Старите лица од Варош “заробени“ во своите домови

Старите лица од Варош “заробени“ во своите домови.

 |  Валентина Неловска  | 
Љубица Д.
Љубица Д.

Љубица Дојчиноска од Варош бара помош институциите повеќе да се грижат за старите лица. Годините натежнале врз грбот на 81 годишната старица која живее сама и секојдневно се судира со низа потешкотии кои ги носи третото доба. Таа живее сама и нема блиски роднини кои би се грижеле за неа, едниот син и починал пред неклку години, а другиот живее во Белград и во момeнтов е без работа.  Со работен стаж од 35 години и пензија од 11.000 денари не може да плаќа за помош од друго лице. Дојчиноска е болнаЉубица Д. и не е во состојба да готви,  не може да пазарува, да фрли ѓубре, да ги плаќа  сметките за комуналии.

Бара помош од институциите да функционираат герантолошки екипи и да се изгради старски дом кои ќе им го олеснат  тешкиот живот. Апелира до Локалната самоуправа повеќе да се грижи за старите лица.

„Помош да ни се најди нешто. Со две штаки не можам ни јадење да направам што  ќе правам. Треба да направиш  да седниш да јадеш , тие никој за нас не се интересира само избори кога ќе дојдат бараат да гласаме.“
 
Тетка Љубица е дружељубива и комуникативна жена која сака да биде опкружена со луѓе.  Вели во Варош има многу стари лица кои како неа живеат  сами и се со нарушено здравје. Заради конфигурацијата на теренот не можат да ги искачат стрмните нагорнини, да пазаруваат, а со скромните пензии луксуз им е такси превозот за да одат на лекар. За себе вели дека со месеци  не излегла од домот.
Љубица Д.
„ Ние не можиме ни да прошетаме ни  да излеземе, не сум излезена. Со такси ако ми помогне некој да се искачам, две операции направив, бев да ми ги извадат шипките и завчера да ми ги сменат лековите.“

Дојчиноска раскажува дека за помош се обратила и до општинскиот Црвен крст.  Волонтерите ги сослушале нивните маки  и потреби , па сега очекуваат нивна поддршка. Твм стапи во контакт со ОО Црвен крст и со Локалната самоуправа. Од Црвен крст информираа дека   ги аналзираат потребите на старите лица меѓу кои и од стариот дел на градот. Се надеваат на финансиска поддршка од хумани граѓани и корпоративниот сектор за да се вклучат во обезбедување на финансиски средства со кои ќе се обезбеди патронажна медицинска грижа за старите лица.
Од Локалната самоуправа пак, за овој проблем денес не се произнесоаа заради службено отсуство на градоначалникот Никола Бакрачески. 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top