По низа негодувања, советниците дадоа амин за ДУП-ови на атрактивни локации

На почетокот на седницата на Советот на општина Охрид – пауза. Недоразбирање помеѓу позицијата и опозицијата во Советот, по предложувањето на дополнителна точка на Дневниот ред.

 |  Татјана Маленкова  | 
Sednica na Sovet
Седница на Совет

Sednica na SovetДенешната 34-та седница на Советот на општина Охрид започна со пауза. Причина за тоа беше  недоразбирањето помеѓу позицијата и опозицијата во Советот, по предложувањето на дополнителната точка за дневниот ред од страна на советникот од ВМРО ДПМНЕ,  Љубен Буџакоски. Тој бараше да се дискутира за одделување на водоводот во село Лескоец од мрежата на МЈП Проаква.

Советникот од СДСМ Томислав Тунтев побара образложение за предложената точка и запраша “Водоводот, кој е во функција, да биде одземен и вратен  – каде?“

За да ги смири страстите, градоначалникот истакна дека и покрај тоа што со оваа иницијатива на советниците од ВМРО ДПМНЕ се кршат неколку закони, точката ќе биде ставена на дневен ред со цел, како што кажа “граѓаните да не бидат манипулирани“.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ реагираше и на точките кои се однесуваа на деталните урбанистички планови. Координаторот на советничката група Дејан Паноски, запраша зошто градоначалникот си го крши  зборот, кога пред еден месец ветил дека во предизборниот период нема да се расправа за точки од сферата на урбанизмот.

Следуваше одговор од градоначалникот, кој истакна дека сите добро ја знаат процедурата за донесување на еден урбанистички план. Во моментот кога докумнтацијата ќе биде потпишана од ресорниот министер, истата според законот мора во рок од 15 дена да помине на седница на Совет.

Советниците на денешната седница расправаа и за тримесечните извештаи за работата на ЈП ” Билјанини извори” и “Нискоградба”. И покрај тоа што истите советниците ги изгласаа, сепак не помина се така глатко. Опозицијата во Советот се интересираше за долгот на ЈП “Милјанини извори“ кон ЕВН, на што добија одговор дека во мометов ЈП не должи ништо кон ЕВН, затоа што долгот е затворен со цесија. Советничката од ВМРО ДПМНЕ Јованка Дамеска запраша зошто Локалната самоуправа ангажира приватни фирми за асфалтирање на улиците, кога истата таа Локална самоуправа има ЈП за патна инфраструктура. По овие обвинувања следуваше експересна реакција на директорот на ЈП “Нискоградба“ Владо Цветкоски, кој потенцираше дека излишни се овие обвинувања кога сите добро знаат дека ова ЈП сеуште нема ни механизација, ни вработени за вакви зафати.

Советниците на денешната седница беа единствени само за точката која се однесуваше на нивните месечни примања. Сите едногласно дадоа зелено светло за намалување на висината на месечниот надоместок.

Поминаа и точките од урбанистичаката сфера.  Советникот Паноски реагираше зошто во деталниот урбанистички план за Урбана заедница 17(кај Спортскиот центар  Атина Бојаџи), не е зацртан затворениот базен, додека пак советникот на ВМРО НП Јоне Станкоски, запраша дали во склоп на комплексот е предвидено игралиште за хокеј. Објаснувањето го даде претставникот на изготвувачот на проектот ИМПУМА, Благоја Тагасовски, кој кажа дека станува збор за голема градежна парцела со повеќе фунции.

На денешната седница советниците експресно ги изгласаа и усвоија предлог одлуките за донесување детални урбанистички планови за урбаните заедници 2, и тоа за опфатите кај Католичка црква и хотел Тино, урбаната заедница 8, опфатот кај Кам маркет, урбаната заедница 10 кај Оранжерии и 13 кај Железничка. Не помогна ни бурната реакција кај советничката група на ВМРО ДПМНЕ, предизвикана од предлог одлуката за урбаната заедница 2. Тие реагираа дека на овие локации повторно се дозволува да се градат објекти за кои е карактеристична голема висина, а се планирани објекти со димензии П+2+поткровје.

Денеска советниците  беа едногласни и ја изгласаа точката која се однесуваше на збратимување на градот Охрид  со градот Краков Полска.

34-тата седница на Советот на опШтина Охрид се одржа во реновираната општинска сала.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top