Ознака: стартува

Санкт Петербург – Скопје

Денеска стартува летот Санкт Петербург – Скопје

Post Views: 15 Со летот што треба да пристигне денеска во 13:35 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, руската авиокомпанија „Нордвинд Ерлајнс” ја стартува новата авиолинија Санкт Петербург – Скопје. Како што соопшти компанијата, летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник. По повод воспоставувањето на новата линија, на аеродромската платформа ќе обратат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак и претставникот на Нордвинд, Ибрахим Јилдиз. На 4-ти јуни годинава „Нордвинд Ерлајнс” почна со директни летови Москва...

Continue reading

Летот Санкт Петербург-Скопје стартува од 21-ви септември

Post Views: 0 Руската авиокомпанија Нордвинд Ерлајнс од 21 септември стартува нова авиолинија Санкт Петербург – Скопје. Компанијата соопшти дека летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник. Од 29 септември, Нордвинд Ерлајнс планира да ја зголеми и фреквенцијата на летови од Москва до Скопје. Директни летови Москва – Скопје ќе има трипати неделно – секој понеделник, среда и петок.     Извор – МИА

Continue reading

Од септември стартува со работа Општинското основно музичко училиште во Струга

Post Views: 1 Министерството за образование,  после две години од  поднесеното барање од страна на  општина Струга, во март годинава   даде дозвола  за отпочнување на образовниот процес во Основно општинско музичко училиште. Ова училиште планирано е да обезбеди основно музичко образование со тоа што ќе им овозможи на  надарените учениците да учат ,  да се усовршуваат  и да свират на музички инструменти.  Основното музичко училиште ќе биде во склоп истиот објјект, каде работи  и  средното музичко училиште во Струга. „ Задоволни сме и горди со тоа што успеавме во оваа намера и веќе...

Continue reading

Од утре стартува директна авиолинија Скопје-Москва

Post Views: 6 Отворањето на новата авиолинија официјално ќе го одбележат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, амбасадорот на Руската федерација, Сергеј Баздникин и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак кои по пристигнувањето на првиот лет од Москва на Меѓународниот аеродром Скопје ќе дадат изјави за медиумите. Воспоставувањето на директната линија Скопје – Москва првично беше најавено за 21 мај 2021, но „Нордвинд“ го одложи поради, како што соопшти, епидемиолошката состојба. Новата линија ја поздрави и директорот на ТАВ Македонија, Батак. -Во ТАВ Македонија...

Continue reading

Од октомври стартува евтината тарифа на струјата

Post Views: 1 Од октомври во домовите кај граѓаните на Македонија, се враќа евтината тарифа на струјата. Денската евтина тарифа, секој работен ден, вклучително и сабота, ќе трае од 14 до 16 часот, а во недела преку цел ден. Исто така, секој работен ден од 22 до7 часот наутро.Премиерот Заев денеска изјави дека со тоа што ја вратиле евтината тарифа на струјата, практично им помогнале да заштедат на најсиромашните категории граѓани „Оваа мерка чини 8 милиони евра, пари што им ги враќаме назад на сите граѓани. Мерката најмногу ќе им користи на сиромашните граѓани, што значи дека тие најмногу...

Continue reading

Уефа потврди: Од 2018 година стартува Лига на нациите

Post Views: 4 Европската фудбалска федерација (Уефа) потврдила во четврткот на заседанието на Извршниот одбор во Нион дека од 2018 година ќе стартува Лигата на нации која ќе ги замени многуте пријателски натпревари. Вкупно 54 репрезентации ќе бидат поделени во четири дивизии рангирани по јачина (А,Б,Ц и Д) на основ постигнат успех, а секоја дивизија ќе биде поделена во четири групи со по три или четири репрезентации. Во најсилната дивизија ќе бидат 12 репрезентации поделени во четири групи, а победниците на тие групи ќе изборат пласман на завршниот турнир на Лигата на нации во 2019...

Continue reading

Стартува судењето за „Рекет“

Post Views: 2 Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева со полициска придружба, од домашен притвор, беше донесена во Кривичниот суд, каде што треба да стартува судењето за „Рекет“. Според обвинението, Зоран Милески – Кичеец и Боки 13 од бизнисменот Орце Камчев побарале 8 милиони евра за со амин на Јанева да го спасат од кривичен прогон за случајот „Империја“. Тој наводно им исплатил 1,5 милион евра, а обвинителството успеало да докаже каде завршил еден дел од парите. Јанева е обвинета за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, за што ѝ се заканува...

Continue reading

Стартува сезонската авиолинија Истанбул-Охрид

Post Views: 6 Директни летови од Истанбул до охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ќе воведе турската авиокомпанија „Онур ер“ од 15.-ти следниот месец, во соработка со тур-операторот Татилбудур, најавија претставници на компаниите денеска на прес-конференција во Истанбул. Летовите до Охрид, кој на турската јавност и е познат како светски туристички центар под заштита на УНЕСКО, ќе се одвиваат секоја недела, поаѓајќи од аеродормот Ататурк во Истанбул во 13:40 часот, и враќајќи се од Охрид за Истанбул во 15:00 часот. Летовите на Онур ер до Охрид, ќе бидат со авиони од типот Ербас...

Continue reading

Усвоен ребалансот на Буџетот, може да стартува 4 сет економски мерки

Post Views: 0 Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2020 година. Пренасочени се финансиски средства во справувањето со здравствената криза и за помош на домашната економија, информираше Душко Арсовски, портпаролот на Владата на Република Македонија. „Пренасочени се средства за да се обезбедат на време вакцини, лекови и за зајакнување на здравствените капацитети. 470 милиони евра се издвоени за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки за економско заздравување и одржливост на домашната економија и за зачувување на работните места“. Со четвртиот сет мерки на владата ќе обезбедат...

Continue reading

Стартува новата учебна година

Post Views: 0 Од утре во новата учебна година 2017/2018 во училишните клупи ќе седнат 20.437 првачиња, а средното образование ќе го почнат 17.131 ученик. Според податоците секоја година се намалува бројот на учениците во основните училишта. Државниот завод за статистика излезе со податок дека на крајот на учебната 2015/2016 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 185.119 што претставува намалување за 1,7 процент во однос на претходната учебна година. Долгорочната тенденција е застрашувачка: за 10 години бројот на ученици во основните училишта низ Македонија...

Continue reading

Од 1-ви јули стартува забрана за увоз на возила со ЕУРО-3 стандард

Post Views: 8 Рокот за увезување на половни возила што се постари од 2005 истекува на 1-ви јули.30-ти јуни е последниот ден кога мора да биде платена царината и да бидат завршени увозните процедури, а рокот за хомологација засега е неограничен. Од тогаш ќе можат да се увезуваат само автомобили со стандард Еуро 4 или повисок. Според Царинската управа, податоците велат дека во првите два месеци од 2016 во Македонија се увезени 4.209 половни возила. Тоа е двојно повеќе од истиот период лани, кога во Македонија биле внесени 2.514 возила. Рекордна година за увозот на половни возила е 2010,...

Continue reading

СТАРТУВА САНАЦИЈАТА КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРO

Post Views: 0 Со пригодна свеченост во Охрид беше означен почетокот на работните активности за санација на Колекторскиот систем на Охридското Езеро. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во своето обраќање пред присутните истакна дека овој значаен проект започнува како резултат на конкретни подготовки, барање на најдобри решенија и финансиски срeдства за реализација. – Овој сериозен зафат го преземаме затоа што несеопфатната реализација и негрижа за одржувањето на системот за прочистување на отпадни води создадоа сериозни еколошки штети и закани за Охридското...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top