Ознака: стартува

nba

Одложен стартот на „NBA“

Post Views: 9 „Верувавме дека нема да дојде до ваквата ситуација, ама во сите точки на преговорите сме уште многу оддалечени и никако не успеваме да се приближиме. Меѓу нас има јаз кој не дели. Сметам дека треба да се фокусираме на компромиси и да спасиме она што можеме повеќе“, изјави Штерн. Во првите две недели од „NBA“ сезоната би требало да се одиграат 100 натпревари. Последен пат почетокот на „NBA“ сезона доцнеше поради „локаутот“ во сезоната 98/99, во која играчите  одиграа само 50 од предвидените 82  натпревари. {loadposition content9}

Continue reading

Претплатничкиот сервис на YouTube можно е да стартува оваа седмица

Post Views: 0 Веќе некое време од Google се очекува да го објави официјалното лансирање на претплатничкиот видео сервис за YouTube, a судејќи спрема најновите информации ова ќе се случи оваа седмица. Премиум претплатничкиот модел кој ќе го нуди YouTube вклучува преглед на видео содржини ослободени од реклами, како и можност за превземање на видеа за offline преглед. Кога е самата цена во прашање, се очекува месечниот износ за претплата на овој YouTube сервис да изнесува околу 10 долари. Се очекува дека вака популарната цена ќе наведе голем број на луѓе за плаќање на претплата за да...

Continue reading

festival

Наскоро стартува Фестивалот на вино и сирење во Охрид

Post Views: 3 Оваа манифестација, како што информираат од општината, дава голем придонес за збогатувањето на туристичката понуда на градот во овој период од годината, а и овозможува остварување на директни контакти со претставниците од бизнис секторот. Фестивалот се организира во соработка со прекуграничниот регион Преспа, а е дел од програмата на АБДА. Ќе се одржи на плоштадот Чинар, а дегустацијата и презентацијата на вино и сирење ќе биде збогатена со музичка програма.  

Continue reading

Утре стартува пописот на населението во Македонија

Post Views: 3 Утре стартува националниот попис на населението во Република Македонија. Пет илјади попишувачи, 500 реонски супервизори, 50 пописни комисии за секој од пописните реони, ја започнуваат оваа статистичка операција. Недостатокот на попишувачи во некои реони, меѓу кои беше и Охрид, согласно владината одлука, ќе биде пополнет со привремено вработени од државната администрација. Нивниот број, како и сите останати детали и информации, ќе го соопшти денеска на прес конференција директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски. Прашалниците како акти од Заводот за...

Continue reading

Стартува скрининг програма за рано откривање на рак на дебело црево

Post Views: 7 Од денес стартува скрининг програма за рано откривање на карцином на дебело црево. Тестирањата ќе се спроведуваат во Центарот за јавно здравје, а упатите ќе ги издаваат матичните лекари, информира Сашо Точков директор на Центарот за јавно здравје. Тестовите со мостри кои го откриваат заболувањето ќе се предаваат во Центарот за јавно здравје секој работен ден од 8 до 13 часот, а резултатите ќе бидат готови за половина час. „Тестовите, тубите, епруветите каде што треба да се стават материјалите од три последователни столици се кај матичните лекари во амбулантите. За пациентите...

Continue reading

kandidati

Почнува кампањата за претседателските избори

Post Views: 0 Денеска започнува дваесетдневната кампања за претседателските избори закажани за 13 март. Четворицата кандидати за претседателската функција ќе ја бараат довербата на граѓаните. Во првиот круг силите ќе ги одмерат Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, Ѓорѓе Иванов кој ја има поддршката на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Илијаз Халими зад кој застана ДПА и Зоран Поповски номиниран од партијата „Гром”. Пендаровски кампањата ја почнува од Скопје, Иванов тргнува од Охрид, Халими ќе се претстави на промотивниот митинг во Чаир, а Поповски стартува од Лептокарија во општина Карпош. Претседателската...

Continue reading

leonardo

Леонардо ќе стартува со Пандев

Post Views: 7 Леонардо како тренер на Интер вечерва ќе го го има своето деби на Џузепе Меаца против Наполи во рамките на Серија А… Бразилецот во своето деби ќе стартува со нашиот Горан Пандев исто како што направија и Жозе Мурињо и Рафаел Бенитез. Леонардо ќе мора со сите свои сили да настапи од секој аспект како лидер со цел да ја поправи ситуацијата која владее во Интер, тој мора да го врати тимот во вистинскиот ритам на игра како што доликува на еден Европски шампион. На прес конференцијата пред натпреварот новиот тренер на Интер изјави дека најважно од се е сите да бидат...

Continue reading

reli

Релито Дакар ќе стартува од Буенос Аирес

Post Views: 2 Од организацискиот одбор на Рели Дакар е потврдено она и што се најавуваше. Легендарната рели-трка по втор пат во својата историја ќе стартува од Аргентина. Поради тероризмот во Мавританија и опасностите за сите натпреварувачи по прв пат во 31-годишната историја минатата година најпозтатото рели се возеше надвот од афричкиот континент. Рутата беше преместена на Јужно Американското тло, односно во Аргентина и Чиле, а освен тоа уште една за прв пат на релито лани се случи и уште една работа – Прв пат во историјата победата ја освои Фолцваген и тоа благодарение на...

Continue reading

СТАРТУВА ЛЕТНИОТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО ОХРИД

Post Views: 0 Оваа година за прв пат е воведен посебен сообраќаен режим на улицата „Кирил и Методиј“. По оваа улица ќе се одвива еднонасочен сообраќај во правец од пресекот со улица „Гоце Делчев“ кон „Горна Порта“ и од „Горна Порта“ кон улица „Крум Точко“. Едната страна од улицата ќе може да се користи за паркирање на моторни возила согласно предлог мерките и издадената согласност од Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид. Се упатува апел до граѓаните и туристите во целост да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, со цел да се овозможи поголема безбедност во...

Continue reading

ucenici

Пролонгиран почетокот на наставата

Post Views: 8 Министерството за образование и наука издаде препорака до општините, наместо во петок, почетокот на наставата да стартува од понеделник. Поради ниските температури, голем број општини и училишта побараа пролонгирање на наставата. МОН со цел да им излезе во пресрет ја донесе оваа препорака, учениците да започнат со настава од понеделник. Како што истакна министерот Панче Кралев, овие три дена ќе се надокнадат во месец април, кога температурите ќе бидат повисоки. {loadposition content9}

Continue reading

atletika

Утре стартува традиционалниот Охридски атлетски маратон

Post Views: 7 Се е подготвено за одржување на утрешниот охридски Атлетски маратон. Охрид по 29 -ти пат ќе биде домаќин на маратонци кои ќе ја трчаат  патеката  од Св. Наум до Охрид. Пеце Неданов претседател на организациониот одбор информира дека се пријавени околу  80 -тина марaтонци од повеќе Балкански земји, Холандија и двајца атлетичари од Кенија. Локалната  самоуправа, Агенцијата за млади и спорт  и охридските спонзори обезбедиле награден фонд за најдобрите уечници во машка и женска категорија, но за жал нема  одзив од поголемите фирми напоменува Неданов.    „ Досега не се појавил...

Continue reading

logo

Утре стартува најголемиот спортски настан во Охрид и Струга

Post Views: 5 Од утре 13 до 23 август Месецот на кошарката во Охрид продолжува со најголемиот спортски настан за оваа година во Охрид, Европското првенство дивизија Б за кошаркарки до 16 години. На првенството ќе учествуваат 20 селекции кои ќе бидат поделени во четири групи од кои две групи А и Б ќе се играат во Спортската Арена Билјанини Извори додека групите Ц и Д ќе се играат во Струга во Спортската сала Тими. Во првата фаза, која трае во период од 13-ти до 17-ти Август, репрезентациите ќе ја одиграат првата рунда на шампионатот, натпреварите по групи. Во оваа фаза ќе се играат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top