Леонардо ќе стартува со Пандев

Леонардо како тренер на Интер вечерва ќе го го има своето деби на Џузепе Меаца против Наполи во рамките на Серија А…

 |  Маја Савиќ  | 
leonardo
Леонардо

Леонардо како тренер на Интер вечерва ќе го го има своето деби на Џузепе Меаца против Наполи во рамките на Серија А…

Бразилецот во своето деби ќе стартува со нашиот Горан Пандев исто како што направија и Жозе Мурињо и Рафаел Бенитез.

Леонардо ќе мора со сите свои сили да настапи од секој аспект како лидер со цел да ја поправи ситуацијата која владее во Интер, тој мора да го врати тимот во вистинскиот ритам на игра како што доликува на еден Европски шампион.

На прес конференцијата пред натпреварот новиот тренер на Интер изјави дека најважно од се е сите да бидат свесни за силата која ја поседуваат индивидуално, а и на ниво на тим.

“На Милан можам само да им се заблагодарам за се што направија за мене, но во ниеден случај не мислам дека сум предавник” – изјави Леонардо.

“Интер покажува воља и ентузијазам деновиве, мораме да имаме повеќе самодоверба врз база на нашата сила која мораме максимално да ја искориситиме, овој тим е нешто посебно, тренерите се менуваат, но срцето на тимот е истото“ – истакна Леонардо.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top