Ознака: страна

uzurpirani trotoari

Злоупотреба на тротоарите

Post Views: 5 Злоупотреба на тротоарите во градов има. Безбедносните зони за пешаци, посебно во делот на крајбрежната линија, узурпирани некаде во целост а некаде само на дел од нив. Охриѓани сметаат оти сопствениците на дел од угостителските објекти во овој дел од градот, си го гледаат само сопствениот интерес, не водејќи сметка за безбедноста на движењето на пешаците.Одобренија за поставување урбана опрема издаваат од Секторот за Урбанизам. Тихомир Дурнев, од тој сектор, вели дека секоја година согласно Законот за градба, се донесува програма за поставување на урбана опрема кој...

Continue reading

raskopana ulica

Раскопан патот во населеното место Велгошти

Post Views: 1 На поплаките од жителите дека овој дел од патот се раскопува по втор пат, Цветкоски вели дека тоа е така затоа што најпрво се поставувала канализација, па нова водоводна линија и дури сега се поставува атмосферска канализација. Не  е возможно сите активности да се изведуваат истовремено, додава директорот на ЈП„Нискоградба“. Темпото со кое се одвиваат сите започнати активности е според зацртаниот план. Се надевам дека до Велигден ќе се завршени сите активности.Владо Цветкоски директор на ЈП„Нискоградба“ објаснува дека активностите за ставање на атмосферска канализација...

Continue reading

zdruzenie na penzioneri

Успешна година за охридските пензионери

Post Views: 4 Реализиран голем дел од зацртаните проекти од здружението на пензионери.За првпат оваа година преземени се соодветни чекори за донесување на стратегија за старите лица. Оваа стратегија е донесена од страна на Министерството за труд и социјална политика и се однесува на периодот 2010-2019г. Вметнати се сите проблеми со кои се соочува оваа популација. Исто така, донесен е и законот за формирање на здружение, како и проект за изградба на дом за стари лица и пензионери, кој е поткрепен со решение од Советот на локалната самоуправа. Пензионерите се задоволни што пензиите...

Continue reading

sovetnici

Различни ставови на советниците за општинскиот буџет

Post Views: 0 Буџетот на општината се состои од основен буџет, буџет на самофинасирачки активности, буџет на донации и буџет на дотации. Вкупно буџетот на општина Охрид за 2011 год е 1 086 673 000 денари, односно околу 17 800 000 евра.Најголемата ставка што треба да го наполни буџетот се даночните приходи,  над 550 милиони денари, а веднаш зад неа е ставката за предвидениот кредит од 360 милиони денари. Што се однесува до расходите, буџетот најмногу ќе го олеснат платите за општинарите – близу 155 милиони денари, потоа се средствата за уредување на градежно земјиште – 133,5 милиони...

Continue reading

Plakati

Ќе се вратат филмските плакати низ градов

Post Views: 0 Од нареднава година, треба повторно низ градов да осамнат филмските плакати. Од Центарот за култура „Григор Прличев“ се надеваат дека ќе успеат да го вратат, можеби најефикасниот начин на најава и рекламирање на кино репертоарот и останатите културни настани. Сепак тоа, не зависи само од нив. Од локалната велат дека доколку до нив биде доставено барање, истото ќе биде разгледано од страна на Одделението за урбанизам и додаваат дека потоа ќе се најдат соодветни локации за поставување на филмските постери. Освен пред самиот влез на Центарот, локацијата во близина на Охридската...

Continue reading

пп возило

Tропаат за пари на погрешна врата

Post Views: 3 Група револтирани припадници на  противпожарната територијална едница, кои сакаа да останат анонимни, се пожалија дека единствено тие биле отстранети од списокот за добивање на овој екстра приход. Нивниот командир Спасе Прентоски пак, вели дека иако уште од 2004-та година противпожарните територијални единици се преземени од страна на општината, нивното финасирање, сеуште го прави некој друг. „Но финансирањето на противпожарните територијални единици, сеуште го прави државата односно, преку МВР и Министерството за финансии,“ вели Прентоски. Улогата на Локалната е да...

Continue reading

kabinet

Ставен во употреба кабинетот по техничко образование во ОУ„Григор Прличев“

Post Views: 5 Техничкото образование поблиску до децата. Ставен во употреба кабинетот по овој предмет во основното училиште „Григор Прличев “. Проектот е прв од ваков вид  во нашиот град. Во разговорот со учениците тие го изразија своето задоволство и мотивацијата која ја добиваат од спроведувањето на истиот. Со ова опрема на децата им се доближуваат електронските направи. Целта е на интересен и забавен начин, како и преку практична работа да им се пренесат поголеми знаења од областа на техничкото образование. Овој проект е од големо значење за нашето училиште вели професорката по...

Continue reading

dup

„Табана“ и „Кеј“ сеуште не се О.К.

Post Views: 3 Предлог одлуките за утврдување на нацрт дуповите кои се однесуваат за опфатите „Табана“ и „Кеј“ познат како Ривиера, не стигнаа пред советниците. Иако, спред зборовите на началникот на Секторот за урбанизам и просторно планирање, Бранко Арнаудов, предложените Нацрт ДУП-ови се со помал процент на изграденост во споредба со веќе постоечките ДУП-ови за овие опфати, и дека се добри за урбаниот имиџ на градот, градоначалникот Петрески пред усвојување на дневниот ред истите ги повлече. Наследниците на ова земјиште одлуката на градоначалникот ја проследија со разочарување....

Continue reading

kamion za otpad

Одобрен е планот за управување со отпад

Post Views: 3 Донесен еден од најважните документи за управување со отпад во нашата општина. Планот за управување со отпад кој беше доставен од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, претставува стратешки документ на активностите што следат и основа за пресметување на потребните средства кои ќе се одделуваат од буџетот на општина Охрид во врска управување со комуналниот отпад. Вишиот соработник од Секторот за урбанизам и заштита на животната средина од општина Охрид, Хавза Реџеп Какел вели дека нашава општина е една од првите кои во РМ го донесе овој план...

Continue reading

SVR

Илегален влез за незаконски лов

Post Views: 5 Утрово во 6 часот и 30 минути се случи вооружена престрелка, во близина на граничниот премин Св. Наум во Охрид, на македонска територија. Оваа информација ја потврдија и од СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димовски според првичните информации кои ги имале, кажа дека пукотниците настанале кога македонската полиција при патролирање пресретнала 10 члена група албански државјани. Тој додаде дека имале сознанија за делувањето на илегални групи на територијата на НП „Галичица“ од македонска страна, кои незаконски ловеле дивеч. Димоски потенцира дека утрово биле поставени неколку...

Continue reading

karta

Хорор во урбаната сфера

Post Views: 2 Позади партискиот став на СДСМ застана Томислав Тунтев. Тој во негов стил кажа дека, доколку на секоја точка од дневниот ред поврзана со урбаните документации, се изнесува непринципиелното на принципиелниот став на ДПМНЕ, ќе дојде, како што кажал некој негов војнички другар: „Јас имам еден принцип, никогаш не се држам до моите принципи“.Дека се постави знак прашалник по однос на двете спорни точки од дневниот ред на 24 седница, кои се однесуваа на донесување одлуки за локални плански документации, докажува одложувањето на овие точки за некоја наредна седница. Очигледно,...

Continue reading

gradinka

Градоначалникот избра В.Д. за градинката

Post Views: 2 Како што веќе ве информиравме постапката за избор на прв човек на градинката закочи уште на самиот старт. Очекувано беше градинката некое време да остане без директор, според изјавите на дел од членовите на Управниот Одбор на оваа установа. Владо Суклоски на 11 септември годинава во изјава за ТВМ како член на У.О. поточно како претставник од министерството за труд и социјална политика посочи низа прекршувања на статутот на градинката. И овој пат Суклоски, со назначувањето на Вршителот на должност на охридската градинка Марина Петроска Тодороска, смета дека градоначалникот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top