предвремени избори. Тие најавија дека пред одржувањето на предвремените парламентарни избори, ќе бидат одржани избори во сите локални ограноци на ДПА.

Д-р Зијадин Села беше најавен како единствен кандидат, но таа одлука беше променета. Противкандидат му беше Кумриша Хани. Кандидатура можеше да се поднесува и на самото изборно собрание. Присутен на овие избори беше и Претседателот на партијата, Мендух Тачи.

 {loadposition content9}

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top