Ознака: старите

postojki

Граѓаните и понатаму ќе чекаат градски превоз под ведро небо

Post Views: 3 Граѓаните и понатаму ќе чекаат градски превоз под ведро небо. Иако охриѓани со нескриено задоволство дочекаа да профункционира градскиот линиски превоз сеуште мака мачат со тоа што немаат каде да се засолнат кога врне, дува или пече сонце. Неофицијално дознаваме дека и четвртиот тендер кој го распиша Локалната за изнаоѓање најдобар понудувач за замена на старите автобуски постојки, пропадна. Не се пријавил ниту еден заинтересиран. Поставувањето на нови постојки општината оваа година не успеа да го реализира, па овој проект ќе го префрли во програмата за 2015та година. ...

Continue reading

tabla

Нови информативни табли низ Охрид

Post Views: 18 ЈП “Нискоградба“, по налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици а согласно одлуките на Советот на општина Охрид, започна со замена на старите информативни табли низ институциите кои се под надлежност на општина Охрид. Веќе е заменета информативната табла кај средното економско училиште “Кирил и Методиј“.Покрај новото име на оваа информативна табла е и новиот грб на општина Охрид. Од Секторот за комунален развој,сообраќај и улици потенцираат дека нови информативни табли со новиот грб на општината ќе бидат поставени низ сите општински институции. Во текот...

Continue reading

azbest

Проверете дали живеете со тивкиот влакнест убиец

Post Views: 2 Азбестот е реликт од едно друго време, кога Македонија беше во градежна експанзија и поради комерцијалните својства се сметаше за градежен материјал број еден. Статистиката вели дека во Македонија бројот на заболени од рак на белите дробови константно расте. Азбестните влакна се сметаат како еден од причинителите за ова болест. Од април 2009 година во примена е Правилник за заштита при ракување со азбест, вели Соња Липиткова, заменик министер за заштита на животна средина : „Се одлучивме за депонијата Дризла. Таму имаме посебна локација, опремена со посебни комори,...

Continue reading

popust

Новогодишни попусти-што е тоа?!

Post Views: 0 Во пресрет на новогодишните празници повеќето трговци ги спуштија цените и за 50 проценти, но само за да ги расчистат резервите на старите колекции облека. Вистински попусти, какви што има по светските метрополи, каде што по половина цена може да се купи облека од познати марки произведена пред неколку месеци, за нашите продавници е непозната категорија. Многумина, пак, токму во Нова година гледаат можност нешто да заработат, така што воопшто не размислуваат да ги намалат цените пред празниците. Секој дуќан воведува различни попусти на облеката што ја продава од 10 проценти,...

Continue reading

Наскоро Windows 9 бесплатен за одредени корисници

Post Views: 1 Иако официјално не е потврдено, Microsoft наскоро ќе го објави Windows 9 кој, спрема гласините, ќе биде бесплатен за корисниците на Windows 8 и XP верзијата. Оваа вест ја потврдил претседателот на Microsoft во Индонезија Andresa Diantoro. Корисниците така ќе имаат едноставен начин за надоградба на постоечкaта верзија на Windows, и секако со зголемен број на ажурирања, со што Microsoft успешно ќе го следи моделот на Apple за надоградување на оперативниот систем. Моментално не е познато дали корисниците на старите верзии на Windows ќе имаат бесплатна надоградба, но очигледно...

Continue reading

kamen

„ Каменот и железото “ најновата изложба на Трајко Дурчовски

Post Views: 5 „Каменот и железото“ е  насловот на најновата изложба на Трајко Дурчовски. Академскиот сликар Славко Упевче ќе ја претстави најновата поставка на скулптури  на Дурчовски утревечер во Центарот за култура.  Ова е 10-та  изложба на авторот кој пред охридските љубители на уметноста е препознатлив по скулптурите изработени од железо.„ Со железото се претставив неколку пати , а со каменот за прв пат. Каменот е украс за на ѕид , се буши со бургија и се украсува со бакар и со калај“, појаснува Дурчовски. Трајко Дурчовски овој пат ќе се претстави со  30 -тина скулптури. Секоја...

Continue reading

пештани

Депоата на Плаошник кријат богата археолошка поставка

Post Views: 1 Нема да се чека изградбата на Музејот на Плаошник за да можат да се видат експонатите. Оние кои се конзервирани можат да се видат и сега, најави Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска. Во Музејот на Плаошник треба да бидат изложени музејските предмети откриени при повеќегодишните археолошки истражувања на Плаошник, ќе бидат изложени највредните икони од Галеријата на икони, епиграфските споменици, старите ракописи, а ќе има и сала каде ќе бидат организирани повремени изложби.  Моментално археолошки истражувања се прават на местото каде што треба да никне...

Continue reading

crven krst

Црвениот крст од Охрид на мускули ќе го турка проектот „Родителите се наша грижа“

Post Views: 1 Црвениот крст од Охрид ќе мора на мускули да го реализира проектот „Родителите се наша грижа“. Основна цел на овој проект е грижа за повозрасните и осамени лица кои немаат кој да се грижи за нив. Наместо специјално ангажирани за тоа лица, како што првично имале замислено од Црвениот крст, велат дека проектот ќе го спроведуваат нивните волонтери и лекари кои ги имаат во рамките на нивната организација. За реализацијата на проектот тие аплицирале и им биле одобрени средства од локалната самоуправа, но велат дека тие средства ни од далеку не се доволни за спроведување на...

Continue reading

grobista

Пресврт во ЈП „Градски Гробишта“

Post Views: 0 ЈП „Градски Гробишта“ вратило 60% од старите наследени долгови, се пофали првиот човек на ова ЈП, Зоран Симоноски на денешниот брифинг со новинарите. Имено долгот изнесувал 10 милиони денари и за период од нецела година вратени биле 6 милиони денари. Според него тоа се должи на низата мерки кои ги презело новото раководство на претпријатието, како што се, работните ангажмани кои на претпријатието му ги обезбедиле Локалната Самоуправа и Фондот за комунален развој,  отпочнување на производство на сопствени бетонски производи, отворањето на новиот наплатно информативен...

Continue reading

elshani rezervoar

Елшани добива нов резевоар за квалитетно водоснабдување

Post Views: 0 Елшани добива реконструкција на водоводниот систем. Месното население децении наназад мака мачи со водоснабдувањето особено во текот на летните месеци кога недоволниот притисок без вода за пиење оставаше повеќе од 700 жители. Како дел од реконструкцијата на водоводот, елшанци ќе добијат нов резервоар со поголем капацитет, нови полиетиленски цевки кои ќе ги заменат старите азбестни во должина од 2200 метри, како и водоводна пумпа. „Претходно е констатирано дека е потребно да се изгради еден резервоар, поголем резервоар за вода, со вкупен капацитет од 100 метри кубни,...

Continue reading

domasna vizita

Домашна визита за сите стари лица

Post Views: 0 „Домашна визита“ е проект на превентивни здравствени прегледи. Старите и изнемоштени лица во охридскиот регион кои што не се во можност да вршат редовни контроли и прегледи, од месец ноември минатата година во нивните домови ги посетува поливалентната служба. Имено, патронажните сестри во нивните домови, како што рече првиот човек на ЈЗУ Здравствен дом, д-р Митко Дабески, вршат прегледи како мерење крвен притисок, шеќер во крвта, хемоглобин, холестерол, а во определени случаи и ЕKГ прегледи. „Имаме еден акционен план, една динамика на посета од тие 13 патронажни сестри,...

Continue reading

Љубица Д.

Старите лица од Варош “заробени“ во своите домови

Post Views: 4 Љубица Дојчиноска од Варош бара помош институциите повеќе да се грижат за старите лица. Годините натежнале врз грбот на 81 годишната старица која живее сама и секојдневно се судира со низа потешкотии кои ги носи третото доба. Таа живее сама и нема блиски роднини кои би се грижеле за неа, едниот син и починал пред неклку години, а другиот живее во Белград и во момeнтов е без работа.  Со работен стаж од 35 години и пензија од 11.000 денари не може да плаќа за помош од друго лице. Дојчиноска е болна и не е во состојба да готви,  не може да пазарува, да фрли ѓубре, да ги...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top