Ознака: странските

sliki

Странските тур оператори субвенциите ќе ги добијат на почетокот од 2014

Post Views: 3 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот доцни со исплатата на субвенциите за туроператорите за оваа година.  Новиот директор на агенцијата Кристијан Џамбазовски, информира дека поднесените  апликации за субванциите за  туроператорите ќе бидат навремено исплатени. Не открива бројки колку пари должат на име неисплатени субвенции, но според Џамбазоски задоцнувањето нема негативно да се одрази врз договорите со странските агенции за носење на гости. „ Загразување или некаква пречка нема никаква. Тековно се обработуваат и потпишуваат решенијата за субвенционирање....

Continue reading

invest in ohrid

Со брошурата „Инвестирајте во Охрид“ ќе привлекуваме странски инвестиции

Post Views: 2 „Invest in Ohrid“, краток и јасен наслов за брошурата која ја подготвува секторот за туризам и локален економски развој за привлекување на странски инвестиции. Во неа ќе бидат систематизирани сите материјали и податоци со кои располага општина Охрид во однос на интересот на странските инвеститори. Досега, во работната верзија се вметнати податоците за локациите и проектите кои се во сопственост на општината, а од денес стартуваше и јавниот повик до сите заинтересирани граѓани кои имаат некоја нереализирана бизнис идеја која би можела да се вметне во брошурата. „Со јавниот...

Continue reading

Охрид

Хотелиерите не задоволни од работата на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот

Post Views: 0 На 27 април во Охрид пристигнува првиот чартер лет со холандски гости, а на охридскиот аеродром ќе пристигаат се до крајот на октомври. Од Хотам очекуваат дека и оваа Летна сезона 2013 ќе се задржи ланската бројка од  20.000  странски гости од Бенелукс. Асоцијацијата Хотам  не е задоволна од работата на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, напоменува Дончо Танески претседателот на  Хотам. Нема нити еден конкретен резултат или инфорација oд одржаните  саемски манифестации. Туристичките промоции на земјава на саемите се одржуваа на полупразни штандови, со исклучок...

Continue reading

tvrdina

Вложените пари во субвенциите за странски гости се исплатија

Post Views: 11 За летна сезона  2013 Владата најавува зголемување на износот на име субвенции со кој ќе се привлекуваат странските гости. За субвенционирање на тур операторите и туристичките агенции ќе обезбедат  60 милиони денари, најави министерот за економија Ваљон Сарачини. Лани по основ девизен прилив од туризмот  биле остварени 122,3 милиони денари.  Покрај досегашната финансиска поддршка за тур операторите од Холандија и Белгија, субвенциите сега се прошируваат и за уште девет нови држави. Годинава субвенции ќе се исплаќаат и за тур-операторите од Скандинавските земји, Русија,...

Continue reading

легалзиација

Бројот на посетители во Охрид повторно се „ тресе“ од ракав

Post Views: 1 На охридската ривиера во мал број се присутни странските туристи кои го слават  католичкиот Велигден. Оваа констатција се извлекува од поединечните контакти со хотелиерите. Во повеќето хотели од конатктите со менаџерите за продажба информираат дека или воопшто немаат гости  или пак имаат помали групи на посетители. Од хотел Инекс Горица информираат дека немаат гости за католичкиот празник. Исто така и од Гранит кажа дека нивните капацитети останале празни. Во иста ситуација се и хотелите Метропол и Белви. Во моментов и од хотел Гарден кратко изјавија дека имаат помала...

Continue reading

anketa

ТЛЕР преку анкети ќе дознава што сакаат, а што не туристичките работници и туристите

Post Views: 1 Туристичките работници, странските и домашните гости , а и граѓаните ќе можат да си ги напишат маките на хартија. ТЛЕР изготви формулар на кој сите субјекти кои се вклучени во туризмот, а и гостите ќе можат да ги стават своите забелешки и да кажат од што се, а од што не се задоволни. Анкетата не е класична со точно утврдени прашања туку  секој може да наведе повеќе забелешки доколку ги има. Гоце Симоновски, раководителот на ТЛЕР вели дека се одлучиле на овој начин на испитување на јавното мислење во областа на туризмот со цел да дознаат кои се пропустите и истите да...

Continue reading

parkinzi

ВМРО-ДПМНЕ: Поскапениот паркинг-удар врз џебот на граѓаните

Post Views: 0 Не стивнуваат реакциите околу зголемените цени за паркинг. Нова прес конференција на оваа тема одржа општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тие обвинија дека со новите цени се удира не само по џебот на охриѓани, туку и на домашните и странските туристи. Велат со наметнатата цена на паркинг просторите низ Охрид, само се усложнува неповолната состојба во која се наоѓаат граѓаните на Охрид. „Зголемувањето на цената за паркинг простор како и поставување на паркинг простор на места каде што никогаш претходно не постоеле како и недозволувањето на граѓаните кои живеат во област...

Continue reading

OO SDSM

СДСМ во одбрана на градоначалникот

Post Views: 0 За излез на сообраќајните гужви, градоначалникот и локалната самоуправа континуирано бараат оптимални решенија. Спротивно на ваквите напори претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Атанаско Михаилов, ја замајува јавноста со секојдневните прес конференции за тоа дека нетребало кружен тек кај Билјанини извори како и за тоа дека на Кеј Маршал Тито требало да се користи една лента за сообракај. Според него, не треба ништо да се презема, за да може подоцна да излезе на прес конференција и да каже дека во Охрид има сообраќајни гужви. Народот би рекол. Овој Атанаско...

Continue reading

cinar

Тивко умира Охридскиот чинар

Post Views: 15 Попушта поставената заштита на стеблото на Чинарот. На надворешноста од најстарото дрво во градот е видливо поткопувањето на стеблото. Дрвото беше санирано во пролетта, 2002 година кога под налет на силно невреме, ветар и снег се искрши и падна една од двете странични гранки. Експертите го исчистија трулежот и го конзервира платанот, а требаше да постават и вештачка кора, но за тоа Министерството за животна средина не најде пари. Охридскиот чинар од 1967 година е ставен под заштита на државата како најстар споменик на природата. Дрвото се претпоставува дека е засадено...

Continue reading

Ohrid

Субвенциите за in coming туризмот привлечни за странските агенции

Post Views: 0 Во Министерството за економија, минатата година, биле поднесени 200 барања за исплата на субвенции на туристичките агенции кои донесле  странски туристи во земјава.  На туристичките агенции по овој основ им биле исплатени околу 700.000 евра, вели раководителот на секторот за туризам при Министерството  за економија Зоран Николоски. Од бројот на пристигнати апликации останале не реализрани 50- тина барања кои ќе бидат дополнително разгледани. Барањата за субвенциите биле  од странските тур оператори Корендор од Холандија, Чедок од Чешка, Финската -Оур Маткат, Туј од...

Continue reading

Penzioneri

Отворени вратите за странските пензионери во охридското здружение

Post Views: 2 Пензионери повратници од Австралија, Канада и западно европските земји заинтерсирани да членуваат во Здружението на пензионери на општините Охрид Дебрца. Од скоро Здружението направи измени во статутот, по одлуката на Владата, странските пензии  да се примаат и во земјава, вели Ѓорѓи Трпчески, претседателот на ова здружение. Извршниот одбор на здружението донесе одлука сите заинтересирани пензионери повратници од странство да ги прифатат и да ги користат сите бенефиции како и домашните. Нашите пензионери, пак најмногу се заинтересирани за набавка на огревно дрво на...

Continue reading

leto

„Ако по утрото се познава денот“ ќе имаме добро Лето 2011

Post Views: 6 Од самиот старт на почетокот на летото можеме да очекуваме успешна туристичка сезона доколку се следи максимата „Ако по утрото се познава денот“. Хотелиерите и туристичките работници се задоволни од посетеноста на странските гости и стартот на туристичката сезона, нагласува Зоран Стрезоски директор  на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот. Засега со празни кревети останаа приватните станоиздавачи кои претежно се најмуваат од  гости кои се на транзит во Охрид на ден – два. Но, со подобрување на временските услови од викендов се очекува и станоиздавачите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top