Ознака: страна

pat

Платил комуналии и бара пристапен пат до домот

Post Views: 0 Барам пристапен пат по кој ќе можам нормално да влезам во мојата семејна куќа вели Драган Стефаноски од Охрид. За изградената куќа на улица Ристо Чадо во 1979 година платив комуналии, а сум  без пат, нагласува Стефаноски. Тој и уште неколку семејства на истата улица сега користат приод до своите домови од еден метар. Проблемот започна пред неколку месеци кога неговиот сосед со судско извршно решение си  врати дел од патот кој беше нелегално асфалтиран од страна на Локалната самоуправа, а ТВМ информираше за случајот во неколку наврати. Сега соседот своето земјиште го...

Continue reading

Sednica na Sovet

По низа негодувања, советниците дадоа амин за ДУП-ови на атрактивни локации

Post Views: 1 Денешната 34-та седница на Советот на општина Охрид започна со пауза. Причина за тоа беше  недоразбирањето помеѓу позицијата и опозицијата во Советот, по предложувањето на дополнителната точка за дневниот ред од страна на советникот од ВМРО ДПМНЕ,  Љубен Буџакоски. Тој бараше да се дискутира за одделување на водоводот во село Лескоец од мрежата на МЈП Проаква. Советникот од СДСМ Томислав Тунтев побара образложение за предложената точка и запраша “Водоводот, кој е во функција, да биде одземен и вратен  – каде?“ За да ги смири страстите, градоначалникот истакна...

Continue reading

EPRA sostanok

Слобода има, но и притисок

Post Views: 2 Македонија домаќин на 33-та конференција на Европската платформа на регулаторните тела. „Во нашата земја е загрозена и слободата на изразување, како и слободата медиумите“, вели првиот човек на СРД на Македонија, Зоран Стефановски. Тој истакна дека станува збор за проблем, со кој не се соочува само нашата земја, туку се соочуваат и останатите земји од регионов. Стефановски додаде дека станува збор за сериозно прашање, кое бара сериозен пристап и ангажман во решавањето од страна на сите инволвирани страни. „Мислам дека не сите се загрозени, има слобода на медиумите,...

Continue reading

konferencija

Што е поважно, оценките или знаењето?

Post Views: 6 Да се учи за оценка или да се учи за навистина да се научи? Експертите едногласни, подоброто оценување значи подобро образование, но се поставува прашањето, кој вид на оценување треба да се примени кај нас? Во 21век постои потреба за промена на концептот “учење за стекнување знаења” во “учење за стекнување вештини за учењето”. Со тоа и самото оценување мора да претрпи промени, вели Небојша Мојсоски, директор на проектот на USAID  за образование. Современото образование го менува фокусот од оценување на наученото, во оценување за учењето, потенцираат експертите, што...

Continue reading

Не стивнуваат тепачките пред и во угостителските објекти

Post Views: 2 Инцидентот кој се случи вчера попладне околу 14 часот и 45 минути пред пицеријата Американо и натаму ја бранува охридската јавност. Со овој инцидент продолжува негативната серија на настани кои се случија овој месец. Од СВР-Охрид известуваат дека до тепачката дошло кога кон А.В. кој бил пред пицеријата „Американо“ се упатиле  Ц.М.(33) М.Т.(25) З.Т.(28) Н.М.(25) од Охрид и уште две засега непознати лица. Со цел да го избегне нападот од нив, А.В. се сокрил внатре во пицеријата и ја заклучил влезната врата. Од страна на Ц.М. и М.Т. бил скршен прозорецот од вратата по што...

Continue reading

zs tocak

Уште еден викенд во знак на охридските велосипедисти

Post Views: 9 Членовите на планинско-друмскиот велосипедски клуб Еко Дром го продолжуваат проектот ‘‘Да ја запознаеме нашата околина‘‘. Викендов  кој е зад нас тие го посетија селото Лин во Албанија. Воодушевени од посетата на ново откриената некропола и изненадени од автентичноста на градбите во стар стил од овој дел на крајбрежјето, за на јужната страна од полуостровот, да ги пречекаат ново изградени ресторани и хотели, како и убави широки плажи. Успешно е завршена и велосипедската тура и воедно еко патрола, од страна на клубот “З’ш Точак”. Вчерашната тура беше поделена на две...

Continue reading

ekskurzii

Нов правилник, стари проблеми

Post Views: 23 Административно обременет, новиот Правилник за начинот на изведување на ученичките екскурзии, дополнително го усложни процесот на спреоведување на овие воннаставни активности. Кога во ноември месец минатата година, истиот беше донесен од страна на Министерството за образование, идејата и самата негова цел беше, да придонесе за подобрување на квалитетот на изведувањето на училишните екскурзии и да ја зголеми безбедноста на учениците. Но директорите на основните училишта со малку поинакво мислење. Директорката на најголемото охридско основно училиште, „Христо Узунов“,...

Continue reading

jimi Ros

Поранешен претседател на LCI во посета на охридските лајонисти

Post Views: 4 „Нашата цел е една и единствена, да им помагаме на оние кои имале помалку среќа од нас“, вели Џими Рос, поранешниот претседател на Lions Club International. Рос со посетата на трите лајонс клуба во Охрид, ја заoкружи својата еднонеделна посета на нашата држава. Овој поранешен претседател на LCI, како и пранешен врховен судија на сојузната држава Тексас, е задоволен од глобалната соработка помеѓу Лајонс клубовите, како и од реализацијата на проектите преку средствата на фондацијата на LCI. „Фондацијата на LCI  им помага на лајонсите да аплицираат за грантови. Така ние...

Continue reading

ograda

„Гранит“ се оградува со бетон

Post Views: 2 „Гранит“ го доби имотниот лист за земјиштето кај полигонот за мали спортови во близина на ОУ “Григор Прличев. Конечно решени сопственичките односи за оваа атрактивна градежна парцела, на која требаше да се гради фамозниот Конгресен центар. Директорката на правниот сектор на градежната фирма „Гранит“ Виолета Божиновска ги објасни активностите кои од страна на фирмата се преземаат на оваа локација. Директорката Божиновска потенцира дека станува збор само за менување на постајната оштетена ограда, со но0ва бетонска. Божиновска додава дека за овие активности уредно била...

Continue reading

ribari

Фестивал на плашицата, по втор пат

Post Views: 4 Покрај сите минуси за охридскиот туризам еве и еден плус. Фестивалот на плашицата како нова и невидена атракција на Балканот, па и во Европа. Оваа година се одржува по втор пат, а организаторите ветуваат дека ќе има што да се види и што да се проба. Пржена плашица и рибна чорба подготвени од охридските мајстори за риба, треба да ги привлечат не само туристите туку и пребирливите Охриѓани. Димитриески дополни дека токму ваква манифестација му е потребна на Охрид, манифестација која ќе биде долгорочна и трајна и единствена на овие простори. „Самиот фестивал ќе се одржи...

Continue reading

gradba

Неизграденото државно земјиште ќе им се враќа на општините

Post Views: 6 Процесот на менаџирање со земјиштето, ќе биде олеснат со изработка на посебен компјутерски софтвер, кој ќе биде дистрибуиран до први јули 2011 година.Управување со градежното земјиште на транспарентен начин преку електронско јавно наддавaње, со овие зборови Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, го објасни основниот принцип на новиот Закон за градежно земјиште. На овој начин, управувањето со градежното неизградено земјиште, ќе почнат да го вршат единците на локалната самоуправа. Од страна на министерството, ќе се формира работно тело, кое ќе врши обукa на...

Continue reading

Ohrid

Туристичките инспектори контра туристичките водичи

Post Views: 7 Туристичките инспектори реагираат на обвинувањата упатени на нивна адреса од страна на туристичките водичи од Охрид дека не си ја вршат работата при надзор на нелегалните водичи. Ваквите тврдења се неточни вели главниот општински инспектор Танас Танасоски. Во текот на летната сезона 2010 од туристичката инспекција биле изречени 9 манадатни казни во висина помеѓу 100 и 300 евра за српски и бугарски водичи. Во 2009 година таа бројка била за 6 опомени помала. Инспекторите направиле  и голем број записници соопмени за странски водичи кои нелегално воделе групи на разглед...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top