Ознака: Струга

Стружанец дивеел пред локал

Post Views: 8 На 06.03.2022 година во 23.50 часот, пред угостителски објект лоциран на улицата „Владо Малески” во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување извршено од И.М.(33) од Струга. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

сообраќајка

Двајца повредени во сообраќајка кај Струга

Post Views: 0 Синоќа околу 20.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај место викано Равење се случила сообраќајна несреќа помеѓу „ауди” управувано од А.Ц.(26) од село Јабланица и возило „ровер” управуван од Е.К.(20) од село Лабуништа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „ровер” О.К.(41) од с.Лабуништа констатирани во Општата болница-Охрид, а со телесни повреди се здобил возачот А.Ц. констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Continue reading

марихуана

Истрага против дилер на марихуана во Струга

Post Views: 5 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 27-годишен стружанец, во гаражата што ја користел во близина на неговиот дом на улицата „Мислешевски пат“, неовластено заради продажба држел вкупно 433,8 грама марихуана во бела најлноска кеса. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување...

Continue reading

Во Струга Чесниот крст го фати Никола Кутаноски

Post Views: 10 Никола Кутаноски, триесет и пет годишен тренер по пливање и триатлон од Радожда, кој петнаесет години живее во Струга, синоќа сонувал дека шета со светиот крст и дел од собраните средства ги донира за изградба на црквата кај Женска плажа. Токму тоа била и причината што по 10- ти пат скокнал по крстот во студениот Дрим. Скокам десетти пат по крстот. Секоја година од исто место и иста страна. Прв пат го фаќам. Чуството е неописливо. Ноќеска сонував дека годинава ќе шетам со крстот и дел од собраните пари ги донирам за изградба на црквата кај Женска плажа во Струга. Со...

Continue reading

Црн Дрим Струга

Кривична за жител на Радолишта кој дивеел во Струга

Post Views: 11 ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Е. (22) од струшкото село Радолишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. Тој на 12.12.2021 во угостителски објект на улица „Ристо Крле” во Струга упатил закани кон А.Р. (24) од Струга, а потоа го оштетил инвентарот и опремата во објектот – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Continue reading

Бесплатен Wi-Fi во Охрид и Струга

Post Views: 9 Стотина туристички локации низ државава ќе добијат бесплатно wi-fi во наредниот период. Директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски и вд директорот на ЈП Национална Радиодифузија, г-дин Ендре Кадриу  разговараа за детали од проектот со кој се предвидени 100 точки, најзначајни туристички локации да имаат пристап до интернет. Овој проект ќе се реализира врз основа на Националнот оперативен Бродбенд План – НОБП и опфаќа: – 100 туристички локации– прв чекор за реализација на проектот се граничните премини – Wi-Fi покриеност на Охрид и Струга– пристап...

Continue reading

Министерката за култура најави повеќе средства за културните установи во Струга

Post Views: 14 Тековните активности, проектите што планираат да ги реализираат во периодот што следува, но и проблемите со кои се соочуваат во текот на своето работење беа темите на средбите помеѓу директорите на националните установи од културата во Струга и Бисера Костадиновска Стојчевска, министерката за култура. За Struga Poetry Evenings / Струшки вечери на поезијата  N.U. Centar za kultura “Braka Miladinovci” – Struga, Музеј д-р Никола Незлобински Струга – Dr Nikola Nezlobinski Museum Struga годинава се издвоени значителни средства за инвестиции. Работиме...

Continue reading

Црн Дрим Струга

Пуштени во оптек фалсификувани евра во Струга

Post Views: 9 На 24-ти септември 2021 година, во Полициската станица во Струга било пријавено дека во три спортски обложувалници во Струга биле пуштени во оптек фалсификувани евра. Според пријавеното, во трите обложувалници, во периодот од 21:00 до 21:30 часот влегле по три лица и од вработени размениле фалсификувани банкноти од по 100 евра. Банкнотите биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случаите – информираат од МВР.

Continue reading

Црн Дрим Струга

Забранета за пиење водата од градскиот водовод во Струга

Post Views: 10 Водата од градскиот водовод во Струга е загадена и не треба да се користи за пиење и лична хигиена, соопшти јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“. Како што е наведено во соопштението, загадувањето, настанало поради дефект во водоводната мрежа. Ги молиме сите граѓани да не конзумираат вода за пиење, за лична хигиена и производство на прехранбени производи до следното известување. Работните тимови на претпријатието се на терен, за да се реши проблемот – посочува ЈП „Водовод и канализација“ Струга. Екипите на претпријатието, работат со голем...

Continue reading

Шах турнир

Европската шаховска елита се собра во Струга

Post Views: 8 Струга домаќин на Европската шаховска елита. Од викендов во градот на мостовите започна Купот на шампиони во шах. Врвни домашни и светски шаховски имиња ќе ги одмерат силите, а присуствува и светскиот првак Магнус Карлсен. Нашата земја по трет пат во историјата е домаќин на најсилното клупско шаховско натпреварување, каде се собрани најдобрите играчи на денешницата. Сите европски држави се застапени преку своите најсилни клубови, засилени со шахисти од целиот свет. Дојде и светскиот првак во шах Магнус Карлсен еден од најдобрите играчи на денешницата. Така да голем...

Continue reading

36-годишен охриѓанец фатен со метадон во Струга

Post Views: 10 На 22.12.2021 година во ОВР Струга приведен е С.Ѓ.(36) од Охрид. При контрола во неговиот автомобил „Пежо” што го управувал на улицата „ЈНА” во Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа метадон. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Црн Дрим Струга

Куче скитник каснало жена во Струга

Post Views: 6 На 15-ти септември 2021 година, 65-годишната С.П. од Струга пријавила во надлежната Полициска станица дека била касната од куче скитник. Инцидентот се случил додека се движела покрај езерото – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top